Какво однесување кај вас предизвикува контра ефект?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Во една врска можеме да бидеме љубоморни и посесивни, а во следната не.
Или во една иста врска со време може да се смени односот.
Љубомората и посесивноста постојано предизвикуваат отпор.
 
Дефинитивно наметнувањето на заштитнички став према мене, демек, ти си женско, јас ќе те бранам.
Можам и сама да се бранам, гони се у три лепе сега.
Е ај иди брани се кога некоја будала ке те грабне да те силува.
Вербално можеш самата да се одбраниш, ама физички... тоа само на филмови го има, кога девојката со 15ка штикла му мава ударци со нога на некој фраер и го усмртува. Добро сега не знам во која категорија спаѓаш ако си тешкаш, тогаш можеби и ке издржиш малку да се одбраниш, ама ако си баш женствена тогаш не се сили, дозволи му на појакиот да те заштити.
Се знае мажот каква улога има, заштитничка, да ги штити луѓето околу него, поготово понежниот пол, баш затоа што е понежен.
 
Претерано внимание, нежности и романтики...искажување на љубов и слично...

П.С. И секако Стеф Ангел...
 
Јас глатко ќе поминам преку тоа...

:D

Добра душа, па тоа ти е...
Непамтам никнејм дами спречиерекција.

Иначе, драма.
Нека ви е со среќа.:D
--- надополнето: 25 април 2012 во 18:39 ---
Е ај иди брани се кога некоја будала ке те грабне да те силува.
Вербално можеш самата да се одбраниш, ама физички... тоа само на филмови го има, кога девојката со 15ка штикла му мава ударци со нога на некој фраер и го усмртува. Добро сега не знам во која категорија спаѓаш ако си тешкаш, тогаш можеби и ке издржиш малку да се одбраниш, ама ако си баш женствена тогаш не се сили, дозволи му на појакиот да те заштити.
Се знае мажот каква улога има, заштитничка, да ги штити луѓето околу него, поготово понежниот пол, баш затоа што е понежен.
Обрни внимание на нејзиниот ник.:D
 
Многу ме гасат жени кои го сакаат и честопати цитираат Кјеркегор. Кјеркегоријанките сакаат да имаат секс, но се плашат од Вечниот Суд, па по било каков однос со нив, имам чувство дека сум направил некаков грев. Познавајќи ги однапред таквите последици и познавајќи го учењето на Кјеркегор, станав алергичен на девојки кои го имаат истото адаптирано во својот начин на живот и ги избегнувам со силна предрасуда.
Тука некаде се и поклоничките на Шопенхауер, но со таа разлика дека после било каков однос со Шопенхауеријанка, ми останува некое чувство дека ништо од тоа што сме го имале заедно нема смисла. Дека е џабе и дека поарно би било да се самоубиев уште пред да почнеме. Затоа и нив ги избегнувам.
 
Многу ме гасат жени кои го сакаат и честопати цитираат Кјеркегор. Кјеркегоријанките сакаат да имаат секс, но се плашат од Вечниот Суд, па по било каков однос со нив, имам чувство дека сум направил некаков грев.

Кјер...Кирк... Кој?
 
Кјер...Кирк... Кој?
Кјеркегор... ах паметам во четврта година средно требаше баш за него да предавам. Само кога ги читаш неговите основни постулати паѓаш во депресија, не па да земе човек сериозно да се задлабочи во неговите писанија...:eek: Фројд сум сигурна дека би му рекол дека му треба секс на човекот. Уствари има теории дека станал таков откако ја откачил свршеницата. :) Подепресивен филозоф од него, нема... според мене. :) Иако се откажав од подлабоко негово анализирање, пошто ќе завршев на психолог. :icon_mrgr:


Инаку по темата... не мора сите да ја гледате стрикно низ призма на љубомора. Иако очигледно е според постовите дека тоа највеќе придонесува за контра ефект. И се согласувам, на почеток на врска некои работи изгледаат баш како од филм, дури и премногу добри за да бидат вистинити. Затоа и јас лично од досегашните искуства сум многу претпазлива. Кога нешто изгледа дека е премногу добро за да биде вистинито... ондак навистина Е премногу добро за да биде вистинито. Сите тие “филмски“ илзуии се добри на почетокот, после мислам дека преминуваат во контра ефективни, затоа што човек сфаќа дека се само илузии и не се реални. Како на пример претерано симнување на ѕвезди и давање комплименти. Тоа на почеток е супер, ама после некое време дава контра ефект и мислам дека до некаде всадува и црв на сомнеж.
 
Многу ме гасат жени кои го сакаат и честопати цитираат Кјеркегор. Кјеркегоријанките сакаат да имаат секс, но се плашат од Вечниот Суд, па по било каков однос со нив, имам чувство дека сум направил некаков грев. Познавајќи ги однапред таквите последици и познавајќи го учењето на Кјеркегор, станав алергичен на девојки кои го имаат истото адаптирано во својот начин на живот и ги избегнувам со силна предрасуда.
Тука некаде се и поклоничките на Шопенхауер, но со таа разлика дека после било каков однос со Шопенхауеријанка, ми останува некое чувство дека ништо од тоа што сме го имале заедно нема смисла. Дека е џабе и дека поарно би било да се самоубиев уште пред да почнеме. Затоа и нив ги избегнувам.
Со Спинозијанка најдобро ќе ти дојде.:)
 
Кјеркегор... ах паметам во четврта година средно требаше баш за него да предавам. Само кога ги читаш неговите основни постулати паѓаш во депресија, не па да земе човек сериозно да се задлабочи во неговите писанија...:eek: Фројд сум сигурна дека би му рекол дека му треба секс на човекот. Уствари има теории дека станал таков откако ја откачил свршеницата. :) Подепресивен филозоф од него, нема... според мене. :) Иако се откажав од подлабоко негово анализирање, пошто ќе завршев на психолог. :icon_mrgr:

Teбе би ти препорачал да избегнуваш следбеници на Емил Зола. Не те познавам лично, но според постовите изгледаш на личност на која и' е битен емоционалниот фидбек. Мажите, иако мајстори за прикривање на перверзниот сегмент од нивниот карактер, можно е да се издадат преку нивните симпатии кон одреден филозоф, писател, теоретичар...
Во случајов, Золаистите се најопасни за емоционални девојки, бидејќи претставуваат противтежа на романтичарите и обично излегува дека се тешки первертити.
 
Кјеркегор... ах паметам во четврта година средно требаше баш за него да предавам. Само кога ги читаш неговите основни постулати паѓаш во депресија, не па да земе човек сериозно да се задлабочи во неговите писанија...:eek: Фројд сум сигурна дека би му рекол дека му треба секс на човекот. Уствари има теории дека станал таков откако ја откачил свршеницата. :) Подепресивен филозоф од него, нема... според мене. :) Иако се откажав од подлабоко негово анализирање, пошто ќе завршев на психолог. :icon_mrgr:

Всушност, има теорија дека бил импотентен. А неговата вереница се викала Реџина Олсен. Претставник на религиозниот егзистенцијализам, го имал Хегел како омилен опонент. Чуда ти прави оваа Википедиа, се научив за човеков во неколку минути...

;)
 
Љубомората навистина предизвикува контра ефект во врската.Колку се повеќе притиска во неа толку повеќе има проблеми а со тоа и кавги.
Од недовербата доаѓа љубомората,од љубомората кавгите, од кавгите нервозите и разочарувањата,а од тоа прашалникот дали е тоа тоа вистинското што се сака навистина.
 
Еден краткотраен бивши ми предизвикуваше контраефект со неговата рака префрлена преку моите рамена, обично пред публика - демек ова е моја сопственост; башка што тежеше упм.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom