Митови за силувањето (Rape myths)

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Неможе нечие облекување да се смета како причина или пак чувај боже оправдување за силување! Тоа ти е исто како некој арамија да се правда дека украл нешто затоа што излогот бил многу привлечен и робата убаво запакувана и изложена...или убаво му мирисале печените кокошки што се вртат на раженот кој стои на излогот од скарата па му се створил апетит и украл кокошка.... не држи такво оправдување... не држи никакво оправдување за силување.... Што ако еве (за машките) си шетате по шорцеви и некој корпулентен обрастен педерчина облечен во кожа и кој вози чопер се напали на вас па ве силува а? ке речете тогаш па добро самиот си го барав оти носев шорцови? :)
Точно, не можи да биди оправдување. Ама затоа пак, бидеќи знаат дека има арамии, сите златари го тргаат златото од излог. Ако веќе одиме со примери.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Баталете тоа баби-жаби, деца-меца, даун-маун, кучиња, мачки и.т.н. ............. дали некој силувал здрава или нездрава, убава или неубава, млада или стара девојка/жена/баба, или пак силувал машко дете или мало девојче тоа си е веќе работа на законот/полицијата, силување си е силување(кривично дело) без разлика врз каква личност е извршено жена маж дете девојче баба дедо хендикеп и.т.н. !
А што се однесува до облекувањето и понашањето, многу добро сите знаеме и распознаваме што е нормална пристојна и поштена девојка/жена и што е ..... она спротивното ............. исто така сите знаеме што е нормално и пристојно облекување(не мислам на целосно покривање/забулување) и што е претеризам и too much ........ има места каде што може да се оди too much, но сепак не е вкусно и културно на улица, автобус, продавница, пазар, школо/факултет, работа и.т.н. да се оди така !
Е па сега за нас христијаните поштени се оние што се облакаат онака како што ние сме си визуелизирале дека е поштено да се облакаат, во муслиманскиот свет поштено е само очите да се гледаат на девојката све друго да е покриено, некаде не смеат ни очите ги пририваат со наметки. И сега кој е во право?
На плажа ке видиш и со домачински купаки и со танга со прслуци бес прслуци со гаќи без гаќи, и која е поштена тука?
Во Тајланд ке видиш све и свашта, жени со курови, мажи со вагини, лакирани, силикони, маскирани, вакви такви, секакви, и која е поштена од ова све?
Сакам да кажам дека многу скептично размислуваме, ослободете се малку, што мора да има правила на облекување, според мене, секој нека си се облака како што тој се чувствува убаво, ако некоја девојка сака да има секс нека се облече провокативно, ако сака да најде друштво за муабет и романтични проводи нека се облече во фармерки пример или не знам во некое сукњиче позатворено, ако сте излегле за во парк облечете тренерки, што има тоа врска.
Мене ми е баш убаво кога сум во дискотека на пример да бидам во друштво со провокативно облечени, згодни и насмеани девојки, едноставно знаеш дека вечерта ке си поминеш многу убаво, ке имаш секс со убави тела, ке бидете насмеани, задоволни и среќни, ке правите штро сакате и ке се забавувате, сите ситни проблемчиња во тој момент ке ги снема.
Кога одам во парк на пример сакам да сме си така поспортски облечени и некој да знае на гитара да свири, да земеме чкартно вино во пластична туба, да се распееме и да биде убаво, дома кога ке си легнам, да си легнам со насмевка на лице, едноставно не се ограничувајте, секоја прилика нека биде како што сакате да биде, не мислете што ке кажат за вас, не мислете што другите очекуваат од вас, мислете како на вас ви е убаво, и што поубаво да си го изживеете животот, во слобода.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Јас тебе те разбирам. Ти цело време сакаш да укажеш на тоа дека има ментално пореметени типови на кои не им е битно дали имаат дозвола или не, па затоа жената треба да биде свесна, да пази да не испрака погрешни сигнали...
Ама јас мислам дека на истите тие фрикови не им е битно дали девојката испрака вакви или онакви сигнали ако имаат потреба да си ја докажуваат машкоста на таков грозоморен начин.
Во Македонија имаше случаи како млади дечки силувале баби,се прашувам дали бабите биле премногу разголени и провокативни :unsure:
Добро е, си ме разбрала :) А јас сметам, дека има случаи каде што таквото облекување го поттикнува нагонот кај некои. Не мислиш ти така?
И не мешам јас други примери, оти за сите други примери ќе се согласиме. Јас зборувам за конкретниов пример. Дали провокативното облекување можи да поттикни нестабилни мажи на силување.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Е па сега за нас христијаните поштени се оние што се облакаат онака како што ние сме си визуелизирале дека е поштено да се облакаат, во муслиманскиот свет поштено е само очите да се гледаат на девојката све друго да е покриено, некаде не смеат ни очите ги пририваат со наметки. И сега кој е во право?
На плажа ке видиш и со домачински купаки и со танга со прслуци бес прслуци со гаќи без гаќи, и која е поштена тука?
Во Тајланд ке видиш све и свашта, жени со курови, мажи со вагини, лакирани, силикони, маскирани, вакви такви, секакви, и која е поштена од ова све?
Сакам да кажам дека многу скептично размислуваме, ослободете се малку, што мора да има правила на облекување, според мене, секој нека си се облака како што тој се чувствува убаво, ако некоја девојка сака да има секс нека се облече провокативно, ако сака да најде друштво за муабет и романтични проводи нека се облече во фармерки пример или не знам во некое сукњиче позатворено, ако сте излегле за во парк облечете тренерки, што има тоа врска.
Мене ми е баш убаво кога сум во дискотека на пример да бидам во друштво со провокативно облечени, згодни и насмеани девојки, едноставно знаеш дека вечерта ке си поминеш многу убаво, ке имаш секс со убави тела, ке бидете насмеани, задоволни и среќни, ке правите штро сакате и ке се забавувате, сите ситни проблемчиња во тој момент ке ги снема.
Кога одам во парк на пример сакам да сме си така поспортски облечени и некој да знае на гитара да свири, да земеме чкартно вино во пластична туба, да се распееме и да биде убаво, дома кога ке си легнам, да си легнам со насмевка на лице, едноставно не се ограничувајте, секоја прилика нека биде како што сакате да биде, не мислете што ке кажат за вас, не мислете што другите очекуваат од вас, мислете како на вас ви е убаво, и што поубаво да си го изживеете животот, во слобода.
Во Иран, Авганистан, Пакистан или во С.Арабија недај боже некоја да излезе надвор од куќа без фереџе/бурка ! :D
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.526
Сакам да кажам дека многу скептично размислуваме, ослободете се малку, што мора да има правила на облекување, според мене, секој нека си се облака како што тој се чувствува убаво, ако некоја девојка сака да има секс нека се облече провокативно, ако сака да најде друштво за муабет и романтични проводи нека се облече во фармерки пример или не знам во некое сукњиче позатворено, ако сте излегле за во парк облечете тренерки, што има тоа врска.
Битно е сите сакаат да изгледаат како оние певаљкине на пинк кои изгледаат како проститутки од Лос Ангелос (посебно саут сентрал), а овде го наметнуваат како главна шема, користејќи го сексуалниот нагон и фантазии кај народо, како орудие за заработка на шо повеќе новца.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што ако еве (за машките) си шетате по шорцеви и некој корпулентен обрастен педерчина облечен во кожа и кој вози чопер се напали на вас па ве силува а? ке речете тогаш па добро самиот си го барав оти носев шорцови? :)
Неколку пати на темава го сретнав овај пример.

Некој си фантазира?

:icon_lol:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Не знам зашто моите постови ги разбирате како: „Ако се шета провокативно она е крива што била силувана“
Во секој пост кажав дека не одобрувам силување.
Ако можеш да ставаш крема за заштита од сонце, кондом за заштита од сексуално преносливи болести и трудноча, ако можеш да се мачкаш со секакви креми за да не те касаат комарци, ако можеш да пиеш апчиња за да не настинеш, ЗОШТО да не можеш да си го заштитиш она што те прави најранлива како жена и да облечеш парталче плус?

Пак ќе кажам - по оваа логика на парталче плус, на збор помалку, на преќути да не се караш, односно по линијата на послаб отпор не треба да се оди. Уместо да едуцирате на полето на превентивно облекување, пробајте на она другото: мужи, контролирајте се! Никој не рекол дека ти одобруваш силување, али провокативната облека ја сметаш за потенцијален фактор за извршување на истото, што според мене е апсурдно!
Сонцето, комарците и настинките немаат сопствена свест на која можам да влијаам, па затоа превземам мерки. Користење кондом е common sense
И крај краева, не се само провокативно облечените девојки жртви на силување. Силувани се и скромно облечени девојки, постари жени, па и баби, како што беше кажано погоре. Облеката не е никаков фактор во превенцијата при силување и смешно е да се тврди поинаку.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Добро е, си ме разбрала :) А јас сметам, дека има случаи каде што таквото облекување го поттикнува нагонот кај некои. Не мислиш ти така?
И не мешам јас други примери, оти за сите други примери ќе се согласиме. Јас зборувам за конкретниов пример. Дали провокативното облекување можи да поттикни нестабилни мажи на силување.
Нестабилните мажи кои се склони кон насилство ги поттикнува самиот нагон, не верувам дека облеката на жената игра голема улога, па дури и да е така како што кажуваш, во никој случај вината не треба да и се наметне на жената.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Пак ќе кажам - по оваа логика на парталче плус, на збор помалку, на преќути да не се караш, односно по линијата на послаб отпор не треба да се оди. Уместо да едуцирате на полето на превентивно облекување, пробајте на она другото: мужи, контролирајте се! Никој не рекол дека ти одобруваш силување, али провокативната облека ја сметаш за потенцијален фактор за извршување на истото, што според мене е апсурдно!
Сонцето, комарците и настинките немаат сопствена свест на која можам да влијаам, па затоа превземам мерки. Користење кондом е common sense
И крај краева, не се само провокативно облечените девојки жртви на силување. Силувани се и скромно облечени девојки, постари жени, па и баби, како што беше кажано погоре. Облеката не е никаков фактор во превенцијата при силување и смешно е да се тврди поинаку.
Ај нека ти биде...само не би те советувал да го тестираш тоа.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Нестабилните мажи кои се склони кон насилство ги поттикнува самиот нагон, не верувам дека облеката на жената игра голема улога, па дури и да е така како што кажуваш, во никој случај вината не треба да и се наметне на жената.
Ама разбери дека јас не ја наметнувам вината кај жената. Јас и препорачувам да размисли што можи да бидат последиците.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Ама разбери дека јас не ја наметнувам вината кај жената. Јас и препорачувам да размисли што можи да бидат последиците.
И таа 73 годишната баба од село Градско после најновата епизода од сексот и градот си ја облече спаваќата, ја тргна шамијата, ги соблече опинците... така расположена и релаксирана си легна неразмислувајки дека може да биде силувана.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Дали судот ке пресуди ова или она, зависи од самиот случај, дали има знаци на насилсто, сведоци итн.
Во секој случај жената што била силувана, без разлика дали силувачот е нејзин маж, дечко, другар или тотален странец, без разлика дали флертувале, дали предходно имале односи или ја начекал во некое ќоше, таа има право да го тужи и да се бори да ја докаже вистината.
да де во ред, ама треба да дојде до суд, а шансите да добиеш се рамни на 0 од многу проста причина што не е докажливо.
зборувам за силувања од типот на сред ебање се попишманив.
и ај што нема да добиете пошто нема суд кој би го осудил некој за тоа туку и само ке се изрезилите, а пошто сепак македонија е мала и сите се знаат еден со еден,другите ке бегаат од вас како лепорзна да сте.
за класично силување мислам дека бев јасен и тука нема што многу да се каже.
проблемот е дека малце ги измешавте поимите силување, и тој термин го користите и кога треба и кога не треба, па затоа страдаат оние кои реално се силувани а не имагинарно.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ај нека ти биде...само не би те советувал да го тестираш тоа.
Не треба мене да ми биде, туку на оние кои си увртеле у глава „ако ми се дигне - е*ам, па шо сака нека биде!“
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ама сте се распишале ( додуша темите кај што пишала Пумата се осудени на 20+ страни:)) и пак не ве разбирам со муабетов за пристојно и непристојно облечени версус чинот силување. Демек си го бара малава со облекава? Ниедна жена не излегла облечена било како со ниет да биде силувана, такви тези само болен ум може да произведе. Ако провокативно облечена девојка си го бара, ондак овие што одат на нудистичка плажа си го бараат ептен. За тоа дали во денешно време е помината границата на женственоста и пристојноста може да се дискутира, меѓутоа во сосем друга тема. Силување во никој случај не смеете да оправдате. Сосем смешно е да се дискутира за тоа дека некој некого испровоцирал. Посилен пол е мајке му, зарем треба да се дискутира околу фактот дека маж може да згмечи жена на сила.

Патем знаете ли дека силувањата се случуваат најчесто зад затворени врати и баш напротив на жени кои не се непристојно облечени за излегување?

Е сега има и друга страна на паричката. Може многу лесно да ве наместат за силување. Најчесто спортистиве и познатите личности се местени за силувања од сосем лукративни причини. Многу евтин штос им се сервира. Посебно ако се малку наивни има да им лепнат силување, тужба и оштета дури рекле пиксла. Во секој случај силувањето е многу чувствителна тема и за мене премногу одвратна. Стомак ми се превртува од таква помисла.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не треба мене да ми биде, туку на оние кои си увртеле у глава „ако ми се дигне - е*ам, па шо сака нека биде!“
За жал има мал број на будали што функционираат баш така. Не дека некој ќе те силува ако се облечеш попровокативно на улица ама има психопати кој целата работа сосема погрешно ја разбираат. Исто како што некој шизофреничари мислат дека Бог им зборува така има некој пациенти кој мислат дека ако некоја се облече малку поголо дека е специјално тоа за нив и дека е ептен попалена по нив. Има секакви будали на светов...не дека ова не го знеа секој звучам ко да обајснувам дека има топла вода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom