Прва работа, не ми се обраќај мене коа ја не ти се обраќам тебе. Да сакав да дискутирам со тебе, ќе те цитирав Тебе.
But I didn't.
И, што ми кажа? Дека капитализмот е срање? Тоа е твојот аргумент дека анархија е возможна? Е решение?
Ме виде некаде да го величам капитализмот па ми пастираше слика од дете со разнесена глава за да постигнеш некаков ефект? И тоа, Дејвид Ајк страната

Мајкооо..

Што е најсмешно, делот што требаше да ти биде punchline е живи патетики. Емпириски гледано расцветани детски глави има палеолит до денес, и како ти успеа тоа да го поврзеш со капитализам, стварно не ми е јасно.
Кој е твојот следен потег? Лоботомија?
Жити се, ко ќе ми се збори за конспираси теории, ќе те цитирам, до тогаш, одмори ме, види шо убао си зборам со АнФем.
Should a single fuck be given дали сакаш или не сакаш да те цитирам?! Пошто е ова форум, тема на која дискутираат повеќе членови, а телепатијата сеуште не ја поседувам.
Шо убаво си збориш нели, пошто знаеш дека анфем не може толку прецизно да ја третира темава па као ќе докажуваш некоја поента. Кога некој ќе ти побара основни поими... ama brat ja ne praam so tebe muabet.
Ова што го напиша е само објективна анализа на меѓусебниот однос на единката во капитализмот?
Добро, значи како што очекував, одговорот ти беше тој. Дека тоа ваше "најнормално си функционираме" се сведува на тотално паразитирање на грбот на капитализмот што го серете. Ги користиш сите негови благодети, и не давајќи никаков фидбек, баш убаво, онака анархистички, си живееш..
Ај да видиме образложи, пошто се расфрлаш со поими како паразитизам, фидбек, благодети...
Како успеав? Многу лесно, таа “расцветана глава“ е како последица на спрегата меѓу државата и капиталот. Директен резултат. А можеби пак шират демократија и човекови права, се жртвуваат за ближниот свој...се друго е теорија на завера, да си знаеш.
Моите аргументи се пишани по темава нашироко, да се повторувам за секој падобранец кој се спушта...not today.
Не ти чини тој линк, сакаш од други извори слики?!
http://rogerhollander.files.wordpress.com/2009/03/civilian-casualties.jpg?w=460
http://www.makethemaccountable.com/images/0812/BombingInGaza.jpg
тие поими се битни.
Како што прочитав претходно од Анфем,
ќе се тргувало со добра од сопствено производство, размена на стока. Друг вели дека пари ќе има...Ме интересира дали во тие држави ќе има монетарен систем или има различни ставови по ова прашање и ако има како ќе се регулира.
Како ќе се вреднува трудот, како ќе се организираат дејностите за човековото здравје, образование, безбедност и други неопходни дејности и зависно од начинот на вреднување на трудот, што со старите и болните односно непроизводните семејства.
Зависно од вреднувањето ќе треба да го разглобите системот на образование, дали воопшто ќе постои како таков, дали ќе постои воопшто (што ќе го натера човек да се образува и дообразува освен да заврши занает доколку вреднувањето се врши исклучиво според потребите и можностите). Ме интересира накратко градбата на анархистичко општество, земајќи ја предвид човековата свест сега или во минатото/иднината.
Има различни ставови но досега во пракса најдобар се покажал мутуалистичкиот/кооперативниот систем, горе долу базиран на идеите на Прудон. Иако нема некаков универзален лек бидејќи условите се разликуваат од територија до територија.
Делумно беше објаснето, уништувањето на конфронтацијата меѓу капиталот и работникот со елиминација на монополот на капитал, конкретно за здравство веќе постојат здравствени кооперативи каде се се уплаќа одредена сума на одреден, договорен период. Што е разликата со државен фонд? Тоа што се знаат трошоците, јасно се знае што евентуално би се добило како здравствена услуга и со каков квалитет и членовите во случај да не се задоволни од работата на лекарите гласаат за нивна смена т.е имаат интерес да работат за доброто на оние кои ги плаќаат, освен за својот интерес. Ништо од тоа не е можно во државниот систем на здравство каде не се знае ниту кој јаде ниту кој пие, каде се одлеваат средства, што и дали воопшто ќе се добие и со каков квалитет...
Што е разлика со приватен фонд? Тоа што факторот профит е целосно исклучен.
Исто е и со образованието, грижата за оние кои неможат да се грижат за себе и со секоја сфера. Дали се работи за територија или за економски субјект или трет вид на организација, ако се елиминира главниот терминатор на ресурси и материјални добра, издвојувањето за оние кои навистина не можат да се грижат за себеси е најмал проблем.
Ако можеш да одвоиш
54 минути, верувам некои работи ќе ти се препознатливи

да видиш како тоа изгледа во пракса, иако сеуште не може целосно да функционира надвор од државата во случајов, ќе им пратат војска “за нивно добро“, вака само ја минимизираат улогата на државата.