Митови за силувањето (Rape myths)

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Пак ќе повторам - жените НАЈМАЛКУ се средуваат ради мажите, најмногу ради другите жени.
Исто како што мажите купуваат појаки коли не ради жените, туку ради курчење пред другите мажи.
--- надополнето: 20 април 2012 во 15:20 ---


Нема, не се секирај :)
--- надополнето: 20 април 2012 во 15:28 ---



Е Владе, не мешај сега работи.

Прво, ако јас се облечам речиси-па-гола не значи и дека ќе драпам нечии муда.
Што ако сум така облечена, а не го ни гледам типот, не ни помислувам да ја прифатам пијачката што ја пратил, и мн. нормално - не идам кај него у кола, уште помалку кај него дома?!
Дали и тогаш моето НЕ е касно не?
тогаш твоето не е не, и е класичен пример за силовање.
не замешав јас ништо, многу јасно кажав. самата облека сама по себе не е причина но може да биде повод. тоа е веќе друго.
тогаш да може да дојде до силување но тоа е она кое треба да се казни и се казнува најчесто.
ама она другото за кое јас напоменав во никој случај не може да биде силување и како такво и никој не го смета. тогаш она не на женското е малце закаснето.
ајде еден пример онака колку да видите дека некогаш НЕ не помага многу. или демек се попишамив од х причини.
си стануваш сабајле и велиш денес ке ограбам банка. си се пицнуваш онака како за грабеж на банка си земаш фантомка и оружје и правец во банка.
таму си ја ставаш фантомката го вадиш пиштолот и се дереш демек грабеж. алармот вклучен полицијата на врата чека да излезиш, а тебе по некое време ти текнува дека уствари колкава глупост направи. си ја вадиш фантомката го фрлаш пиштолот и викаш на цел глас. НЕ НЕ НЕ СЕ ПОПИШМАНИВ. НЕ САКАМ ГРАБЕЖ ДА НАПРАВАМ.
на таа твоја изјава на сите им олеснува, сите во еден глас ти аплаудираат и се смешкаат , некој дури и те гушка.
надвор полицијата те тапка по рамо и ти кажува повеќе така да неправиш. и сите по дома како ништо да не било.
или нема да биде така, што велиш ти. туку ке те спружат на земја и ке си одговараш за грабеж. ете тоа вашето НЕ или се попишманив колку помага кога ситуацијата е отидена далеку далеку.
е сега наместо фантомка замисли си провокативна облека, наместо банка неговата соба каде сте насамо, а наместо грабеж онака распиштолени на кревет или пример кај ви е згодно.
и ти на сред тоа викаш НЕ. е нема не.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Too much bilo da se oblekuva zhenskata vaka:


Ajde Pumo, ke ti dojde red da odish po americhki diskoteki ili evropa nekade, ke vidish kolku ne e too much, i kolku normalno e. Edinstven efekt vakvo oblekuvanje shto ima e toa deka na mashkoto mu dava prichina plus za da i se pushti na zhenskata mislejki deka polesno ova ke ja legne nego nekoja po farmerki.

Magde dobro reche, se e do toa kolku e pijana zhenskata. Ima zhenski po farmerki i ("moderni") rollki ili so drug zbor oblecheni kako za na shkolo a vo diskoteka se, ama napraveni kako masa od shto se pijani, sami ke pochnat patentot da ti go otvorat, a ima i vakvi "too much" oblecheni koi si znaat kolku im e granicata, a se oblekuvaat vaka zatoa shto imaat shto da pokazhuvaat i samo so pogled ke ti reche get the fuck off.

Siluvachot, nema da odbere dali ova ili taa oblechenata, i ne site siluvanja se pravat vo diskoteki. Ako ima shansa nikoj da ne go primeti, on i mashko ke ebe, vo sluchajot Bene, on e ubavo mashko shto lichi na zhensko, duri i wot donekade e isto taka ama bez brkche. :D
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Имањето големи гради не значи „Да“, се согласувам, ама имањето големи гради и носењето големо деколте, мини сукња и високи потпетици и те како значи „Дојди ми!“. Премногу ствари праиме за да си кренеме самодоверба. Сите се чувствуваме убаво кога знаеме дека ги привлекуваме погледите на луѓето додека се движиме по улица.
Размислете само од која причина се дотеруваме. За да си бидеме поубави на самите себе, или за да привлекуваме повеќе луѓе?
Ако разгледаш, сите оние кои што се облекуваат убаво, се убави и средени, ги привлекуваат луѓето да им се приближат. Без разлика дали тоа биле колешки и колеги на факултет, професори, дечки во кафич, во дискотека или манијак на улица.
Сигурно манијакот нема попрво да забележи некоја која се носи во фармерче, патиче и маичка, покрај некоја гореопишана. Не се само провокативно облечените силувани, да, но имаат поголема шанса да бидат приметени, што води до насочување на нечие внимание кон себе, а тоа може да биде и внимание на силувачот.

Just sayin'...

Што не е причина да прекинеме да се дотеруваме и да провоцираме со изглед :)
Како што информацијата дека мажот ми МОЖЕ да ме силува, не е причина да не се мажам :)
--- надополнето: 20 април 2012 во 21:54 ---
Пак ќе повторам - жените НАЈМАЛКУ се средуваат ради мажите, најмногу ради другите жени.
Исто како што мажите купуваат појаки коли не ради жените, туку ради курчење пред другите мажи.
А со каква цел би се дотерувале заради другите жени?
За да си трипаат его кога ќе бидат боље облечени од некоја „пријателка“? :D
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
За жал има мал број на будали што функционираат баш така. Не дека некој ќе те силува ако се облечеш попровокативно на улица ама има психопати кој целата работа сосема погрешно ја разбираат. Исто како што некој шизофреничари мислат дека Бог им зборува така има некој пациенти кој мислат дека ако некоја се облече малку поголо дека е специјално тоа за нив и дека е ептен попалена по нив. Има секакви будали на светов...не дека ова не го знеа секој звучам ко да обајснувам дека има топла вода.
Ок, јасно ко ден - ги има секакви. Али ја не зборам за психички нестабилни личности, не зборам за оние што мислат дека моето деколте чува специјална тајна порака само за нив, за опседнати, стокери и не знам уште какви. Зборам за нормални (условно кажано) „фраери“ што после три пива добиваат сила и моќ врз секоја цура у видокруг, што за секоја девојка у кратка сукња имаат мислење дека е дроља и што осмех толкуваат како „спремна сум“, што ако страсно ги пољубиш за нив значи - готово, влагам, не смее сеа да ми се предомисли, нема право сеа да ме одбие!
На кратко - зборам за шовинисти според кои девојките се подредени на нивните моментални расположенија и желби.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ај сеа и ти...па сигурно бабиве ги испровоцирале...
Може носеле волнени чорапи, а ништо не вришти FUCK ME како дебел волнен чорап на бабина нога...Ти викам, бабиве си го барале со боринче...курвишта низаедни!

Не постои теоретска шанса нормална девојка да биде силувана. Тоа може да им се случи само на ку*ви и распуштеници. Некој може ќе се запраша зошто мажите би силувале радодајки, кога по дефиниција од таквите и онака лесно се добива секс и без употреба на сила, али ја не можам да се занимавам сеа со такви комплицирани прашања. Силувани се само ороспии и точка!
Така е. Бабите се тешко искушение за некои луѓе. Посебно ако ги извадат вилиците. Курвишта. Е не носат сите јебозовни шамии, ама за оросписки цвикери се закон. Се возат по автобусиве без пари и уште надразнуваат што ќе стигнат. Ова на некаков заговор ми личи.Тука може и владава да има вмешано прсти. Еднаш гледав како го малтретираа возачот. Со банана му претеа.
И во право си да не комплицираме многу, никој од тоа не видел арно. Посебно затоа што силувачот е оној кој одлучува што е тоа радодајка.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
--- надополнето: 20 април 2012 во 21:54 ---
А со каква цел би се дотерувале заради другите жени?
За да си трипаат его кога ќе бидат боље облечени од некоја „пријателка“? :D

Да. И не сфаќам што ти е тука чудно.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Да. И не сфаќам што ти е тука чудно.
Јас сум женско и кога се облакам у штикли и мини сукњич го правам тоа за да си кренам самодоверба т.е. другарките да ми кажат „Уааау какви нозе имаш ти девојко не си нормална“ и 30% од машката популација да се сврти по мене додека одам по улица :)
Во кратки црти, да си кренам самодоверба, кога ми недостасува.
Sorry for being honest :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Тој не ја викна дома како другарка, туку како девојка.
Само што човекот смета дека сексот не е сЕ и дека треба малку подобро да се запознаат, едноставно да и се претстави, да се дружат малку.
Мислам дека девојката не е навикната на такви фини дечки, па и се виде немажествен човекот што не ја ни залапал.
е тука мислам дека се заебал.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Јас сум женско и кога се облакам у штикли и мини сукњич го правам тоа за да си кренам самодоверба т.е. другарките да ми кажат „Уааау какви нозе имаш ти девојко не си нормална“ и 30% од машката популација да се сврти по мене додека одам по улица :)
Во кратки црти, да си кренам самодоверба, кога ми недостасува.
Sorry for being honest :)

Значи, основата е дека се облекуваш заради себе и заради комплименти од другите, што значи - заради типичен ego boost.
И сеа, што беше поентата на претходното твое прашање?
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Значи, основата е дека се облекуваш заради себе и заради комплименти од другите, што значи - заради типичен ego boost.
И сеа, што беше поентата на претходното твое прашање?
Не ми е јасно зошто сите жени го негираат аргументот кога некој вели дека сите жени се дотеруваат за мажите т.е. поточно, да привлечат внимание од мажите.
 
В

влијателен

Гостин
И покрај ширењето на модерната демократија и создавањето на модерното општество и глобална култура, која го заменила традиционалното општество, улогата жената во „бирањето“ на партнер се уште останува на согласување или несогласување на понуда. Овој „проблем“ со облекувањето провокативно го потврдува пасивниот однос на жената кон прашањето на избор на партнер. Таа се нуди на пазарот, така наречен meat market и чека да биде избрана. За жал природата не и дала сила да може да се одбрани од оние кои не признаваат не за одговор.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Не ми е јасно зошто сите жени го негираат аргументот кога некој вели дека сите жени се дотеруваат за мажите т.е. поточно, да привлечат внимание од мажите.

За сите жени не можам да зборувам. За себе - не го негирам фактот дека ми годи машко внимание, комплимент, поглед итн. Али, кога се дотерувам, шминкам, облекувам првенствено го правам тоа за себе, за кога ќе се погледнам во огледало да бидам задоволна од тоа што го гледам. Потоа, нормално, за оној ego boost - завидливи погледи од други девојки, некакво сознание дека изгледам супер, колку и да звучи лошо - подобро од некои. И да баталиме лажна скромност - секој ужива во тоа чувство. Ама дека единствена цел при дотерувањето ми е одобрување или фалење од машки - апсолутно не! Баш заради тоа и има вакви размислувања - провокативно облечена девојка се мести да биде силувана и баш заради тоа треба да се искорени таквиот став.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
значи сума сумарум сепак врти сучи испаѓа дека сепак е ради спротивниот пол.
сигурно и дома така пицнати седите???
и незнам што се возбудивте толку околу тоа, тоа е најнормална работа, нагонска и потсвесна.
ако сте попривлена ако имате подобри облини кои повеќе доаѓаат до израз, ако имате убава кожа и средени нокти, средена коса или со други зборови одржувана, машките можеби нема директно да заприметет ама потсвесно знаат дека сте личност која се грижи за својот изглед и здравје, или накратко дека сте спремни за раѓање или дека можете да му обезбедите потомство.
друга работа е што можете да бирате пошто ке го привлечете вниманието на повеќе потенцијални партнери и можете да го бирате онај кој спред вас би бил најидеален татко на вашите деца според вашите критериуми.
истото и за мажите важи само што нас критериумите ни се поинакви од вашите. ние покажуваме моќ, значи пари кола или повеќе на материјално одиме. тоа е затоа што вие повеќе цените маж кој е способен да ве гледа вас и вашите деца. порано тоа било добар ловец, физички јак и така нешто, сега ако има пари значи ке можи да ви ги задоволи сите потреби. тоа најлесно се докажува со скапа кола, скапа облека сат мобилен. сето тоа индицира дека тој е многу поспособен од некој кој нема кола, нема скапа облека или накратко нема пари.
а тоа е она најбитното покрај се и за мажите и за жените. и на едните и на другите крајна цел им е да им дадат најдобри предуслови за своето потомство или да се обезбедат со такво. сепак за нивните гени се работи и дали тие ке продолжат понатаму.
така да не не се облекувате само за вас или за другарките туку само и само за спротивниот пол, и нема ништо лошо во тоа. се е тоа природно и нагонски.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
значи сума сумарум сепак врти сучи испаѓа дека сепак е ради спротивниот пол.
сигурно и дома така пицнати седите???
и незнам што се возбудивте толку околу тоа, тоа е најнормална работа, нагонска и потсвесна.
ако сте попривлена ако имате подобри облини кои повеќе доаѓаат до израз, ако имате убава кожа и средени нокти, средена коса или со други зборови одржувана, машките можеби нема директно да заприметет ама потсвесно знаат дека сте личност која се грижи за својот изглед и здравје, или накратко дека сте спремни за раѓање или дека можете да му обезбедите потомство.
друга работа е што можете да бирате пошто ке го привлечете вниманието на повеќе потенцијални партнери и можете да го бирате онај кој спред вас би бил најидеален татко на вашите деца според вашите критериуми.
истото и за мажите важи само што нас критериумите ни се поинакви од вашите. ние покажуваме моќ, значи пари кола или повеќе на материјално одиме. тоа е затоа што вие повеќе цените маж кој е способен да ве гледа вас и вашите деца. порано тоа било добар ловец, физички јак и така нешто, сега ако има пари значи ке можи да ви ги задоволи сите потреби. тоа најлесно се докажува со скапа кола, скапа облека сат мобилен. сето тоа индицира дека тој е многу поспособен од некој кој нема кола, нема скапа облека или накратко нема пари.
а тоа е она најбитното покрај се и за мажите и за жените. и на едните и на другите крајна цел им е да им дадат најдобри предуслови за своето потомство или да се обезбедат со такво. сепак за нивните гени се работи и дали тие ке продолжат понатаму.
така да не не се облекувате само за вас или за другарките туку само и само за спротивниот пол, и нема ништо лошо во тоа. се е тоа природно и нагонски.

Као прво, да се водевме стриктно само по природно и нагонски немаше да бидеме луѓе, него животни. Така да, муабетот ти е неиздржан во таа смисла.
Као второ, глупаво и нелогично е размислувањето дека прво треба да се задоволи вкусот на некој друг, а потоа својот. Ако мене не ми се свиѓа како изгледам, така нема да излезам од дома - ќе се потрудам повеќе, а откако ке го добијам посакуваниот резултат, ќе можам да се надевам на внимание од другарки и момци. Така да, и муабетот „само и само за спротивниот пол“ ти паѓа у вода.
И на крај, не секоја жена копнее да основа фамилија и да израѓа еден куп деца од способниот и сопруг. Чисто ради информација, постојат жени на кои деца воопшто и не им паѓаат на памет - не само во моментот на дотерувањето, туку воопшто во животот.Од друга страна хомосексуалците генерално важат за најдотераните мажи, а воопшто и немаат можност за репродукција. За што се дотеруваат они тогаш?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
„Не ни кажувајте како да се облекуваме, кажете им да не силуваат.“

Мит: Силувањето е секс
Мит: Жените ги иницираат мажите на силување.
Мит: Сопругот не може да ја силува сопругата.
Мит: Само распуштени жени се силувани.
Мит: Повеќето силувања се спонтан афект, силувачот не може да се контролира себе си.
Мит: Само ментално болни луѓе се силувачи.
Мит: Жените потајно посакуваат насилен секс.
Мит: Ако личноста физички не се противи, тој/таа не е силувана.
Мит: Жените си го бараат со нивното облекување и нивното однесување.
Мит: Жените во пијана состојба лесно прифаќаат секс.
Мит: Само одреден „вид“ на жени се силувани...
Мит: Силувањето се случува најчесто навечер, во темни ќошиња каде нема никој.
Мит: Силувањето е ретка појава, јас не знам некој кој е силуван.

Во Америка ова е многу актуелна тема во моментот, кај нас за жал скоро никој не е запознаен. Јас денес се запрепастив кога не само колег туку и колешки оправдаа силување зошто за нив на сликата на девојката и се сака. Не знам дали кај жените тоа е дефанзивно зошто девојката е секси, но женскиот шовинизам е еден од најголемите оксиморони во општеството и мора да исчезне. Кај нас цутат дами и поштени, но ова е веќе претерано.
Еве ја сликата, забранета е поради симболичкото значење


Целта на оваа тема е едукативна. Верувам дека кога би прочитале малку повеќе за темава би сфатиле дека сликата за силувањето како нешто што се случува само навечер во темни улички на некоја што си иде сама (па што мајка бара да си иде сама), е само одбрана од фактот дека тоа може да ви се случи и на вас. Чиста теорија на праведен свет. Не ги обвинувајте жените за да дистанцирате од нив, не ги стереотипизирајте ако се облекуваат провокативно, не се тие криви ако некој сексуално се возбуди на нив...

Ако има некој контра аргумент, нека повели:cautious:
--- надополнето: 19 април 2012 во 22:20 ---
Еве и слики од „маршот на курвите“ (slutwalk)









Абе убаво си било порано на пример пред нашата ера туку сега почнаа да мешаат многу работи кај шо не им е местото почнаа да се формираат секакви мислења и ставови, не ме бендисува ова ама ич! :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom