Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Многу често кога говориме за врски, пуштања, машко-женски односи, брак, состаноци итн., неизбежно се јавува муабетот: “Не знам зашто се однесува така, само предизвикува контра ефект.“ И тука на форумов често имам забележно постови во кои се говори за однесувања на партнерите кои придонеле кон јавување на контра ефект, иако целта на другиот било да постигне нешто.
Е сега, прашањето ми е: Какво однесување може да предизвика контра ефект кај вас?
И дали некое однесување кое било прифатливо за време на излагањата, состаноците, во врска истото би предизвикало контра ефект?
На пример: Обично велат луѓето дека љубомората е здрава и дека покажува дека личноста се грижи. Но, опсесивната љубомора може да предизвика контра ефект и партнерот воопшто да не помисли дека станува збор за грижа, туку за опседнатост.
Значи, кои постапки најчесто придонесуваат за постигнување погрешен впечаток, контра ефект и дали има однесувања кои се прифатливи на пример на почеток на врската, но подоцна истото тоа однесување да има сосема друг резултат?

...
Девојко,највеќе што ме вади од такт се неисчистени чевли и неиспеглана кошула или блуза без раб.Поголем контра ефект и погрешна постапка при излегување на састанак со мене нема,барем јас колку што си се знам.