Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
А во македонската Wikipedia /коjа е единствена Wikipedia коjа не лаже, jас посебно многу и верувам ;)/,пише дека загинале 6 724 Македонци. Е, пропуснато е да се напише дека 1000 од нив са убиени од комунистическите партизани за соработка со официалната власт. :)
- ај врати се уште еднаш прочитај убаво полека(за која година се тие бројки)
- 1941 год...
- 1942.........
- 1943 .........
- 1944..........
- 1945..........
----------------------------------------------------------------------
вкупно 26 000 се до 1944 год
набави си ја книгата „ Македонска Војска 1941 - 1945 “
од Марјан Димитриевски - ИНИ 1999год.
----------------------------------------------------------------------
продолжи да учиш од википедија ( за деца)
и од ценетиот ваш БААААААААААААААААН
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-Да ве просветам уште малку. Во НОД и во НОВ се вклучија и цели фамилии.

- Драга Трајковска родена 1890 год.во Куманово
Нејзината куќа во Маџир маало-Скопје, беше база,собиралиште и
засолниште на напредната македонска работничка младина од 1940 год.
А по окупацијата таа куќа беше мајка за сите од првоит скопски одред,
и членови на МК на КПЈ и бројни илегалци и активисти од НОД.
Беше затварана од бугарските фашисти,ни тепањето и измачувањето не
ја поколебаа и не и го скршија нејзиниот борбен дух. После искачањето од затвор таа со уште поголема омраза кон окупаторот, продолжуваше со
револуционерната работа-борба за слободна Македонија.

- Илонка Трајковска, ќерка на Драга, немаше помалку придонес во оваа
куќа-тврдина. Таа учествуваше во многубројните акции. Посебно се
истакна во Илинденските демонстрации на 2 август 1941 год. Беше
неуморна илегалка. Често пишуваше пароли и транспаранти, а учествуваше
и во пренесување на летоци,оружје и сокривање на партиски материјали.
Таква беше во целото време на НОВ и со активностите не престана.

- Боро Трајковски,син на Драга, член на партиската организација на
металските работници од пред војната. Учесник и организатор во големите штрајкови во септември 1940 год.(Папатеодоси,Ручигај). Од првите денови на окупација активен учесник во НОД. Од првиот ден во првиот скопски партизански одред. По растурањето е во илегала.

Во 1942 год е повикан повторно да стапи во одредот.
„Сакам да одам во партизани и да се борам.Само сакам да знам дали тој партизански одред навистина ќе се бори,ќе има ли акции и борби,или само ќе биде обично засолнување во шума без акции. Ако нама акции и борба против окупаторите јас не одам, бидеиќи тоа сум го доживеал и по втор пат не сакам. А ако има акции и борба тогаш ќе одам и не ми треба ранец и гојзерици, таму во борбите ќе ги набавам и се што ми треба.“

Oва семејство беше без „главата“ на семејството починат пред војната,
но тоа не им посмета сите да се вклучат во борба против окупаторот.

Многу скратив, може цела книга да пишувам за ова семејство ,
такви револуционерни,огнени семејства имаше низ цела Македонија
затоа нашата борба за слобода беше успешна и извојувана од нас
Македонците во која борба ги примавме сите со наши мислења.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Еве дa прочита од МАНУ:

Судијата: Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија?

Богданов: Од нив се бараше да бидат задоени со идејата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија) по секоја цена под Бугарија.

Судијата: Дали тие ја оправдаа довербата?

Богданов: Да.

Судијата: Како?

Богданов: Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада – терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.

Судијата: Кој всушност го вршеше тоа – војската или полицијата?

Богданов: Заедно.

Судијата: Како се убивани Македонците?

Богданов: Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, фрлања во Вардар…“

**************************************************************

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
...
...................................П р и с .д а
.........................................н-р 151
......................в името на негово величество
....................................борис 3
..............................цар на блгарите


................................присди отствеитено

...Кристијан Ангелов Тодоров „Карпош“ родом и живуит в гр. Куманово,
а сега в неизвесност, 21 година, Блгарин, источно-православен,
грамотен,неженен, неосждан

...Пристствено
...за гдето през 1942 година и 1943 година, в воено време станали....
...в,з основа на чл. 16 и 17 от З.З.З.Д.,в врска с чл. 61 п.2 от Н.Закон
...- СМРТ , с лишение од права по чл.30 от Н.Закон за винаги ...

12 мај 1943 година

( мислам добро го препишав ова од една книга каде е даден во оригинал)
( текстот - обвиннението е подолго, го скратив, ова Блгарин боде очи)

многу прашања имам, сега баш поради тоа-до вас од Бугарија
од кога станал “Карпош“ Блгарин, што бил, на кои народ му припаѓал,
како се осеќал, за што се борел, против кого се борел, за кои идеи загинал,
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

БР. 6

(1/3/45)

Канцеларија на британскиот политички претставник,

Софија

10 јануари 1945.

Господине,

Повикувајќи се на мојата телеграма бр. 21 од 4 јануари, имам чест да ви доставам во врска со тоа превод од изјавата на М. Харизанов, еден од претставниците кои присуствуваа на "Македонското народно собрание" кое беше отворено на 28 декември 1944, за весникот "Политика" од 3 јануари по неговото враќање од Скопје.

2. Весникот "Татковински фронт" на 6 јануари го пренесува говорот на М. Харизанов до Собранието, при што тој истакнува дека Македонија е географска и економска целина и дека не може да се подели без да му се нанесе штета на населението; и дека ниту една балканска држава, самата, не може да го реши македонското прашање.

Испраќам копии од ова до амбасадорот на Неговото Височество во Атина и до резидентот министер во Казерта.

М. Иван Харизанов, член на националниот комитет на татковинскиот фронт се врати од Скопје каде беше да ги изрази поздравите на отечествениот фронт на Бугарија до новата македонска држава. Во оваа прилика М. Харизанов ја даде следнава изјава:

"Моите импресии се одлични. Она што беше сон сега е стварност. Вардарска Макеоднија е слободна. Таа има своја сопствена влада, свој сопствен јазик и сопствено уставно собрание. Таа има сопствено лице во секој поглед. Посетителот веднаш го чувствува тоа. Се е во вриење и во работа. Сите се свесни дека големиот историски чин кој беше сон на многу генерации е постигнат.

Прашање:Какво е чувството спрема нас М. Харизанов?

Одговор: Мора да се признае дека до сега тие беа непријателски расположени. Тоа се должи на окупацијата, на лошото однесување на нашите власти и особено на погрешната фатална политика на нашата династија и нејзините влади.

Прашање: По ваше мислење кои се грешките на поранешната бугарска политика?

Одговор: Поранешните владетели не можеа да сфатат што е навистина Македонија. Во тој поглед ние Бугарите сме многу виновни во однос на македонското народ. Кога македонската револуционерна организација на Гоце Делчев и Сандански херојски се бореше за слободата на Македонија, големобугарскиот шовинизам на бугарската династија и нејзините влади ги вложуваа сите сили да го уништат и спречат тоа. Лидерите на револуцијата се спротивставија на тоа и поради тоа најеминентните членови беа елеминирани од агентите на династијата.

Тие лидери беа првите кои пред светот го прокламираа големиот завет: "Македонија мора да биде автономна и наместо јаболко на раздорот мора да биде алка за обединување на балканските народи". И тоа е навистина она што сега се случува таму.

Затоа што ние не го сфативме сето тоа историјата се свети. Ние ја окупиравме Македонија но населението побегна во планина. Нашите лидери не сфатија дека Македонците тешко борејќи се многу, многу години беа свесни дека автономијата е единствениот пат за решавање на македонскиот проблем.

И сега тоа е решено. Таа станува се појака под мудрото водство на големиот маршал Тито. Во рацете на такви активни работници Влахов, Апостолски, Ченто, Павел Шатев и други идејата Македонија да биде обединувачка алка меѓу балканските народи ќе стане ставрност".

FО 371/48181 НР 00297 R 1937/11/67
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 10.01 а.м. Г.М.Т. 15 јануари 1945.

Бр. 47. П. 12.25 п.м. Б.С.Т. 15јануари 1945.

Продолжение на мојата телеграма бр. 8 од 3 јануари (R. 320/11/67) .

Една статија во денешна Политика од д-р Раде Прибичевиќ (повторувам Раде Прибичевиќ) комесар за јавни работи во националниот комитет се осврнува на бугарската спремност да отстапи територија на Југославија.

2. Д-р Прибичевиќ истакнува дека "на последното заседание на АСНОМ официјалниот претставник на Бугарија објави дека Бугарија е спремна да го отстапи нејзиниот дел од Македонија на нашата држава".

3. Во официјалните извештаи од заседанието на АСНОМ нема било какви референции за таква изјава и по се изгледа дека споменувањето на тоа во статијата по својата природа е направено индискреција.

4. Ве молам да се повтори до Софија. [Проследено до Софија со телеграма бр. 43]

FО 371/48181 НР 00297 R 1161/11/67

I ne bila Bugarija ukupator
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Во периодот 1941-1944 има 100 пати помалку жртви од Вардарска, во споредба со убиените од комунистите во само од септември 1944 до мај 1945 година во истиот географски регион. Само дека "фашиститие" убиваа терористи, а комунистите убиваа патриоти.

И не знам зошто секогаш споменуваш БАН. Имам над 500 книги литература и само 1-2 се изданија на БАН.

Земи да прочиташ нешто што не е напишано од комунисти во периодот 1944 - 1991 и не е напишано во Вардарска по овој период. Види книгата "Кажи кога да умрам" за македонскиот Бугарин Димитар Младенов и ќе разбереш, кој се грижи за Македонија и кој е гледал само сопствените интереси.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Во периодот 1941-1944 има 100 пати помалку жртви од Вардарска, во споредба со убиените од комунистите во само од септември 1944 до мај 1945 година во истиот географски регион. Само дека "фашиститие" убиваа терористи, а комунистите убиваа патриоти.

И не знам зошто секогаш споменуваш БАН. Имам над 500 книги литература и само 1-2 се изданија на БАН.

Земи да прочиташ нешто што не е напишано од комунисти во периодот 1944 - 1991 и не е напишано во Вардарска по овој период. Види книгата "Кажи кога да умрам" за македонскиот Бугарин Димитар Младенов и ќе разбереш, кој се грижи за Македонија и кој е гледал само сопствените интереси.
-

кого најде за убиен од септември “44 до мај “45 година овде
завршни операции за ослободување на Македонија се во тоа време
септември,октомври и ноември првата половина
тука гинат фашистички жртви и наши борци
потоа се чистат заостанати трупи од Балистите во западна Македонија
тие ли ги ставаш на сметка..
А веќе во почеток на “45 год. 15 Македонски корпус оди на „Сремски Фронт“
( ама тоа е друг геогравски регион)
кои се убиените ви тој период од комунистите - нема
или некои поединачни случаи ги рачунаш по твое на 100 пати повеќе
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во периодот 1941-1944 има 100 пати помалку жртви од Вардарска, во споредба со убиените од комунистите во само од септември 1944 до мај 1945 година во истиот географски регион. Само дека "фашиститие" убиваа терористи, а комунистите убиваа патриоти.
Сигурно си сонувал за ова или некој пијан со шише во рака ти кажал пред коперација.
За овие ли ти е жал:
(Војната продолжува се до чистењето на остатоците на фашизмот и домашните предавници и после 1945 година кои за жал ги има уште следбеници на такви луѓе на сотоната.)
1944 до мај 1945 тоа за тебе се патриоти, подржувачи на окупаторските фашисти, врховисти, В.Михаловисти, четници, усташи, белогардејци, сс-овци, сталинисти, тоа се твои патриоти и разни други фашисти.
Тешко тебе за тој твој суд за нив дека се патриоти.
Изгледа дека си испод 20 IQ, и тоа е многу. Фашистите убиваа регуларна народна војска антифашистички борци партизани и антифашистички цивили.

Ти воопшто не знаеш што се терористи и тероризам и не деј момче да се излагаш не се глупирај леба ти, НАРОДНАТА ВОЈСКА НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ туку бугарската фашистишка војска која терористички влезе на туѓа територија да прави злочини.
И не знам зошто секогаш споменуваш БАН. Имам над 500 книги литература и само 1-2 се изданија на БАН.
Немаш ти никакви други книги освен oвие: и само 1-2 се изданија на БАН. За такви со недоволно мозочно напрегање за рзмислување доволни се и тие 2 книги на бан.
Го споменувам тој бан оти македонската историја ја има унакажено со искрувување на вистината, негирање на македонија негирање на македонците што добро ја исполнуваш задачата според бан и ќе го спомнувам се додека не сватиш ти и твоите дека ви е исперен мозокот од таа т.н. БАН.
Земи да прочиташ нешто што не е напишано од комунисти во периодот 1944 - 1991 и не е напишано во Вардарска по овој период. Види книгата "Кажи кога да умрам" за македонскиот Бугарин Димитар Младенов и ќе разбереш, кој се грижи за Македонија и кој е гледал само сопствените интереси.
Ти читај книги од македонски бугари, врховисти и бугари.

Давај такви книги на твоите деца да читаат можеби подобро ќе ја пропагираат бл'гарштината од тебе.

СТАТИЈА ОД ВЕСНИКОТ "ЊУС ХРОНИКАЛ" ЗА МАКЕДОНИЈА

ОД: РОЈТЕР (извод)

МАКЕДОНИЈА ВКЛУЧЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА Бугарска телеграфска агенција на англиски 11.55, 21. 9. 1944.

(Телеграма од Софија за Берн: Ибрахим Шамли за Њус Хроникал. МАКЕДОНИЈА ВКЛУЧЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Софија: Македонија е прогласена за слободна и дел од Демократска и федеративна Титова Југославија на заседанието кое се случи на денот Св. Илија (2 август) во Македонија. Прокламацијата е потпишана од 125 пратеници од сите делови на Македонија во присуство на британски, американски и советски мисии и претставници на Бугарија, Тито и Србија. Ова беше соопштено во утринскиот печат. Бугарскиот премиер изјави дека неговата влада го поздравува самоопределувањето на македонскиот народ. Министерот за пропаганда Казасов, вчера претпладне на прес конференција истакна дека бугарската влада смета дека е право на Македонците да одлучат за самите себе. Понатаму тој додаде дека бугарската влада не е заинтересирана за анексија на Македонија. БАЛКАН СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА: БУГАРСКИ СТАВ СОФИЈА, ЧЕТВРТОК - М. КАЗАСОВ, БУГАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ПРОПАГАНДА, ДЕНЕСКА ИМ ПРЕНЕСЕ НА СТРАНСКИТЕ НОВИНАРИ ДЕКА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЛЕЖИ ЦЕЛОСНО НА САМИТЕ МАКЕДОНЦИ. Бугарија смета дека македонскиот народ треба да има полна слобода за да одлучи за својата слобода и дека Бугарија ќе ја почитува секоја одлука донесена со слободна волја на македонскиот народ. Бугарскиот став, истакна тој, е јасно дефиниран во Манифестот на Татковинскиот фронт пред coup d’etat. Ројтер.

Туку, да се вратиме на злочините на бугарскиот окупатор во втората светска војна.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247

Во октомври 1942 година, со цел да се разбие духот на овој народ и неговиот стремеж за национална слобода, бугарските окупаторски сили ја изведоа "Бабунска акција". Во неа, на 17 октомври 1942 само во Богомила брутално беа убиени и масакрирани 16 борци, 64 души беа интернирани во логорите во Бугарија, а други 48 во затворите во Скопје и Велес.

Ристо Поповски, Тоде Јаневски, Шефки Исмаиловски, Милан Гиновски, Ванче Анастасовски, Веле Јаневски, Тоде Димитриевски, Игно Алексовски, Борис Јаневски, Петре Димовски, Коста Николовски, Ризо Јаневски, Петре Тодоровски, Темелко Ѓорѓиевски, Петре Стефановски и Тане Ристовски загинаа во најцрната меѓу црните ноќи, но останаа да живеат како непокор во очите на слободата и иднината за која го дадоа животот.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Пресуда за антифашистие во Скопје од цар борис слугата на бај хитлер..........смртна казна:



**************************************************
--- надополнето: 21 април 2012 во 17:48 ---
spas72
но по силниoт притиск од Бугариjа бил даден под бугарска администрацjа.
Њет администрацjа.,........... О К У П А Ц Ј А.

03.XII.1940 год., Бугарите се нервозни и нестрпливи, преку амбасадорот Драганов на Фирерот јасно му ставаат до знаење дека приклучувањето на Бугарија кон Тројниот сојуз е сигрна и готова работа но доколку се реши “малцинското прашање во Македонија“.

*************************************************
--- надополнето: 21 април 2012 во 18:05 ---
quote="spas72, post: 4936176, member: 16236"]За Солун не знам, ма за Охрид си во право(y) . Првоначално Охрид бил во Италjанска зона, но по силниoт притиск од Бугариjа бил даден под бугарска администрацjа.
"..The Bulgars conquered the city in 867. The name Ohrid first appeared in 879. Between 990 and 1015, Ohrid was the capital and stronghold of the Bulgarian Empire.[11] From 990 to 1018 Ohrid was also the seat of the Bulgarian Patriarchate. After the Byzantine reconquest of the city in 1018 by Basil II, the Bulgarian Patriarchate was downgraded to an Archbishopric and placed under the authority of the Ecumenical Patriarch of Constantinople.."
Надај се ку*е на пијани жени. Вие мислите вечно ќе бидете окупатори.

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Бугарските зверства во фашистичка Бугарија 1941-1944год.
1- интернации во заврлени места
2- трудови дружини
3- црни чети „черни роти“
4- концетрациони логори
5- политички затвори

КОНЦЕТРАЦИОНИ ЛОГОРИ
во овие логори се испраќаа лица за кои судски процес не можело
да се формира,а се покажани како опасни по режимот,така што нив посебно ги изолираат од опшеството. Такви логори постоеја на различни места во Бугарија; Горна Вода и Свети Кирик, Свети Никола,Асеновградско,
вкупниот број на концетрациони логори е девет.
- „Еникеј“, ( Крсто Поле ) Ксантиско
Во „Еникеј“ се затворени Македонци од повеќе места од Македонија,како и од Пиринска Македонија и Бугарија.
Од Македоноја се затворани т.н. „неблагонадежни Болгари“
,илегалци,комунисти,помагачи на НОД па и цели фамилии
но и некои како-Венко Марковски, изрод од македонскиот народ

-Данчо Стојчески од книгата „Оковани во пранги“- НК 1981год.
„ По овие и вакви слични теми за Македонија,настануваа жестоки
расправии.Венко Марковски под влијание на Тодор Павлов,го застапуваше
гледиштето на Павлов, па дури и пишуваше на бугарски јазик.Во логорот ги напиша; „Свадба“, „Орланицата“ и други. Ги рецитираше на литературните средби по групите. Интелектуалните сили(бугарите) многу го ценеа. Некои го споредуваа како нов Мајаковски, Смирненски и слично.Занесен од ваквите ласкави зборови и издигнувањата како што знаат Бугарите, тој почна да се спротиставува и на искажувањата на Македонците, изнесуваше „докази“ притив потеклото на македонскиот народ итн. идентифувајќи го со бугарите и бугарскиот народ. Зборуваше „Бугарија нема свое „возрождание„ а во Македонија се роди бугарското потекло.
За ваквите ставови на Венко Марковски,сметајќи го за изрод, Македонците го бркаа насекаде каде што ќе го сретнеа;некои од логорашите му префрлаа дека е предавник и денунцијатор.Тој не знаеше што да прави,не можеше да се приближи во нашето друштво.Понекогаш се обидуваше да разговара со некои Македонци,но од сите беше избркуван.Во една прилика ме сретна Павлов и ми рече:
- Вие ( мз-Македонците) не знаете колкава голема личност е и што значи неговото постоење за слободна Македонија, на ова му одговорив дека подобро е да не води политика кога се откажал од својот народ и нека пишува стихови,а не да ја меша Македонија и македонците.
....Во овие дискусии придонесе и присуството во логорот на Ангел Динев
тој се вмешуваше насекаде и со сета своја страсност и енергија,докажувајќи со поголемо искуство и познавање за Македонците
и за засебноста на македонската нација...
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Ок окупациа, ама се пак университет, 400 (четристотин) школа, жп инфраструктура над 500 км - от 1941 до 1944? Па самата македонска наука не сме да негира тоа! Убити - во борбата на KJП и БКП во Македониа срешту "фашистите" за времето от 1941-1944 са убити 6000 македонци, тука са сите во зоната на Бугариа (го Гнилане, денеска во Косово). Ама има и 200 (двеста) доброволчески контрачети коити са составени от средите на ВМРО и местните луге, 200 чети, всјака от 20 до 50 човека! Нека да говорим со факти, зошто не видите што стана с Ченто, кои несакаше во Србославиа? Го бурите убиле?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ок окупациа, ама се пак университет, 400 (четристотин) школа, жп инфраструктура над 500 км - от 1941 до 1944? Па самата македонска наука не сме да негира тоа! Убити - во борбата на KJП и БКП во Македониа срешту "фашистите" за времето от 1941-1944 са убити 6000 македонци, тука са сите во зоната на Бугариа (го Гнилане, денеска во Косово). Ама има и 200 (двеста) доброволчески контрачети коити са составени от средите на ВМРО и местните луге, 200 чети, всјака от 20 до 50 човека! Нека да говорим со факти, зошто не видите што стана с Ченто, кои несакаше во Србославиа? Го бурите убиле?
Па Германците ја поставија целата железничка инфраструктура во Полска за време на нивната окупација, не набројуваќи ги сите останати градби, како на пример кулите на напозната средовековна тврдина Вавел, изградија неколку вештачки езера, ги зголемија градските површини урбанизирајќи ги со нови станбени згради, при што капацитетот на некои градови како Познањ ја зголемија својата популација за 300.000 жители, го изградија целосно поморското пристаниште во Гдиња, отворија погони за ремонт и изградба на бродови, изградиле десетина воени аеродроми низ цела Полска, изградиле огромни булевари, изградиле подземна канализација и армирани насипи благодарение на кои до ден денес најголемите полски градови ги штитат од поплавите, поставиле неколку мега големи Железарници, отвориле неколку рудници, а културниот живот за време на окупацијата бил непрекинато во полн сјај, Филхармонијата работела со полна пареа, театрите биле исполнети до последното место и тн. за што всушност сведочат и сите воени постери, флаери, слики кои што можат да се најдат по полските музеи.

Само ниту ова го менува карактерот на Германската Окупација, ниту пак може да ги оправда злоделата и човечките жртви.

Од вас бугарињата не треба да очекуваме дека сте стапнале во Музеј, можеби како дел од задолжителната настава во основно кога „комунистите“ ве носеле на некои приредби по повод партиските празници. :)
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во борбите за победата над фашизмот и по 9 мај се’ до 15 мај 1945 година, само Вардарска Македонија даде 33 000 жртви, вклучувајќи ги тука и преку 7 200 македонски Евреи, кои кои бугарскиот фашистички ослободител во 1943 година ги депортира во концентрациониот логор во Треблинка, Полска.

Не сме терористи на ренегатот Михајлов.

Шчипјанец....знаеш ли шчо е тероризам и терористи?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom