Анархија

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во Данска, на пример, луѓето имаат најголема субјективна добросостојба од цела Европа, веројатно и Америка. За една од причините се смета немањето на големи класни разлики. Имено, можеш да живееш супер како хигиеничар, а како доктор уште подобро. Хигиеничарот секако ги нема истите црти на личност, работата не го исполнува, додека докторот има соодветни за неговата работа. На двајцава им е супер. Што е проблемот тука?
Како бе девојче не го гледаш проблемот? Велиш на двајцата им е супер и тоа е твое мислење. Дали им е супер они си знаат, а од супер има и посупер. Еве каде е проблемот, скрати му од платата на докторот пошто и онака му е супер и дај и ги на чистачата за имаат исти плати, еве ти стави се во улогата на докторот (пошто колку разбрав идната професија ти е нешто слично), Ќе ти биде ли сеедно?
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856

Во Данска, на пример, луѓето имаат најголема субјективна добросостојба од цела Европа, веројатно и Америка. За една од причините се смета немањето на големи класни разлики.

По ова знам дека им е супер. и таму не постои проблемот, иронично е тоа што твојот проблем е капиталистички, зошто ти ги вреднуваш професиите по тоа колку пари земаат. Тоа е нормално, зошто е интернализирано.
 
Тоа не те прашав имаше конкретно прашање. А дека во Данска имаат најголема добросостојба, е само твое субјективно мислење кое е далеку од вистината, бројките велат поинаку.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Јас кажав дека важите примери со кокоси и пејачи се сосема нелогични, а и не можам да зборам во име на девојчето.

Што е до нашиов муабет ќе се задржам на болдираното.
Прво сите се раѓаме како атеисти, тоа е точно но исто така е точно дека во онтогенетскиот развој поединецот го поминува целиот филогенетски развој. Така да, ти како дете си мислела дека сонцето е живо и си му цртала очи и уста и така натаму дур не стигнеш до ова што си денес. Во превод, го поминуваш цел развој на човештвото, од анимизам и прекаузалност до, во твојот случај, повторно атеизам. И религијата е еволутивен производ, иако тоа е друга тема.
А тоа што тебе ти се мотив парите, е тоа е успешно спроведен капитализам. Мотив треба да ти биде самата работа, како самореализација, самоостварување, самопотврдување, а не парите. Во источната филозофија ова е многу истакнато. Секако ти не си крива, тебе ти требаат парите како и на сите нас, за потоа, или уште подобро уз пат, да го правиш тоа што го сакаш. Тоа е жално, зошто заради ваквото сфаќање неверојатен број на луѓе не го работат тоа што го сакаат, а тоа е неверојатна фустрација, и стануваат скотови, се за доброто на капитализмот. За жал реалноста е, посакувајќи да имаме нешто, за кое работиме, заглавуваме на работа 8 саата на ден, цел живот. Вакво класно општество е сосема деструктивно.
Во Данска, на пример, луѓето имаат најголема субјективна добросостојба од цела Европа, веројатно и Америка. За една од причините се смета немањето на големи класни разлики. Имено, можеш да живееш супер како хигиеничар, а како доктор уште подобро. Хигиеничарот секако ги нема истите црти на личност, работата не го исполнува, додека докторот има соодветни за неговата работа. На двајцава им е супер. Што е проблемот тука?
За цртите на личност јас истото го кажав. Но што се работи за одредување на што е добро а што лошо, како социјални конструкти нели, мора да се тргне од утилитаризмот, најмногу добро за најголем број луѓе. Ситуацијава со 99% наспрема 1% го покажува сосем спортивното.
Да, но јас сум способна да го работам тоа што го сакам, нели?
Во случај да сакам да бидам хирург, не можам, имам оштетување на видот.
Мојата професија е помалку одговорна од онаа на хирургот, а повеќе од онаа на чистачката.
Очекувам да заработувам помалку од хирургот (од кој што буквално зависат животни), а повеќе од чистачката (од која не зависи ништо повеќе од избришани плочки).

Овој начин на живот е погрешен - реков, зошто разликите се драстични - и да, добро би било да се приближат класите. И тоа е клучниот збор, приближат, а не изедначат.
Најмалку образованите и оние со најмалку одговорна работа, би требало да заработуваат доволно за да живеат пристојно. Оние малку пообразованите, со поодговорно работно место, повеќе, но не за 10 степени, туку за степен повеќе.

И види, супер ми е мене кога ќе успеам во нешто - признанието од професорите, од колегите, многу значи.
Но многу значи и овој труд, утре да ми биде добро платен. А ако овој труд го изедначат со трудот на некоја која едвај завршила 3 години козметичко, да, многу ќе бидам навредена.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Тоа не те прашав имаше конкретно прашање. А дека во Данска имаат најголема добросостојба, е само твое субјективно мислење кое е далеку од вистината, бројките велат поинаку.
Не е точно, тоа е резултат на спроведено научно истражување.
И да ќе ми биде сеедно. Јас сум тоа што сум без разлика што се другите. И не го зборам ова лицемерно. Со мојата професија нема некој просперитет овде, да бев лицемер најверојатно ќе се запишев на економски, иако не го сакам, таму барем ако се вработам ќе има шанси и пари да правам.

Пума, анархија е утопија, тоа секако е невозможно да се достигне. Јас не сум анархист, трагичното во темава е тоа што тврдокорни анархисти дебатираат за кокоси, а други луѓе им ја правдаат идеологијата. Јас кажав што мислам дека е проблемот со анархијата. Но верувам дека кога би се стремеле кон анархија би излегле од тињата во која паднавме со капитализмот. Да не си го повторувам целото мислење.
Искрено, тоа што ме погодува на темава и поради што пишувам е бидејќи гледам дека го правдате капитализмот, и разбирам зошто, но тоа мора да се надмине со освестување.
 
Вештице, истото го студираме. Веројатно и во слични услови ќе работиме.
Јас го запишав тоа што ми е предизвик, а не тоа што ќе ми донесе материјални богатства. И воопшто не ми е тешко што да речеме, докторите ќе заработуваат повеќе од мене. Напротив!
Капитализмот е добар, кога има добри закони кои се почитуваат. Јас ја наведов Шведска, зошто за неа знам нешто, што ми се допаднало.
Македонија е тиња, а не целиот капитализам како замисла. Зошто сите овде се лева рака десен џеб. А не затоа што капитализмот не може да функционира добро.

Јас не начекав некој да ми објасни како ќе се разрешуваат конфликтите, настанати поради сосема нормалните индивидуални разлики.
Кокосите се пример, а чистото филозофирање не води никаде. Практичните проблеми и нивното решавање се реалноста, а не утопистичкото сонување.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не е точно, тоа е резултат на спроведено научно истражување.
И да ќе ми биде сеедно. Јас сум тоа што сум без разлика што се другите. И не го зборам ова лицемерно. Со мојата професија нема некој просперитет овде, да бев лицемер најверојатно ќе се запишев на економски, иако не го сакам, таму барем ако се вработам ќе има шанси и пари да правам.
.
Воопшто и не е бидно дали е Данска понапред од некои други или не, суштината беше друга.
Пример. Ако чистачка (ете нека е и во Данска) има плата 3000 Евра, ти како доктор хирург (знам дека не си, хипотетички) имаш 15.000 евра. Ти би дала од својата плата 6000 евра на чистачката за да имате и двете по 9000? Чисто сумњам. На добар универзитет за да станеш хирург е потребно и време и пари, најмалку 5000 евра годишно, башка за тие години не заработуваш, а чистачка без да вложи во образование од 18 год. ќе работи. Да не зборувам за одговорноста, имаш одговорност за живот на човек, а чистака што? За некоја буба шваба што можда ќе утепа со метлата?:D
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да, но јас сум способна да го работам тоа што го сакам, нели?
Во случај да сакам да бидам хирург, не можам, имам оштетување на видот.
Мојата професија е помалку одговорна од онаа на хирургот, а повеќе од онаа на чистачката.
Очекувам да заработувам помалку од хирургот (од кој што буквално зависат животни), а повеќе од чистачката (од која не зависи ништо повеќе од избришани плочки).

Овој начин на живот е погрешен - реков, зошто разликите се драстични - и да, добро би било да се приближат класите. И тоа е клучниот збор, приближат, а не изедначат.
Најмалку образованите и оние со најмалку одговорна работа, би требало да заработуваат доволно за да живеат пристојно. Оние малку пообразованите, со поодговорно работно место, повеќе, но не за 10 степени, туку за степен повеќе.

И види, супер ми е мене кога ќе успеам во нешто - признанието од професорите, од колегите, многу значи.
Но многу значи и овој труд, утре да ми биде добро платен. А ако овој труд го изедначат со трудот на некоја која едвај завршила 3 години козметичко, да, многу ќе бидам навредена.

Пума кој вели дека ќе има буквална еднаквост????

Се работи за еднаков пристап кон ресурсите, оние материјалните.

Кој вели дека тогаш ќе има потреба од хирург? Неговата работа ќе ја заврши добро испрограмиран робот, на пример.

Кој вели дека ќе треба чистачка?

Зборувам за момент кога човештвото ќе сфати дека оваа дарба - разумот, свеста, интилигенцијата конечно ќе ја насочи кон просперитет и кон обезбедување хедонизам, она за кое што е создаден нели дури и според Библијата.:P

Сето ова анархија, комунизам и слично се само пионерски фази во отпорот кон капитализмот, кој со својот апарат држава го кочи просперитето и слободата на хомоспаиенсот.

Ти поставуваш цело време прашања од твој аспект.

Но, одговори ми што ти смета да во овој момент и чистачката и ти одите на пример на одмор во Ница?
 
Па може се да работат роботи, ни програмери ќе нема потреба да има, ни економисти ни градежни инжинери.... буквално се ќе работат роботи. А што ќе сме им ние тогаш, можат да не истребат комотно. А што правиме кога роботите ќе почнат да си ги бараат своите права? И тие ќе сакаат на одмор во Ница.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ортодоксните анархисти кои историски се појавиле над себе ја ставиле идејата за анархизам идеално замислен систем и од теории (Бакуњин, Кропоткин...) преминале на дело со селективен ,, тероризам,, но индивидуалистичкиот анархизам над индивидуата не става ништо и својата ствар ја сведува на ништо освен на себе, во таа смисла анархизмот како систем е премногу временски неодреден и неизвесен за функционирање и они анархизмот го гледаат од аспект на еден човечки живот во кој индивидуата не треба да стави никаква апстракција над своето конкретно непосредно јас, што го сведува поимот анархист на поимот опортунист, јас за себе сум најбитен и секој кој сака да загосподари над мене ми е смртен непријател, оти ствањето на било која идеја за која треба да се жртвува единствениот живот кој го имаме се коси со идејата дека анархистот не става никаква идеја апстракција над своите лични интереси и својата слобода. Осамени волци се раководат од идејата Отпор без лидер што пак ставаат идеја кауза над себе за која се спремни да загинат, индивидуалистичкиот анархизам не става ништо над непосредното Јас тоа го прави близок со анархо-капитализмот, па и тие нејќат да плаќаат даноци на државата и си прават по свое и гледаат за себе и не ставаат ништо над своите сопствени интереси што пак ги изедначува во постапките со оние кои им се противници- имено државата. Државата ја ставила својата ствар на себе а его-анархизмот исто така својата ствар ја ставил на себе и не признава никаква идеја, вистина или кауза во име на апстрактни поими како држава, власт, народ, нација, вера....
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Па може се да работат роботи, ни програмери ќе нема потреба да има, ни економисти ни градежни инжинери.... буквално се ќе работат роботи. А што ќе сме им ние тогаш, можат да не истребат комотно. А што правиме кога роботите ќе почнат да си ги бараат своите права? И тие ќе сакаат на одмор во Ница.
Дали кокошките, пилињата, свињите, кравите, телињата специјално одгледувани на фармите ширум светот за задоволување на човековите потреби, ги бараат своите права, или сеуште ни служат нам луѓето - битија створени по образ на боговите?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дали кокошките, пилињата, свињите, кравите, телињата специјално одгледувани на фармите ширум светот за задоволување на човековите потреби, ги бараат своите права, или сеуште ни служат нам луѓето - битија створени по образ на боговите?
Нели не зборуваме за сега. Утре нема да јадеме месо. Три таблетки, од оние поголемите и нема потреба од храна. Или здрава пластика која синтетички ќе се произведува. И што богот има врска во муабетов?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Нели не зборуваме за сега. Утре нема да јадеме месо. Три таблетки, од оние поголемите и нема потреба од храна. Или здрава пластика која синтетички ќе се произведува. И што богот има врска во муабетов?
Ти цело времеш ја споредуваш иднината со сегашната ситуација.

Твоите посочени роботи во иднината се еднакви на домашните животни во сегашноста.
Ја вршат улогата за олеснители на човековиот живот. ТОлку. Само што роботите се создадени од нас, а животните од Бога, но дозволено ни е да ги користиме за наши потреби.

Бог е спомнуван секако тука метафорично, како нешто што е на врвот, и кон кое се стреми човекот. Да стане Бог и само да ужива во благодетите.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Знаеш како велат англичаните, Be carefull what You wish, It may come try. Не се мои посочени роботи, со развој на вештачка интелегенција, и клонирањето, а согласно, метафорички секако, „според својот образ“ кој знае тие роботи до каде би стигнале.
Ќе сакаш да ми го објасниш тоа „ќе бидат еднакви, ама нема да бидат еднакви“ (во поглед на ресурсите)?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Знаеш како велат англичаните, Be carefull what You wish, It may come try. Не се мои посочени роботи, со развој на вештачка интелегенција, и клонирањето, а согласно, метафорички секако, „според својот образ“ кој знае тие роботи до каде би стигнале.
Ќе сакаш да ми го објасниш тоа „ќе бидат еднакви, ама нема да бидат еднакви“ (во поглед на ресурсите)?
Хмм, и ние сме според нечиј образ нели? До каде стигнавме? До таму до каде шти ни дозволува тој кој не создал?

Еднаквоста ја објаснив неколку пати низ претходните постови. Пак ли?

Треба сите да имате можност да играте фудбал на терен(бидејќи највеќе споменуваше примери со фудбал).
Сите да имате копачки, сите да имате иста шанса да се покажете. Останатото е дело на мајка природа.

Го посочив и преку клучниот момент на секој вид на планетава - стремеж за зачувавање на видот и размножување, а тоа подразбира изнаоѓање идеален алфа мажјак за парење, или женка за раѓање.

Тогаш во изборот ќе биде вклучена само мајка природа, и психофизичките карактеристики на единките, а не и вештачки креираните погодности и стимулатори од страна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom