А да ги наброеше книгите и документарците, сигурно ги знаеш барем по име
.
Периодот кога бев нафуран на луѓе ко Ајк беше пред 4 ипол години, иако сеуште добро се сеќавам на документарците и книгите кои ги имам прочитано од истиот.
Ова се документарците:
David Icke: Freedom Or Fascism: The Time To Choose
David Icke: Beyond the Cutting Edge
David Icke: Secrets of the Matrix
David Icke: The reptilian agenda
Книгите:
Αnd the truth shall set you free
Infinite love is the only truth-Everything else is Illusion
Бев 1 година член на неговиот форум исто така....
A од Хабард ја имам прочитано цела литература, затоа што порано бев Скиентолог.
Претпоставувам мислиш лажам за да испадне дека знам што зборам и критикувам, но слободно можеш да ме распрашаш повеќе ако тоа ти е намерата. Тоа нема да го направи Ајк или Хабард порелевантен...
--- надополнето: 23 април 2012 во 12:17 ---
Тие се најрелевантен фактор за да биде еден способен политичар, барем по мене. Погледни ги само профилите на председателите на државите, посебно на американските со исклучок на Буш Помладиот.
Тие се релевантен фактор само во кампањите за кандидатура.
За да се биде добар политичар факторите се други, како добро познавање на економијата, историјата, стратешко размислување, добри морали итн...
посебно не кога пред 20 години вложувал лични средства и бил исмеван по улици како кловн.
добро сеа, нормално е да Ајк кога си ја раскажува својата историја додаде малку емоции и преувеличувања, за да придобие симпатии кај обожавателите. "Тие ми се смееја сеа ја им се смеам", "Вие ми се смеете пошто сум различен а ја на вас пошто сте исти", се едни од најпознатите квоти на Ајк, иако не е различен, напротив ист е со сите останати теоретичари на заговор. Не сумњам дека имало некои што му се смееле, уште му се смеат и ќе му се смеат поради неговите смешни идеи, сепак сумњам дека вложувал огромен капитал кога "патувал" низ светот и го собрал Кредо од некое племе, притоа конзумираќи ДМТ со истиот
. Ме интересира колку пари и за што ги вложил додека ги дознавал вистините позади илуминатите и рептилите?
Као потплаќал политичари за да му дадат доверливи информации или
...
но верувам кога кажува дека се централизира целокупната власт во Европа и светот и може лесно да направат големи одлуки кои би го промениле дузина луѓе.
Под централизација го мислам баш тоа, кога ирскиот народ не се согласуваше на референдум со одредена агенда на ЕУ, прва работа што направи ирската влада нормално под притисок на ЕУ е распиша втор референдум.
Кога ирскиот народ кажа ДА на тој референдум, ирската влада и ЕУ не распишаа и трет референдум да се праша народот уште еднаш, туку одма пристапија кон реализација на агендата.
Голем дел на закони и норми кои можеби се апликативни за дел од земјите членки на унијата, можеби и не кореспондираат со законикот на една балканска држава, но се протуркуваат по секоја цена и се прави некакво унифицирање на судство.
Има и идеја на огромна централна банка, налик на ММФ која би ги контролирала и финансиите и буџетите на членките на ЕУ.
Тоа е така, затоа што ЕУ е Kонфедерација-Федерација. Но тоа не е исто што и централизирана власт. Има некои базични разлики помеѓу нормите, законите и приоритетите на земји кадешто власта е централизирана и земјите кои припаѓаат на Kонфедерација како ЕУ, или Федерација како Југославија порано. Има и некои сличности но не е исто. Како и да е тоа се политички муабети, и ја мислам да не идеме офф топик, сем ако ми дадеш примери од одредени критики на Ајк, па ја ти кажам мислење итн...