- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.604
- Поени од реакции
- 8.658
Се надевам ова добронамерно е, хм?
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:05 ---
И Застава 101 е кола, и Ауди ТТ.
Пообразованите, поспособните треба да добиваат повеќе - во поглед на луксуз.
Нема потреба да работиме во мизерни услови. Само треба да се ,,стегнат,, законите и истите да се почитуваат. На пример, треба да научиме дека државата е авторитет, и наместо да крадеме тастатури, да сфатиме дека истите од нашиот данок се купени и служат за добро на сите.
Хирургот нема да ги надокнади часовите поминати во учење и стрес при операции, размислување и носење новитети со општествено признание. Додека другите гледале турски серии, тој трескал глава од ѕид како најдобро да ја изведе операцијата, или како да смисли подобар метод. Тој труд треба да биде награден. И тоа специјално награден.
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:05 ---
И кавијарот е храна, и прженото јајце.Супер ми објасни, ај сега кажи од каде тоа дека мора така да биде?
Еве ја на хирургов прво кокоси би му дала за да му се задоволат сите предходни стадиуми од пирамидата на Маслов, и би му кажала ако сакаш самоактуелизација, а сите се стремиме кон самоактуелизација нели, човекот се стреми кон развој, оди биди хирург. Луѓето ќе те сакаат, автоматски имаш углед, почитување, ама сите имаме кокоси. Углед не мора да се поврзе со пари, награда не мора да се поврзе со пари. Наградата за дете е чоколадо, тоа е храна!
Ај сега пак кажи ми, зошто мора така да биде?
А детето природно го гледа возрасниот како авторитет, тоа му е инстинкт. Проблемот е кога наставникот наместо критичко мислење и сомневање во авторитети, му пропагира безусловна послушност. Кога класната ве подржала во бунт против администрацијата во школо? И тоа за нешто што е очигледно. Или родителите? Тоа е научено однесување, затоа сега седиме во амфитеатри кои прокиснуваат а утре ќе работиме во мизерни услови.