B
Bonux
Гостин
брат дај кажи решение за ситуацијава,сигурно имаш нешто во ракав на лагер...просветли неДа, ама после стотиот јубилеј на такви саркастично субмисивни постови, разумен човек кој сака да придонесе во освестување на "рајата", сам ќе увиди дека ја претерал и ќе замени квантитет со...
Ете, јас неможам да се натерам себеси да напишам "квантитет со квалитет" оти премногу често е повторуванo тоа во различен контекст, па колку и да е релевантно и подобно во структурата и смислата на реченицата, од претерана употреба станало одбивно. Затоа, наместо "квалитет" ќе напишам "квасец".
Муабетот ми е дека и во вакви моменти, потребно е да се стави повеќе квасец во постовите.
Знаеш зошто? За да не личат на последни изливи на гнев пред конечно прифаќање на пораз. За вакви прашања, на вакви теми, ниту сакам да гледам како луѓе посегнуваат по сарказмот, за преку апелот до свеста на македончето, да се иссмеваат и себеси, како дел од еден народ...ниту пак прифаќам пораз.
Therefore, "articulate" thy anger, dear friend.