Баш така, и јас имам измешани емоции, ама како за филм којшто е направен во 2011 година поготово од хорор жарн, со примеси на трилер-мистерија, е доста добар, атмосферата ме потсети како онаа во филмовите на Линч, т.е. ми заличи на сцените кога Линч сака да долови некој мелахонично - мистериозен - мрачен момент, од мене има 6-ка филмов и вреди да му се пружи шанса.
Претходниот мој обид да доловам каков е филмот жарновски, не беше со цел да покажам колку е добар него само да изразам какво чуство долови кај мене...атмосферата во филмов е доста језива, а на сето тоа позитивно деструктивен момент е и тензијата која преовладува низ целиот тек..
@ Cold Breath, мене ептен пријатно ме изненади Exorcist III, многу морбидна атмосфера, за која највише допринесува она натприродно чуство кое режисерот го преферира и доловува во целиот тек на филмот.