Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Фаворитот Марк Ален отпадна од анонимен кинез. Неговата фрустрација ја изнесе на пресот , варал као демек кинезот на 5-4 , на почетокот на таблата , имал неправилен удар (push) , а судијата му прогледал . ГЛУПОСТИ.

еве на каков начин изгуби на последната табла :pos:



и малку забава од негова страна некоја табла порано



Хигинс - Хендри 1/8 финале ! КЛАСИКА !
 
^ Ау, а човекот баш мислеше го разби малерот! :ROFLMAO:
 
Хигинс - Хендри 1/8 финале ! КЛАСИКА !

Со нетрпение ги чекам 27 април 2012 и 28 април 2012.

Победникот од мечот Рони О'Саливен - Питер Ебдон ќе игра против победникот од мечот Марк Вилијамс - Лиу Чуанг на 28 април 2012, 29 април 2012 и 30 април 2012, во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012.

Уште тој меч во осмина финалето да биде помеѓу Рони О'Саливен и Марк Вилијамс и не се одлепувам од телевизорот од 27 април 2012 до 30 април 2012. :D
 
Со нетрпение ги чекам 27 април 2012 и 28 април 2012.

Победникот од мечот Рони О'Саливен - Питер Ебдон ќе игра против победникот од мечот Марк Вилијамс - Лиу Чуанг на 28 април 2012, 29 април 2012 и 30 април 2012, во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012.

Уште тој меч во осмина финалето да биде помеѓу Рони О'Саливен и Марк Вилијамс и не се одлепувам од телевизорот од 27 април 2012 до 30 април 2012. :D
Кога почнува второ коло? Тек на 27.04?
 
Кога почнува второ коло? Тек на 27.04?

На 26 април 2012, во пост #285 е објавен распоредот на првите 2 мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012.

Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

23 април 2012
Трет ден - 16-на финале:

Стифен Мегваер 10:5 Лука Бресел;
Шон Марфи 8:10 Џејми Џоунс;
Метју Стивенс 10:3 Марко Фу;

Останати мечови кои се започнати, а треба да завршат денес, вторник, 24 април 2012, се мечовите:

Стифен Ли 4:5 Ендру Хигинсон;
Рони О'Саливен 7:2 Питер Ебдон;

Исто така, денес, вторник, 24 април 2012, треба да започнат уште 4 мечови од 16-на финалето, кои треба да завршат на 25 април 2012, а во кои силите ќе си ги измерат:

Граем Дот - Џо Пери;
Џад Трамп - Доминик Дејл;
Динг Џунхуи - Рајан Деј;
Марк Селби - Бери Хокинс.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

24 април 2012
Четврт ден - 16-на финале:

Стифен Ли 6:10 Ендру Хигинсон;
Рони О'Саливен 10:4 Питер Ебдон;

Познат е и третиот пар од осмина финалето, а тоа е:

29 април 2012 и 30 април 2012:
Џејми Џоунс - Ендру Хигинсон;

Останати мечови кои се започнати, а треба да завршат денес, среда, 25 април 2012, се мечовите:

Граем Дот 1:8 Џо Пери;
Џад Трамп 5:4 Доминик Дејл;
Динг Џунхуи 4:5 Рајан Деј;
Марк Селби 3:6 Бери Хокинс;

Исто така, денес, среда, 25 април 2012, треба да започнат последните 2 меча од 16-на финалето, кои треба да завршат на 26 април 2012, а во кои силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Марк Дејвис;
Марк Вилијамс - Лиу Чуанг.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

25 април 2012
Петти ден - 16-на финале:

Граем Дот 1:10 Џо Пери;
Џад Трамп 10:7 Доминик Дејл;
Динг Џунхуи 9:10 Рајан Деј;
Марк Селби 3:10 Бери Хокинс;

Познати се уште 3 парови од осмина финалето, а тоа се:

26 април 2012, 27 април 2012 и 28 април 2012:
Џо Пери - Стифен Мегваер;

27 април 2012 и 28 април 2012:
Рајан Деј - Цао Јупенг;

29 април 2012 и 30 април 2012:
Метју Стивенс - Бери Хокинс;

Последните 2 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 кои се започнати, а треба да завршат денес, четврток, 26 април 2012, се мечовите:

Али Картер 8:1 Марк Дејвис;
Марк Вилијамс 6:3 Лиу Чуанг;

Исто така, денес, четврток, 26 април 2012, треба да започнат првите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, во кои силите ќе си ги измерат:

Дејвид Гилберт - Нил Робертсон;
Џо Пери - Стифен Мегваер.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

26 април 2012
Шести ден - 16-на финале:

Али Картер 10:2 Марк Дејвис;
Марк Вилијамс 10:6 Лиу Чуанг;

Познати се и последните 2 парови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, а тоа се:

28 април 2012, 29 април 2012 и 30 април 2012:
Џад Трамп - Али Картер;
Рони О'Саливен - Марк Вилијамс;

Првите 2 меча од осмина финалето кои продолжуваат денес, петок, 27 април 2012, се мечовите:

Дејвид Гилберт 3:5 Нил Робертсон;
Џо Пери 3:5 Стифен Мегваер;

Исто така, денес, петок, 27 април 2012, треба да започнат 3-от и 4-от меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, во кои силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Стифен Хендри;
Рајан Деј - Цао Јупенг;

Во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 се игра до максимум 25 фрејмови така што, пласман во четвртина финалето ќе обезбедат играчите кои први ќе освојат по 13 фрејмови во осмина финалето.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

27 април 2012
Седми ден - Осмина финале:

Дејвид Гилберт 9:13 Нил Робертсон;

Останати мечови кои се започнати, а треба да завршат утре, сабота, 28 април 2012, се мечовите:

Џо Пери 5:11 Стифен Мегваер;
Џон Хигинс 4:12 Стифен Хендри;
Рајан Деј 6:2 Цао Јупенг;

Исто така, утре, сабота, 28 април 2012, треба да започнат 5-от и 6-от меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Али Картер;
Рони О'Саливен - Марк Вилијамс.
 
Готов е Хигинс значи . On Fire е Хендри ептен .

Утре Рони - Марк почнуваат. Па па па .. :) Еве што ќе се гледа , како што нема добар меч фудбал утре.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2012
Осми ден - Осмина финале:

Џо Пери 7:13 Стифен Мегваер;
Џон Хигинс 4:13 Стифен Хендри;
Рајан Деј 13:7 Цао Јупенг;

Веќе е познат првиот пар од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, во кој силите ќе си ги измерат:

1 мај 2012 и 2 мај 2012:
Стифен Хендри - Стифен Мегваер;

Останати мечови кои се започнати, а треба да продолжат денес, недела, 29 април 2012, се мечовите:

Џад Трамп 3:5 Али Картер;
Рони О'Саливен 5:3 Марк Вилијамс;

Исто така, денес, недела, 29 април 2012, треба да започнат последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, во кои силите ќе си ги измерат:

Џејми Џоунс - Ендру Хигинсон;
Метју Стивенс - Бери Хокинс.
 
Леле какви табли изгледав денес од Рони :cuc: Цела сесија играл ненормално , изгледав јас 2 табли . 11-5 води против Вилијамс , утре се чека руинирано да му земе уште две.


Имаше околу 93 процента успешност на погодоци :cuc: , позиционирање на белата :drk: . Едноставно талентот му излегува од секаде на дечково . Кога е во 6та брзина , противникот може само да гледа .
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2012
Деветти ден - Осмина финале:

Вчера, недела, 29 април 2012, ниту еден од започнатите мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, не го дочека својот крај.

Денес, понеделник, 30 април 2012, треба да продолжат и да завршат сите останати мечови од осмина финалето, а тоа се мечовите:

Џад Трамп 9:7 Али Картер;
Рони О'Саливен 11:5 Марк Вилијамс;
Џејми Џоунс 10:6 Ендру Хигинсон;
Метју Стивенс 8:8 Бери Хокинс;

Колку за потсетување, во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 се игра до максимум 25 фрејмови така што, пласман во четвртина финалето ќе обезбедат играчите кои први ќе освојат по 13 фрејмови во осмина финалето.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2012
Десетти ден - Осмина финале:

Џад Трамп 12:13 Али Картер;
Рони О'Саливен 13:6 Марк Вилијамс;
Џејми Џоунс 13:10 Ендру Хигинсон;
Метју Стивенс 13:11 Бери Хокинс;

Денес, вторник, 1 мај 2012, во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Стифен Хендри - Стифен Мегваер;
Џејми Џоунс - Али Картер;
Рони О'Саливен - Нил Робертсон;
Рајан Деј - Метју Стивенс;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 се игра до максимум 25 фрејмови така што, пласман во полуфиналето ќе обезбедат играчите кои први ќе освојат по 13 фрејмови во четвртина финалето.
 
Последниот фрејм од Трумп и Картер:cuc::cuc:. Трумп се изгуби последните фрејмови, ама какви снукери му направи на Картер скроз го стресе.
 
Back
На врв Bottom