S
Shellshock nam67
Гостин
По венчавка нема тоалет 3 дена
Членовите на индонезиската заедница Тидонг за тоа време не смеат да ја напуштат куќата, а за да го поминат тестот, нив ги надгледуваат неколку луѓе и им даваат минимална количина на храна и пиење.
Традицијата на членовите на индонезиската заедница Тидонг налагаат дека младенците по венчавката не смеат да одат во тоалет три денa, а за тоа време не смеат ни да ја напуштат куќата.
Традицијата ќе останеше непозната за пошироката јавност да не беше Министерството за култура, уметност и наследство кое го откри чудниот обичај на манифестацијата во Сандакан.
Обичајот го објасни поглаварот на заедницата - Марукин Долах (72) кој кажал дека се верува дека кршењето на обичајот може да доведе до пропаст на бракот, неплодност и смрт на децата.
Тој објаснил и дека парот е надгледуван од неколку луѓе за да бидат сигурни дека го поминале тестот. Во текот на тие три дена младенците консумираат минимални количества на храна и пијалоци, а по изминувањето на тој период, парот се капе.
Пред венчавката, младоженецот и невестата ги носат во куќата на носилки, а наместо младоженецот, прстенот на раката на жената го става нејзината мајка, пренесува "thestar.com".
Свршувачката пак, во другата заедница Сулук не трае повеќе од една недела и жената за тоа време исто така не смее да излегува од куќата, а поглаварот на оваа заедница - Мустафа Хасан (41) објаснува дека веридбата трае кратко за да не дојде до инциденти.
Вереникот смее да ја види младенката дури откако ќе и отпее неколку љубовни песни, а до тогаш ги разделува завеса која потоа се подига.