Молдавија и Романија се друго , Македонија и Бугарија се друго .
Како и да е јас го кажав моето мислење ама никому не му забранувам да оди кај сака.
Само пред тоа мислам дека еднаш веќе споменав , секој со својата цена и гордост, нека ужива во она шо го прави среќен.
Не е многу голема разликата,да не кажам нема разлика.
--- надополнето: 24 април 2012 во 22:56 ---
Ваша работа , но јас не сакам да им потклекнувам на луѓето и нивната милостина кои најпрво тебе како човек те негираат а после и цела нација. Никогаш , ама баш никогаш нема да дојдам до тоа ниво доброволно да се етикирам како бугарин, синоним за лицемерен народ кој ни нанел огромни штети во минатото. Донекаде и оправдувам пасош од земји каде луѓето се луѓе а не нацисти, ама баш до милостината од Бугарија ли стигнавте...
И не знам зошто сите се толку убедени дека на друго место мед и млеко тече, ги слушнавме и бугариве колку се задоволни од европската унија.
Живееш во капиталистичко општество и помири се фактот дека никој тука-така нема да ти најде работа ако ти самиот не си способен да си создадеш услови за тоа. Помина времето на Југославија.
Од 100 луѓе шо ќе заминат во странство само 1 дали ќе најде асална работа, шо да не мислите директори ќе ве стават право. Келнери, дадилки и чистачи на базени се едни од работните места кои навидум се гледаат како добро исплатливи ама кога ќе одвоиш трошоци за кирија ова она ќе видиш за колку разлика си во ќар. Да му се плукнам на ќарот од таквата работа.
И може ли да знам шо работиш сега и колку ти излегува чист профит за еден месец. Ете можеби ти и си се снашол со убаво нека ти оди животот ако тоа те прави среќен. Ама ете во тоа е работата што мене ниедно материјално богатство неможе да ме поткупи да си ја негирам сопствената историја, а уште помалку еден автомобил во замена на бугарски пасош би направил да се чувствувам среќно.
Сепак не се сметам за тотален паразит и дебил неспособен за било каква работа, за живеачка и забава секогаш ќе има а до луксузот ако тргнат работите се стигнува и по друг пат.
Интересно како стериотипите продолжуват. Многу ми е интересно какви штети,па и зборуваш за Огромни ви нанел бугарскиот народ?!
Разбирам стариот jгосиндром во коj сите jгодржави са наjдобрите, наjчестните,наj,наj,наj на Балканот. Другите са нацисти,цигани, не вредат, губре са, други са малаки,трети диво племе и така натаму..., но тоа време помина, 20 години еве уште има луге,кои живеjaт со тоj jгомит и кух jгопатриотизам(сега продолжен во кух газован национален патриотизам) и надменост. Стварно жалам за нив.
Да, тезата - во ЕУ не тече мед и млеко е вистина, но нема поблиско место во Европа до мед и млекото.
Да, лугето не веруват дека ке идат во државата X и ке станад директори, но некои и како метлари не можат да си наjдат работа во своjaта држава, зашто немат партиjна книжка, зашто не бил функционер или немал врзки. И пази, понекога има случаи-ке работи како чистач, но ке зима повеке от обичниот во своjaта држава. Не знам дали знаеш збора - нема срамна работа.
И сакаш да ни кажеш,дека сите кои сакат да работат назапад са дебили и неспособни за било каква работа? Па како не те е срам да го кажеш!