100 денари сега и 100 денари пред десет години

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
:tapp: Пред десетина телефонот беше далеку поефтин од сега, денес само претплатата ти е 400+ денари. Јас памтам сметки од 50 и кусур денари.
па нормално кога само 10 у граад имале телефон.Инаку поише ми беше за мобилен али не е битно. Сети се колку се плаќаше за линија, а колку сега
 
па нормално кога само 10 у граад имале телефон.Инаку поише ми беше за мобилен али не е битно. Сети се колку се плаќаше за линија, а колку сега

1000 марки ја платив..море 1200 мислам. Телефонот/фиксниот и тогаш не беше скап,а и сега рака на срце не е претерано.. мене ми искача сега негде околу 300 ден,може и помалку,со 400 мин разговор што и така ми е премногу.
 
сетете се само колку беа телефоните порано и тоа некои глупи со никакви опции а сега е подруго ..

http://fejs.mk/trololo/2012/03/a3b25d96394447b.jpg

Телефонот не може да те засити и да те транспортира ....кога се прави проценка за стандард и слично....најбитни се основните прехрамбени намирници, транспортот и енергенсите

без телефон се живее....без нафта тешко....без храна пробај па кажи ни
 
Тост класик 30 денари и сега, со помфрит 40, хамбургер 60 денари само 10 поскапо.. инаку технологијата е доста поефтинета за разлика од порано, сетете се само колку беа телефоните порано и тоа некои глупи со никакви опции а сега е подруго ..

http://fejs.mk/trololo/2012/03/a3b25d96394447b.jpg
Технологијата е поевтина поради нејзиниот брз развој, тоа нема врска со нашиот денар ниту со било која друга валута.
Тогаш тие телефони од линкот биле технолошки врв, сега технолошкиот врв е друг тип на телефони (смартфони) и истите и сега ја имаат истата цена од линкот 500+ евра.
 
Тост класик 30 денари и сега, со помфрит 40, хамбургер 60 денари само 10 поскапо.. инаку технологијата е доста поефтинета за разлика од порано, сетете се само колку беа телефоните порано и тоа некои глупи со никакви опции а сега е подруго ..

http://fejs.mk/trololo/2012/03/a3b25d96394447b.jpg
па немало подобри тогаш

цена на освновни продукти, масло шеќер брашно
цена на енергија =струја, вода, нафта бензин плин

све се дупло од пред 10 год, а приходите исти.
Јебено
 
Од милион трошкови, зарем телефонот(без разлика фиксен или мобилен) е најбитната ствар, без телефон(било каков) може да се истера, но без гориво, храна, струја, вода... тешко !
Инаку ако не се лажам првите компјутери со виндоус95 што испаднаа во средината на деведесетите(95-6) поправете ме ако сум грешка, но мислам дека беа ептен изгор скапи околу 2000 марки на тоа време(значи 1000 евра) и на прсти можеа да се избројат луѓето во маало кои имаа тогаш ваков компјутер, денеска тоа е историски примитивен компјутер за потсмев, но тогаш беше машина, а денеска со 1000 евра ќе купиш компјутер-вселенски брод !
Денеска компјутерите се поевтини од тогаш и се достапни за секој дом(скоро секој), но тоа е поради енормниот и брз развој и напредок на технологијата, нема врска тоа со економии, валути и сл.
 
Инаку ако не се лажам првите компјутери со виндоус95 што испаднаа во средината на деведесетите(95-6) поправете ме ако сум грешка, но мислам дека беа ептен изгор скапи околу 2000 марки на тоа време(значи 1000 евра) и на прсти можеа да се избројат луѓето во маало кои имаа тогаш ваков компјутер, денеска тоа е историски примитивен компјутер за потсмев, но тогаш беше машина, а денеска со 1000 евра ќе купиш компјутер-вселенски брод !

Не се лажеш, тогаш почна пробивот на компјутерите за обичните смртници. Еден од нив бев и јас, памтам дека моите родители со години го отплаќаа со некакви си златни чекови. Работата е што тогаш имаше само 3 фирми за увоз на компјутери и маржата им беше ненормално голема (над 300%), така да реалната цена за компјутерот му била 600-700 марки.

Еве да се надоврзам на работите што биле поефтини пред 10 години, цената за м2 стан во Скопје беше 1200-1300 марки денес е дупло поскапа 1200-1300 евра.
Исто така тогаш се користеа чекови за одложено плаќање (те. без камата) денес банките дерат со 13% камата за истата услуга.
 
Пред 10 години интернетот беше 4000+ денари месечно 64к
 
До пред деценија како што памтам, далеку поевтини(дупло) беа цените на становите(и тоа во строг центар на СК.), ако сега м2 е 1200/1300 е, тогаш се движеа скоро дупло поевтино од сега !
А исто така и цените на градежните материјали(песок, ќерамиди, арматура, вар, цемент, цигли, плочки, мермер и.т.н.) беа доста поевтини и тогаш во тој период беше поисплатливо човек да вложува во недвижен капитал(да гради куќа/викендица), денеска не, исто така и намештаите/мебелот/врати/прозори/кревети/бироа/паркет или ламинат/регали/маси/столици/кујни и.т.н. беа доста поевтини, исто така и цените на белата техника беа поевтини(кади, мијалници, вц-шољи, перални, бојлери, ,па дури и самите цени на м2 земјиште/плац беа доста поевтини, абе џабе си правиме празен муабет, бидејќи факт е дека платите си останаа горе-доле исти(стагнант), но тогаш беше се(скоро се) дупло па и тродупло поевтино !
 
Тргнете ја технологијата од муабетов, ирелевентна е...

Иначе, најдобар пример е нафата, или еве јас по што ќе памтам, дека секоја време идевме во сендвичара и јадевме тост/хотдог од последна 5ка кај ефка за 30че, сега е реткост тоа. Ете колку сега вредат парите навистина...
 
Кај и да се ќе дојдат од штаб да не убедуваат сега како инфлацијата е држена на минимално ниво али 10-15 години по 2-5 % се насобираат.Во истото време пак платите се исти 10-15 години.

И секако мора да се спомене најголемата инфлација со еврото.Порано стан 3'собен во Аеродром беше 50-70 К марки со плати од по 15-20к денари и марка од 30 денари. Денес стан 3собен во Аердром е 60-80к евра со плати од 15-20к денари и евро од 60+ денари.

Со воведување на еврото дојде до 50% инфлацијаво рок од 24 часа + таа од по 2-5% што се насобира цело време последните 10-15 години.

Сите кои ја зимаат цената на нафтата за инфлација во Македонија зимаат лош пример поради неколку причини:

1.Цената е во најголем дел акцизи и може да биде дигана или спуштана зависно од буџетните потреби на моменталната влада.

2.Монопол на ОКТА со што цената може да се држи нереално високо

3.За денарот да ја нема вистинската вредност ,а тоа е на тоалетна хартија тој е поврзан со еврото.Како што доларот станува појак во однос на еврото цената на нафта за нас ќе расте,ако доларот паѓа во однос на еврото и цената на нафта за нас ќе паѓа.

Единствената реална валута е валута поврзана со златни и сребрени резерви се друго е штелување на финансиските книги за лоповите на власт да можат да си ги пополнат дупките во буџетот.

Сето ова е започнато со оформувањето на Народните Банки на крајот на 19 и почетокот на 20 век од тогашните влади и монархии за да може да ги финансираат своите војни и луксузи.До тогаш постоеле само Државни Трезори каде се чувале златните и сребрени резерви спрема кои биле соодветно печатени валутите.Секоја пара имала своја вредност.Денеска сите денари да се соберат во оптек во Македонија би можел да купиш се што се продава во денари неколку кратно.
 
Накратко кажано, ем сме истепани, ем сме изе*ани ! :tapp:
 
Пред 10 години,за 100ден се купуваше 3 пара чорапи од пазар......денес за 100 денари се купува мобилен телефон од пазар. :јебачко смајли:
 
Порано во Охрид од банкана до славија беше 100 денари , а сега за 150 од минимаркет ни до ајван плажа не те носит.
 
Не е толку голем проблем инфлацијата колку што се замрзнати платите. Тие стојат во место веќе 15 / 20 години, цените на суровините одат нагоре и се создава таа разлика. Ракија по кафани 96та некаде беше 30 денари. Литро вино беше 100 денари. Шопска беше 40 денари. Со 300 денари софра се тераше, сега со 300 денари едно шише вино неможеш да нарачаш. ЌебапчиЌ беше по 5/6 денари парче, сега се по 12.
Цената на цигарите дупло се зголеми, босс на времето се купуваше за 30 денари, сега сигурно се 50 (ако има некој што ги пуши:)), лаки беше 45 денари, партнер беше 17 денари со емте и југославија. Драва незнам колку беше, сега и ги нема тие изчезнаа со времето. И плус имаше по 20 цигари внатре, сега еден ни крадат.
Бурек четврт беше 20 денари, сега е 35 со сирење. 5 денари беше јогуртче мало, сега е 15.
Додека беше Телеком државен буквално се спиеше на телефон, немаше потреба од мобилни телефони. Значи 24 часа на телефон, кавги со комшиите оти бевме двојници. Сега оди заврти од фиксен ќе се чешаш по глава месец дена.
Па ако се вратам поназад во времето на Анте Марковиќ бананите кога беа без пари :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom