Бугарските зверства во фашистичка Бугарија 1941-1944год.
1- интернации во заврлени места
2- трудови дружини
3- црни чети „черни роти“
4- концетрациони логори
5- политички затвори
КОНЦЕТРАЦИОНИ ЛОГОРИ
во овие логори се испраќаа лица за кои судски процес не можело
да се формира,а се покажани како опасни по режимот,така што нив посебно ги изолираат од опшеството. Такви логори постоеја на различни места во Бугарија; Горна Вода и Свети Кирик, Свети Никола,Асеновградско,
вкупниот број на концетрациони логори е девет.
- „Еникеј“, ( Крсто Поле ) Ксантиско
Во „Еникеј“ се затворени Македонци од повеќе места од Македонија,како и од Пиринска Македонија и Бугарија.
Од Македоноја се затворани т.н. „неблагонадежни Болгари“
,илегалци,комунисти,помагачи на НОД па и цели фамилии
но и некои како-Венко Марковски, изрод од македонскиот народ
-Данчо Стојчески од книгата „Оковани во пранги“- НК 1981год.
„ По овие и вакви слични теми за Македонија,настануваа жестоки
расправии.Венко Марковски под влијание на Тодор Павлов,го застапуваше
гледиштето на Павлов, па дури и пишуваше на бугарски јазик.Во логорот ги напиша; „Свадба“, „Орланицата“ и други. Ги рецитираше на литературните средби по групите. Интелектуалните сили(бугарите) многу го ценеа. Некои го споредуваа како нов Мајаковски, Смирненски и слично.Занесен од ваквите ласкави зборови и издигнувањата како што знаат Бугарите, тој почна да се спротиставува и на искажувањата на Македонците, изнесуваше „докази“ притив потеклото на македонскиот народ итн. идентифувајќи го со бугарите и бугарскиот народ. Зборуваше „Бугарија нема свое „возрождание„ а во Македонија се роди бугарското потекло.
За ваквите ставови на Венко Марковски,сметајќи го за изрод, Македонците го бркаа насекаде каде што ќе го сретнеа;некои од логорашите му префрлаа дека е предавник и денунцијатор.Тој не знаеше што да прави,не можеше да се приближи во нашето друштво.Понекогаш се обидуваше да разговара со некои Македонци,но од сите беше избркуван.Во една прилика ме сретна Павлов и ми рече:
- Вие ( мз-Македонците) не знаете колкава голема личност е и што значи неговото постоење за слободна Македонија, на ова му одговорив дека подобро е да не води политика кога се откажал од својот народ и нека пишува стихови,а не да ја меша Македонија и македонците.
....Во овие дискусии придонесе и присуството во логорот на Ангел Динев
тој се вмешуваше насекаде и со сета своја страсност и енергија,докажувајќи со поголемо искуство и познавање за Македонците
и за засебноста на македонската нација...