Фан Клуб: Челзи

F

fantomX

Гостин
Челзи 2009 - антифудбал.
Челзи 2012 - херои.
Шо е сменето бе пилина? Ништо. Не ми ги драпајте топкиве долни ко ретардиранине коментатори на Скај Спортс со то нивното magnificent effort цело второ полувреме + стенкањето на Гери Невил ко Сидорф да му го закачуваше и закачуваше едно цели 5 минути, буквално кажано. Лицемери. Гледајте си ги тие посраните екипи и прекинете да го празните на неуспех на Барселона, пошто ова вашево не е про Челзи, ова е анти Барселона. Веќе во финале пак против Челзи ќе сте.

Туко шо е битното, не знајте колку жал ми падна за Иванович кој разбра од тој муглото од Скај шо ги интервјуираше него заедно со Чех и Кол дека нема да игра во финалето. Прво не го сфати, а откако го сфати остана со збунета фаца.
А овај овај умрениов од капитен, само коленото го кренал и не било за црвен, и цел ужален ко платата да не му дошла. Говедо едно никакво.

На сите останати нозете треба да му се бакнат, со Босингва, Микел, Чех, Иванович и Рамирес во прв ред.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ова момци ке се памети долго. Уживајте во ова, го заслуживте. Опуштете се и пуштајте си клипчиња на јутјуб. Ди Матео, се почна од она радувањено против Наполи... очекував дека ке гурка далеку, али ова е апсолутно за пофалба. Очекувам страшно тактички добро финале во кое ке играат два тима фудбал, а не во кое едните ке пимплаат лопта, а другите ке победуваат.;)
 
F

fantomX

Гостин
Ова момци ке се памети долго. Уживајте во ова, го заслуживте. Опуштете се и пуштајте си клипчиња на јутјуб. Ди Матео, се почна од она радувањено против Наполи... очекував дека ке гурка далеку, али ова е апсолутно за пофалба. Очекувам страшно тактички добро финале во кое ке играат два тима фудбал, а не во кое едните ке пимплаат лопта, а другите ке победуваат.;)
Нема да се памети долго ова. За Наполи да не ни прајме муабет, веќе е заборавено.

Финалето кажува какви се работите, затоа е и наречено финале = крај.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
ЕЈ УШТЕ НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЕ СЛУЧИ,КЕ СИ УДРАМ КЛОЦА !! :vozbud::vozbud:
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Тоо бре, конечно и финалето го дочекавме. Пеколен меч беше овој да си ебеш векот , каква драма само паѓаше на теренот. Де голови, де црвен картон, па пенал, одбрани на Чех и за крај каменот од срце ми падна кога Торес им го здрви во фаца. Ама каков ли проклето добар беше првиот гол на Рамиреш , вредеше за сите пари. Моралот од 0 на 100 ми го дигна , се дереме со дедо ми како луди :D .

Тоа е тоа , не ми текнува шо друго да додадам , инзвонреден меч со уште послатка победа. Во финале ќе биде тешко но не и невозможно. Трилерот продолжува :D :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.609
Поени од реакции
14.461
Има господ, има правда, Челзи после се ова заслужи да го освои тој трофеј од ЛШ. Огромен пад со Виљаш Боаш, отпишаните Дрогба и Лампард, стари играчи, лоша атмосвера, Торес е промашај.. Можеби најлошата сезона за тимот на Абрамович се сврти за 360 степени после отказот на Виљаш Боаш и доаѓањето на родениот Blues, легенда на клубот, Ди Матео..

Мислев дека против Наполи и во останатите натпревари Челзи го влечеше само еден позитивен шок, али овој човек си ја знае својата работа... Го сврти натпреварот против Наполи, ја елиминираше Бенфика, сега и циганите во 180 минути. Капа доле. :cuc:

Играчите изгинаа, умреа, сите го заслужуваат овој трофеј, од прв во последен, од Роман кој се финансира до еблестета физиотерапевтка,

И сеа, конфликт на интереси... Никогаш не очекував дека можното финале помеѓу Реал и Челзи ќе го гледам така опуштен. Во било која друга ситуација, во било кој друг расплет на работите, не би ја донел во прашање својата лојалност спрема Реал Мадрид. Заслужија до крај, тоа е се што ќе кажам. Секако дека и играчите на Реал го заслужуваат овој трофеј... Али нашата генерација е млада, ќе бидат уште многу големи натпревари, време е за јубилејната десетта титула во ЛШ, али исто така, голема штета ќе биде оваа генерација на Челзи со Лампард, Тери, Дрогба, Кол, Чех да не го подигне трофејот од ЛШ, на залезот на своите кариери на овие сјајни луѓе, кои истовремено го даваа животот за човекот што сега нас не води, Мурињо, и на кој сигурно не му беше сеедно кога ги исфрли во 2010 година...

Како што гледате, не знам ни сам што да мислам. Али ајде прво ние утре да го исфрлиме Баерн, па потоа ќе биде лесно да се размислува. Ептен би ми било ќејф финале Челзи - Реал, плус имам добар другар кој е за Челзи, и откога се знаеме секогаш викаме ајде оваа сезона, ајде оваа сезона, и никако да се погоди да играат некогаш.. Се надевам тоа ќе се случи сезонава, па што биде во финалето нека биде. Со среќа во Минхен, со кој и да играте. :love:
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Ова момци ке се памети долго. Уживајте во ова, го заслуживте. Опуштете се и пуштајте си клипчиња на јутјуб. Ди Матео, се почна од она радувањено против Наполи... очекував дека ке гурка далеку, али ова е апсолутно за пофалба. Очекувам страшно тактички добро финале во кое ке играат два тима фудбал, а не во кое едните ке пимплаат лопта, а другите ке победуваат.;)
На што алудираш? На тоа ако играме финале со вас вие ќе пимплате, а ние ќе победуваме? Нека биде така, кога си запнал ;)
 
F

fantomX

Гостин
ЕЈ УШТЕ НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЕ СЛУЧИ,КЕ СИ УДРАМ КЛОЦА !! :vozbud::vozbud:
Не знам шо возраст си и колку време наназад го следиш Челзи ама ако го следиш барем од време на Мурињо па наваму, во овие моменти ќе бидиш пес лут на Тери кој падна многу ниско вечерва и на твојата околина која гарант има почнато возвишување на Торес и компанијата само оти се хејтери на Барселона; а ќе бидиш неизмерно благодарен на останатите играчи кои играа вечерва (без Дрогба).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom