Анархија

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
Се надевам ова добронамерно е, хм? :) ;)
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:05 ---
Супер ми објасни, ај сега кажи од каде тоа дека мора така да биде?
Еве ја на хирургов прво кокоси би му дала за да му се задоволат сите предходни стадиуми од пирамидата на Маслов, и би му кажала ако сакаш самоактуелизација, а сите се стремиме кон самоактуелизација нели, човекот се стреми кон развој, оди биди хирург. Луѓето ќе те сакаат, автоматски имаш углед, почитување, ама сите имаме кокоси. Углед не мора да се поврзе со пари, награда не мора да се поврзе со пари. Наградата за дете е чоколадо, тоа е храна!
Ај сега пак кажи ми, зошто мора така да биде?

А детето природно го гледа возрасниот како авторитет, тоа му е инстинкт. Проблемот е кога наставникот наместо критичко мислење и сомневање во авторитети, му пропагира безусловна послушност. Кога класната ве подржала во бунт против администрацијата во школо? И тоа за нешто што е очигледно. Или родителите? Тоа е научено однесување, затоа сега седиме во амфитеатри кои прокиснуваат а утре ќе работиме во мизерни услови.
И кавијарот е храна, и прженото јајце.
И Застава 101 е кола, и Ауди ТТ.

Пообразованите, поспособните треба да добиваат повеќе - во поглед на луксуз.

Нема потреба да работиме во мизерни услови. Само треба да се ,,стегнат,, законите и истите да се почитуваат. На пример, треба да научиме дека државата е авторитет, и наместо да крадеме тастатури, да сфатиме дека истите од нашиот данок се купени и служат за добро на сите.

Хирургот нема да ги надокнади часовите поминати во учење и стрес при операции, размислување и носење новитети со општествено признание. Додека другите гледале турски серии, тој трескал глава од ѕид како најдобро да ја изведе операцијата, или како да смисли подобар метод. Тој труд треба да биде награден. И тоа специјално награден.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
Нема да го викнеш Новицки кај тебе, оти знаеш дека е поквалитетн од тебе.

У болдот ја промашуеш поентата.
Да не случајно знаеш за што си генетски предодреден па однапред да си го планираш животот?

Јок. Еднаставно имаш иста желба и иста шанса како и сите, и еднаков пристап до се што може да ти помогне во твојата желба и цел. Ако не успееш, сосема во ред.
Тоа е само налик на денешниот спортски пораз при практикување рекретивен спорт.

Во тој случај никој нема да сака да ги работи тешките физички работи.
А без шофери во автобуси, без чистачки и комунална хигиена, без работници во фабриките не би можеле да живееме. Таман работа сите да можат да најдат работа што ги исполнува.
И да, реков, способноста е многу важна. Еве јас имав шанса што сакам да студирам, никој ништо не ми наметнуваше. Во случај да сакав утре хирург да станам, или пилот, немаше да може. Затоа што имам оштетен вид. А можеби ќе сакав да станам судија. Ништо од тоа, нели, немам способност да научам закони и закони и закони на памет.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Пума не пратиш изгледа. Се споменуваше технологија, роботика, вештачка интилигенција. Какви црни чистачки сега.:P
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:14 ---
А што ако тој систем - анархија е полош од капитализмот? Зошто не си го поставуваш тоа прашање? Не е само анархијата алтернатива на капитализмот.

И не само алтернативците на капитализмот ги препознаваат неговите недостатоци, туку тоа го прават и капиталистите, на тој начин подобрувајќи го својот систем. :)

Види со самото тоа што е спротивставување на нешто што е лошо, би требало да донесе добро, нели?

ТОгаш нека се усовршува анрхијата, комунизмот, социјализмот итн... Зошто капитализмот да се усовршува и подобрува, а не останатите системи на пример?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
У принцип тука сме некаде во дефинирање на контури на еден иден систем во кој би требало да има хедонизам за хомосапиенсот.

Се слагам дека мора некој да донесува одлуки, но тој некој треба да биде преќутно избран од сите и д аима авторитет и верба во него.

Нешто слично како во бракот, на крај крупните одлуки ги носи едниот или другиот во зависност која област е зафатена, а другиот автоматски има потполна верба во неговата одлука дека ќе биде добра за заедницата.

Токму болдот е суштината на еднаквоста.
--- надополнето: 26 април 2012 во 14:48 ---

Види јас никаде не напоменав дека Анархијата е идеалниот систем. Секаде споменувам дека Анархистите се пионерите кои се залагаат за она што го дискутираме.

Јес да темава е анархија, ама отидовме и подалеку малку.

Вредноста на Анархијата е што знаат да ги препознаат недостатоците на сегашниов систем, и покажуваат знаци на отпор, какви такви. Заслужуваат барем почит.
И јас ги забележувам недостатоците на овој систем, и посакувам децата во Африка да не бидат гладни, сакам и децата во Азија да не работат. Ама ако едните не бидат гладни, а другите не работат, ние нема да имаме можност да седиме на Кајгана сега.
Башка, никогаш нема да можеш ниту 100 000 а не билиони луѓе да очекуваш исто да мислат или да сметаат дека некој заслужува да биде лидер. Секој има различни очекувања, и различни работи ги смета за задоволство.

Различноста на луѓето е таа што прави да не е возможна анархијата. Кажав - јас сакам да престане да се јаде месо, носи крзно или кожа. Друг пак, сака да јаде скара. Итн.

Анархистите се луѓе кои се согласуваат со нешто - и мислат дека е добро тоа нешто.
Исти се капиталистите, социјалистите... ништо поразлични.
Секој систем има недостатоци и предности, а анархизмот како таков, барем онаков каков што го објаснуваат неговите поддржувачи тука, е даааалеку од идеален систем.
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:21 ---
Пума не пратиш изгледа. Се споменуваше технологија, роботика, вештачка интилигенција. Какви црни чистачки сега.:P
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:14 ---

Види со самото тоа што е спротивставување на нешто што е лошо, би требало да донесе добро, нели?

ТОгаш нека се усовршува анрхијата, комунизмот, социјализмот итн... Зошто капитализмот да се усовршува и подобрува, а не останатите системи на пример?
Па јас мислам дека бев јасна. За мене е најдобра комбинација меѓу капитализам и социјализам.
Фирмите кои би произведувале работи кои не се неопходни за живот, би требало да останат во приватна сопственост, за разлика од прехрамбена индустрија, енергетика, тие би требало да бидат државни, односно ,,народни,,.

Понатаму, државата треба да создаде добри услови за работа - секому. Колку сакаш развивај технологија, секогаш ќе има потешки физички и полесни физички работни места. Роботот ќе се расипе, треба некој да се пикне внатре, да се запрља и да го поправи. Е треба, да има минимална плата која нема да биде ,,едвај,, за да се преживее, туку доволна за да живее пристојно едно семејство (значи со една плата да може да живее пристојно), да си дозволи пристоен одмор (не Ница, туку Дојран), да си дозволи пристоен автомобил итн.

Но не сакам, пример, утре да имам фабрика, да вработувам многу луѓе, чесно да работам и чесно да ги плаќам, и на некој да му текне да ми ја присвои фабриката и таа да стане ,,заедничка,,.
Тоа е крајно нефер.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
А што ако тој систем - анархија е полош од капитализмот? Зошто не си го поставуваш тоа прашање? Не е само анархијата алтернатива на капитализмот.

И не само алтернативците на капитализмот ги препознаваат неговите недостатоци, туку тоа го прават и капиталистите, на тој начин подобрувајќи го својот систем. :)
Недостатоците на Капитализмот ги препознаваат и самите Капиталисти, како и приврзаниците на ваквиот систем, еве јас на пр. сметам дека Капитализмот е далеку подобар систем во споредба со сите претходни системи во човековата Историја, но сепак сум свесен дека не е најидеален и најдобар систем, но всушност и непостои и никогаш неможе да постои 100% идеален систем !
Во секој систем има задоволни и незадоволни граѓани ...... тоа е тоа, сегашниов систем е генерално добар, не треба целосно да те отфрла, само треба да се промени(делумно), треба малку повеќе да се обрне внимание на демократизацијата на одредени закони и законски акти, како и правилна имплементација на законите, демократските процеси треба да продолжат, гарантирање на основните човекови права, малку треба да се подобри социјалната политика, во смисол на евтино образование(државно) достапно за секого, евтино здравство(државно) достапно за секого, олабавување на даночната и казнената политика и.т.н. е сега кој има повеќе пари ако сака нека се лечи во приватни болници, но сепак треба и мора да има и државни болници, каде што услугите треба да бидат поевтини и достапни за секого, исто така кој има повеќе пари ако сака нека оди да учи во приватни училишта/универзитети, но сепак треба и мора да постои и државно школство каде што услугите ќе бидат поевтини и достапни за секого, одредени најзагрозени категории нормално дека треба да имаат некакви бенефиции, на пр. бесплатно школство за децата од социјални семејства, доста поевтини прегледи и лекувања за лицата кои се невработени, самохрани родители, лица со минимални примања, стечајци, лица со одредени пречки/недостатоци во развојот(било физички, било психички) и.т.н. и.т.н. накратко кажано Капитализмот треба да претрпи некакви делумни промени, но целосно да се отфрли како систем не, има и позитивни работи во Капитализмот, е сега секаде во секоја држава не функционира исто Капитализмот, ова кај нас е ран Капитализам и затоа делува толку страшно(не за сите), но со тек на време за некоја деценија работите мора да тргнат и ќе тргнат на подобро, работите ќе тргнат на подобро само со масовна еманципација на населението, отфрлање на заостанатиот народњачки менталитет(Балканска НЕкултура), квалитетно образование, стручност, труд/работа, слобода, демократија и нормални закони !
 
A

AnFem

Гостин
А што ако тој систем - анархија е полош од капитализмот?
А што ако не е?

Се изначитав глупости и лаги. Ај партиските газолижачи и децата на снобовите ќе ги разберам некако. Од интерес им е да какаат по темава. Ама не можам да разберам што сите глумат експерти и го негираат фактот дека нештото постои и функционира. Грам почит да се немало кон луѓето кои изгинале во име на слободата!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
А што ако не е?

Се изначитав глупости и лаги. Ај партиските газолижачи и децата на снобовите ќе ги разберам некако. Од интерес им е да какаат по темава. Ама не можам да разберам што сите глумат експерти и го негираат фактот дека нештото постои и функционира. Грам почит да се немало кон луѓето кои изгинале во име на слободата!
Јас се чувствувам слободна. Но моето е мое, и никој не смее да го пипне, освен ако јас не сакам така.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
Од каде сега дека некој би ти го пипкал твоето?
Она што јас ќе го сработам/најдам/стекнам треба да го делам со сите, односно, со на тие ,,што им е потребно,,.
Јасно ти е на што мислам. Што е мое - мое е.
 
A

AnFem

Гостин
Она што јас ќе го сработам/најдам/стекнам треба да го делам со сите, односно, со на тие ,,што им е потребно,,.
Јасно ти е на што мислам. Што е мое - мое е.
Мислев дека не си сериозна. Муабетов ми е крајно детски и имбецилен.
Она што ќе го сработиш/стекнеш не мораш да го делиш со никој, освен ако не сакаш самата да го направиш тоа.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Јас се чувствувам слободна. Но моето е мое, и никој не смее да го пипне, освен ако јас не сакам така.
Не Не Не Грешка си девојко, ти не си слободна, тебе ти го перат мозокот Капиталистите, Рептилите, Масоните, Илуминатите, Евреите, Западот и.т.н. и под хипноза си и затоа си мислиш дека си слободна, но всушност не си ! :LOL:
Исто така си во голема заблуда и грешиш, како тоа мислиш ’’моето е мое и не го давам на никого‘‘, нема мое твое млада дамо па нели се е заедничко за доброто на народот секако :D како тоа твое, мислиш дека куќата/станот во кој/а живееш е твој/а, се лажеш таа е истовремено и сечија и ничија, може секој еден(било кој) во било кое време без да ти тропне или да ти заѕвони на врата, може слободно да ти влезе во ’’твојата куќа‘‘ да си отиде во кујната и да си се самопослужи од фрижидерот или од рерната(мевце), потоа да отиде да ти се измоча и искења во тоалетот(јавен нужник), па после да ти се оптегне на некој кревет/кауч, па да си пушти ТВ, па да си поспие, а ако се обидеш да го избркаш лошо ќе си пројдеш, ахха а ако имаш и автомобил можеби ќе сака да си сврти и некое кругче низ град, чисто онака чаламџиски ! :P;):icon_mrgr:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
Мислев дека не си сериозна. Муабетов ми е крајно детски и имбецилен.
Она што ќе го сработиш/стекнеш не мораш да го делиш со никој, освен ако не сакаш самата да го направиш тоа.
Па ти самата рече - зарем морам да го барам постот - дека ако не давам, а потребно е некому, ,,ќе ми ги украдат - as simple as that,, ?!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
И тоа го пишав. Еднаш реков, пред се’, ако дојде до анархистичко општество и до отфрлање на авторитетот, значи дошло и до подгање на свеста, каде ќе нема место за егоизам. Ако се водиме според анархо-комунистичкото, секому според потребите, и тебе ти требаат 10 кокоси, а на другите по 3, ок. Ама ако другите се гладни, а тебе ти скапуваат кокосите, ќе ти ги украдат. Simple as that. Тоа на остров. Назад во цивилизација, ќе мора да си произведуваш или трампаш колку што ќе имаш потреба.

Едно е да се едуцираш на форумот и да поставуваш прашања, друго е да завземеш став за нешто кое не ти е добро познато. Јас конкретно не го гледам ова како убедување, ниту ми е намерата таква, едноставно, дебатирам, си ги искажувам ставовите и го бранам она во кое верувам. Не сме ние верска секта да принудуваме и убедуваме луѓе.

Знам дека изгледа како цвеќенца и смајлиња. Ама не е. Ништо не е совршено, и таму ќе има доза на лудаци, меѓутоа ќе бидат во значително помал број, исто и како општествените проблеми.

Пума, пренесеното туѓо искуство на хартија не значи дека е некаков факт. Вистинското знаење се крие во нас самите, книгите се само дополнителни информации на туѓи искуства. Може да се согласиме со нив, ама и не мора. За човековата природа повеќе би му верувала на некој спиритуален гуру, отколку на Фројд. Ти одговорив и за id-от. Ах Пума, пак не си прочитала и се уби од лажење...
--- надополнето: 26 април 2012 во 19:48 ---
Значи - поседувам нешто што никој го нема а им е потребно - не сакам да дадам - насилно го земаат.
 
A

AnFem

Гостин
Не Не Не Грешка си девојко, ти не си слободна, тебе ти го перат мозокот Капиталистите, Рептилите, Масоните, Илуминатите, Евреите, Западот и.т.н. и под хипноза си и затоа си мислиш дека си слободна, но всушност не си ! :LOL:
Исто така си во голема заблуда и грешиш, како тоа мислиш ’’моето е мое и не го давам на никого‘‘, нема мое твое млада дамо па нели се е заедничко за доброто на народот секако :D како тоа твое, мислиш дека куќата/станот во кој/а живееш е твој/а, се лажеш таа е истовремено и сечија и ничија, може секој еден(било кој) во било кое време без да ти тропне или да ти заѕвони на врата, може слободно да ти влезе во ’’твојата куќа‘‘ да си отиде во кујната и да си се самопослужи од фрижидерот или од рерната(мевце), потоа да отиде да ти се измоча и искења во тоалетот(јавен нужник), па после да ти се оптегне на некој кревет/кауч, па да си пушти ТВ, па да си поспие, а ако се обидеш да го избркаш лошо ќе си пројдеш, ахха а ако имаш и автомобил можеби ќе сака да си сврти и некое кругче низ град, чисто онака чаламџиски ! :P;):icon_mrgr:
Ти демек изначитан во оваа област, па си компетентен да употребуваш квази сарказам и да тролаш. Со кое лице бе пријателе?

Па ти самата рече - зарем морам да го барам постот - дека ако не давам, а потребно е некому, ,,ќе ми ги украдат - as simple as that,, ?!
Јас самата реков затоа што бев принудена да си го ладам со тебе, поради несериозноста на твоите постови, кои ми беа смешни и не ми даде ни мала можност за сериозна дискусија. Не ми ги превртувај зборовите. Пишано е милион пати дека нема да има потреба од крадење. Секој ќе има се’ што ќе заработи.
Туку не си ти крива, така од партија ти диктираат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.433
Ти демек изначитан во оваа област, па си компетентен да употребуваш квази сарказам и да тролаш. Со кое лице бе пријателе?

Јас самата реков затоа што бев принудена да си го ладам со тебе, поради несериозноста на твоите постови, кои ми беа смешни и не ми даде ни мала можност за сериозна дискусија. Не ми ги превртувај зборовите. Пишано е милион пати дека нема да има потреба од крадење. Секој ќе има се’ што ќе заработи.
Туку не си ти крива, така од партија ти диктираат.

Навистина?! Толку од алтруистичките филозофирања.
Мене никој ништо не ми диктира, вие ,,несфатените,, само така мислите :)
Продолжи со сериозноста на дискусијата :) Далеку ќе стигнете.
Всушност, на цела среќа, никогаш нема да се случи таа ваша еднаквост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom