Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Библијата никако не е научна литература, таа е писмено предание кое го сведочи Историски, живиот однос меѓу Човекот и Бог, од кој однос и произлегува. Пр: со 4-те Евангелија, четворица писатели Истиот настан го опишуваат на четири начини...
Црквата нема проблем со науката, напротив ја дополнува, осмислува итн., но Библијата не се користи како научна апологија, иако има информации кои се користат во научен прилог.
Како на пр. во Генезисот, дека Светот е создаден ex nihilo итн.
Како нема проблем со науката кога ја негира еволуцијата, ја негира космологијата и слично?
Конкретниот пример со арката во библијата не е претставен алегорички туку буквално, слично е и со генезата, каде пишува дека ѕвездите се создадени после земјата, што е во директна контрадикција со тврдењата на науката.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Како нема проблем со науката кога ја негира еволуцијата, ја негира космологијата и слично?
Конкретниот пример со арката во библијата не е претставен алегорички туку буквално, слично е и со генезата, каде пишува дека ѕвездите се создадени после земјата, што е во директна контрадикција со тврдењата на науката.
Нема проблем со науката како човечка спекулација, да ја негира дополнува, осмислув...
Ништо Бог не крие од луѓето, и нормално дозволува слободно да мислат, учат, размислуваат, па сево ова нели се случува?!
Еволуцијата не ја негира, напротив го поддржува оној дел за Односот на живиот свет со природата, нормално нема трансформација од еден вид во друг кое беше хипотеза,...исто со Космологијата итн. итн...
Поентата на Библијата не е Научна, туку помошно средство во прилог на спасителното дело на Живиот Бог.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нема проблем со науката како човечка спекулација, да ја негира дополнува, осмислув...
Ништо Бог не крие од луѓето, и нормално дозволува слободно да мислат, учат, размислуваат, па сево ова нели се случува?!
Еволуцијата не ја негира, напротив го поддржува оној дел за Односот на живиот свет со природата, нормално нема трансформација од еден вид во друг кое беше хипотеза,...исто со Космологијата итн. итн...
Поентата на Библијата не е Научна, туку помошно средство во прилог на спасителното дело на Живиот Бог.
Кога имаш две спротивставени тврдења, тоа обично се дефинира како проблем......
Значи од една страна ја имаш науката која вели човекот не е создаден каков што е денес, туку еволуирал од предходни видови на живи суштества. Од друга страна ја имаш библијата која вели дека човекот е создаден од кал, онаков каков што и денес е. Овие две тврдења се спротивни едно на друго и не се надополнуваат како што тврдиш.
Слично е и со космологијата. Библијата од една страна вели дека првин е создадена земјата, па дури потоа ѕвездите, додека науката тврди дека првин се создадени ѕвездите, па дури потоа планетите помеѓу кој и земјата. Овие две тврдења исто така се спротивни едно на друго, и во никој случај не се надополнуваат.
Има и тврдења кој се косат со разумот воопшто, како примерот со арката. Денес постојат околу 5 милиони видови животни. Земи дигитрон, и пресметај го волуменот на арката, и потоа пробај во тој волумен да ги сместиш сите видови на животни кој постојат денес на планетава - во парови.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Библијата никако не е научна литература, таа е писмено предание кое го сведочи Историски, живиот однос меѓу Човекот и Бог, од кој однос и произлегува. Пр: со 4-те Евангелија, четворица писатели Истиот настан го опишуваат на четири начини...
Црквата нема проблем со науката, напротив ја дополнува, осмислува итн., но Библијата не се користи како научна апологија, иако има информации кои се користат во научен прилог.
Како на пр. во Генезисот, дека Светот е создаден ex nihilo итн.
Тогаш пробај да прочиташ делови од Махабхарата и Рамајана, и некои други книги од индиската митологија, ќе сфатиш кои биле нивните богови и тоа 5 000 години пред раѓањето на Исус.

Фрапантен е индолентниот однос на модерниот Западен свет кон источната митологија (во неа не спаѓа исламот секако, туку индиската и кинеската).

Кај нив има неколку милиони стихови кои би требало да се проучат и повеќето говорат за нешто непојмливо во тоа време, а поимливо за нас - вонземска интилигенција.

Кај модерниот запад алијас Христијанството, и кај закоравениот исток алијас исламот има 2 бедни по обем книги - БИБЛИЈА и КУРАН кои го опишуваат она што веќе е опишано во други дела, само на поинаков начин.

Кај оние скептичните и тие што се атеисти не е проблем постоењето на бог, како апослутна свест, како двигатор на еден куп настани на планетава, не е проблем вербата во супермоќно битие кое сака да ни помогне, туку проблемот е во оние кои сакаат да протолкуваат работи кои би придонеле да сите под нив веруваат во нивните зборови и на некој начин бидат обединето потчинети и искористени за разно разни цели.

А тоа го прават институциите кои себе си си дале право да се нарекуваат божји посредници.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Црквата нема проблем со науката, напротив ја дополнува, осмислува итн., но Библијата не се користи како научна апологија, иако има информации кои се користат во научен прилог.
Како на пр. во Генезисот, дека Светот е создаден ex nihilo итн.
Библијата на никој начин не ја надополнува, а уште помалку ја осмислува науката.
Црквата имала и сеуште има најголем непријател во науката.
Силината на религијата е обратнопропорционална со развојот на науката.
 
С

Само Човек

Гостин
Види, кога "клучот" вели дека постоела вистинска арка, со прецизно наведени димензии (137 метри долга. 25 широка и 14 висока), на кој собрало десет милиони животни, тогаш се што ти треба е обичен дигитрон да видиш дека тука нешто не е во ред.
И не, нема таков проблем во мојот случај.
погуглај за Арката ило неколку страни поназад.
Е сега за твојот клуч да те питам.Фрлаш месо и по некое време црви на него, од ништо насгтанале црвите ?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
погуглај за Арката ило неколку страни поназад.
Е сега за твојот клуч да те питам.Фрлаш месо и по некое време црви на него, од ништо насгтанале црвите ?
Господ да не ги створил?
 
С

Само Човек

Гостин
Господ да не ги створил?
--- надополнето: 22 април 2012 во 11:09 ---

Господ да не ги створил?
вој па глеј го шо ќе ти каже.
домородтците кога им се слчувало ова мислеле дека тие црви настанале од ништо, . Нема ништо поразлично во Биг Бенгот.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
вој па глеј го шо ќе ти каже.
домородтците кога им се слчувало ова мислеле дека тие црви настанале од ништо, . Нема ништо поразлично во Биг Бенгот.
Ти, па, што ќе кажеш?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
вој па глеј го шо ќе ти каже.
домородтците кога им се слчувало ова мислеле дека тие црви настанале од ништо, . Нема ништо поразлично во Биг Бенгот.
Еднаш кажа дека студираш на ПМФ.

Само се надевам дека си на отсек Географија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
погуглај за Арката ило неколку страни поназад.
Е сега за твојот клуч да те питам.Фрлаш месо и по некое време црви на него, од ништо насгтанале црвите ?
Прво. Арката си има димензии, точно пишува колкава била. А се знае и колку видови на животни има денес на планетава, што значи се што ти треба е обичен дигитрон да ти докаже дека таа приказна е невозможна.
Второ. Примеров со месово и црвиве и тоа што јас го посочив, има врска колку магаре и музика.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom