Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
Не знам зошто, ама некако во ќорсокак ја затеравме работава...Најискрено не знам дали се разбираме. Претпоставувам дека се обидуваш, со отворање на оваа тема, да направиш разлика од комшииве и останатите кои се преведени како Албанци. Јас велам дека ние на Балканот правиме јазичка разлика, жителите на денешна Албанија се Албанци, а на Алба се Алби, Албани, Албијци..., а доколку се преведе како Албанци НИЕ ставаме фуснота.
Речникот е од хрватски автор, Стјепан Сенц. Македонскиот речник е одамна во изработка.
Ај пак да се обидам да појаснам.
Тоа што во преводите на делата од антиката што ги прават класичните филолози од Балканот денеска терминот Αλβανοί се преведува со "Албијци" и слично, или ако се користи Албанци се става фуснота да се појасни дека не станува збор за жителите на денешната Албанија е делумно во ред, ама делумно е и проблематично.
Еве зошто.
- Со тоа пред се' заради сегашните констелации и светска етаблираност на државата и народот кој се наоѓа на нашиот запад со тоа име во денешно време се искривува и преиначува преводот на делата од антиката, како во случајов со Анабасата на Аријан, којшто како што нагласив предходно терминот не го искривил заради влијанието на Римјаните, зашто се користел со извори кои се постари и пишувани пред Римјаните да се појават или имаат влијание на тие простори.
Значи сепак Αλβανοί = Albanians = Албанци, и според мене не може да има друг превод кога терминот од тоа време до ден денешен е тој-истиот, и не се јавува само еднаш, па да се мисли дека е некаква грешка, туку повеќе пати.
Во мојот првичен пост со кој ја отворив темата на мошне долго и широко ги објаснив сите работи т.е. како, од каде, зошто сум тргнал да се интересирам за тоа, итн. да не се повторувам.
Е сега, дали има простор за некакво поврзување меѓу таа Албанија и тие Албанци со овие тука до нас, треба да продискутираме саглам. Без фрлање прав во очи и лепење етикети за некаков си "расизам" и слични глупости (ова не за тебе, туку за некои траги-комични ликови тука...)
- Не ја разбирам баш првата реченица...HITCH напиша:Ова е историска граматика и тука не може повеќе да се коментира, тоа е факт. Во речникот кој беше приложен на темава забележав една работа, Albania е преведена како Arbeni, тоа ми мати есап. Ми треба време за да го разгледам цел речник, но мора да има и други „чудни“ преводи.
Инаку, Албените се руси, плави, што не е пример за жителите на соседниот ни див Запад.
Јас имам забелешка на постовите од Карл, не би било в ред сега да се вратам и да ги корегирам неговите глупости, ама со примерот дека од Арнаут може да се добие Агронаут е лудило! (има и други.)
- Речникот е неповрзан со темава, ама кога веќе го споменуваш и плус терминот Arbeni тоа е еден друг показател за етничкото име кое ми се чини не е доволно разјаснето.
- Тоа дали т.н. "Албени" се руси т.е. плави или не (зборуваме во сегашно време или во минато?) е мошне субјективно. Имаш некој сигурен показател за ова..?
- Мистер "Карл", којшто патем речено има сменето име тука неколку пати, воопшто нема што да го коментирам. Веќе сум му кажал во предходните постови што треба да му се каже.