5.400 тони државна пченица и јачмен продал Зоран Даневски и избегал од државата.

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Да не ја врати случајно пченицата во хангарите назад?
Толкава количина на жито се 1000 камиони не е возможно да се скрие тој арамилак освен со договор и знаење на вистинските луѓе од вистинското место.
Или народно кажано со АМИН од некој. Пченицата знаеме дека нема да ја врати, него дали може да му се заплени некој имот ме интересира, компензација да направи државата:)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Или народно кажано ке си одлежи 6/7 години помилувања добро однесување,празници укази за 3 ке излезе.
Абе кај се парите, дај мене нека ми дадат 1,5 милиони евра јас ке ги лежам 7 години ( кој овде за 7 години ке спечали толкава пара)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ДАНЕВСКИ НЕМА ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ОТИ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО БУГАРОФИЛ?!

Александра Спасевска

Сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија, Зоран Даневски, бара да не биде екстрадиран во Македонија оти се чувствувал како бугарофил и со евентуалното негово враќање во државата ќе биле загрозени неговите човекови права. Тројца бугарски адвокати на Даневски побарале заштита дури и од министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, дознава „Капитал“
Окружниот суд во Благоевград следната недела ќе решава дали Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија, обвинет за проневера на државни пари, ќе биде екстрадиран во Македонија. Како што пренесуваат бугарските медиуми, Даневски се чувствувал како бугарофил и затоа, неговите тројца бугарски адвокати побарале од Окружниот суд во Благоевград да ја преиспита одлуката за евентуална негова екстрадиција, бидејќи со тоа ќе му биле нарушени основните човекови права.
Како што пишува бугарскиот весник „Вера“, адвокатите на Даневски, Красимир Аршинков, Атанас Маскрчки и Емилија Дончева, пратиле барање лично до министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, од кого бараат да го заштити Даневски како македонски Бугарин и чекаат одговор по службен пат. Според барањето, постои ризик од нарушување на неговите човекови права на политичка и етничка основа по изјаснуавњето дека е бугарофил.

Според весникот, на рочиштето кое се одржало пред три дена во Окружниот суд во Благоевград, зад затворени врати, како сведок била распитувана и сопругата на Даневски, Соња Даневска. Обвинителката Весела Стоилова, во очекување на дописот и информациите од Министерството за надворешни работи, следното рочиште го закажала за следната недела, кога конечно треба да донесе се одлука за екстрадиција на Даневски.
Како што пренесува весникот, очекувањата на одбраната се дека тогаш случајот ќе се финализира, освен ако не побараат собирање на нови докази за кривичното дело. Според информациите на бугарскиот весник, Зоран Даневски нема бугарски пасош.
Од судот во Благоевград за „Капитал“ потврдија дека случајот Даневски е во процедура и дека следната недела би требало да биде донесена конечната одлука.
„Рочиштето за случајот Зоран Даневски е закажано за 24 април, кога судот ќе одлучи дали обвинетиот ќе биде екстрадиран во татковината или ќе остане во Бугарија. Повеќе информации за случајот во моментов не можеме да дадеме“, кратко информираа од Окружниот суд во Благоевград.
Од Министерството за правда на Бугарија потврдија дека барањето за екстрадиција на Даневски е стигнато до Окружниот суд во Благоевград, кој е надлежен за случајот, и чекаат информација од нив.
„Окружниот суд во Благоевград треба да се произнесе за случајот Даневски и врз база на нивната пресуда ќе биде одлучено дали обвинетиот ќе биде екстрадиран во Македонија или не“, изјави за „Капитал“, Малина Александрова, шеф за односи со јавноста во бугарското Министерство за правда.

Македонското Министерство за правда на почетокот од месецов испрати официјално барање за екстрадиција на Зоран Даневски, а според процедурата, тој требаше да биде екстрадиран на почетокот од оваа недела.
ЗА ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА ОСУДЕН УСЛОВНО 15 МЕСЕЦИ

Зоран Даневски беше уапсен во близината на Банско во Бугарија на 24 февруари, каде што случајно при редовна полициска контрола беше откриен дека се претставува со лажни документи. Тој имал документи дека е државјанин на Бугарија со адреса во Ќустендил, а при контрола на документите полицијата утврдила дека се работи за лажни исправи. По проверката на идентитетот утврдиле дека станува збор за македонски државјанин, кој се бара со меѓународна потерница. Поради лажната лична карта, тој беше обвинет за претставување со лажни патни исправи. Откако за ова беа информирани македонските служби, за него беше побарана екстрадиција и оттогаш му е изречена мерка притвор..
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
значи, доволно е да се кажеш за бугарофил, и сите криминални врати ти се отворени, интересно :) не сум знаел дека бугарофилите не смее мува да ги лази па макар и убиле:) ебати европската унија:facepalm:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Земи бугарски пасош, кради колку сакаш, па пребегај во Бугарија и жали се дека ти ги кршат „човековите права“ и апсат зошто си бугарофил. Позната шема.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кога немаме договор мегу БГ и РМ за размена и екстрадициja...ке се разгледува секи един случаj и едните ке си чекат и другите ке си чекат... и вака.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Кога немаме договор мегу БГ и РМ за размена и екстрадициja...ке се разгледува секи един случаj и едните ке си чекат и другите ке си чекат... и вака.
Незнам што ќе се случи ако се потпише договор за екстрадиција. Дали ќе можат тие со двојно државјанство да бегаат како сега во Бугарија. Сите криминалци ја научија оваа фината. Цело Македонско подземје е со бугарски пасош.
 
М

Мартин`

Гостин
Воа е веќе срамота!! :facepalm: уште ако му дозволат да не биде екстрадиран тоа ќе биде најголем резил ..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.295
Незнам што ќе се случи ако се потпише договор за екстрадиција. Дали ќе можат тие со двојно државјанство да бегаат како сега во Бугарија. Сите криминалци ја научија оваа фината. Цело Македонско подземје е со бугарски пасош.
Доколку имаме договор за екстрадиција тогаш ќе ни ги испорачуваат и нивните државјани. Само не ми е јасно и денес што корист имаат од тоа да заштитуваат криминалци.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Незнам што ќе се случи ако се потпише договор за екстрадиција. Дали ќе можат тие со двојно државјанство да бегаат како сега во Бугарија. Сите криминалци ја научија оваа фината. Цело Македонско подземје е со бугарски пасош.
Кога има договор мегу двете држави нема како да избега от казнуване.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Доколку имаме договор за екстрадиција тогаш ќе ни ги испорачуваат и нивните државјани. Само не ми е јасно и денес што корист имаат од тоа да заштитуваат криминалци.
Имаат корист со тоа што го рушат правниот поредок во Македонија и стимулираат криминалци да земаат нивен пасош. Не битно дали е криминалец или не битно е бугарофил.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Доколку имаме договор за екстрадиција тогаш ќе ни ги испорачуваат и нивните државјани. Само не ми е јасно и денес што корист имаат од тоа да заштитуваат криминалци.
Нема интерес, тоа е чисто правен аспект. По устав - Бугариja нема право да изпорачува свои грагани без предварителен договор.
Еве како е запишано
Гражданин на Република Б'лгарија не може да б'де предаден на друга д'ржава или на международен с'д за целите на наказателно преследване, освен ако това е предвидено в международен договор, ратифициран, обнародван и влјаз'л в сила за Република Б'лгарија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.295
Нема интерес, поа е чисто правен аспект. По устав - Бугариja нема право да изпорачува свои грагани без предварителен договор.
Еве како е запишано
Во ред, ама овој не е Бугар, туку бугарофил. И пак има најави дека нема да биде испорачан.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во ред, ама овој не е Бугар, туку бугарофил. И пак има најави дека нема да биде испорачан.
Поне jaс не знам дали има бугарско државjaнство или не. Ако има е 100% сигурно дека нема да го изпорачат.
Както е наведено погоре тоj оспорува дали да биде екстрадиран и само судот може да прецени дали да го екстрадира или не кога нема договор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.295
Поне jaс не знам дали има бугарско државjaнство или не. Ако има е 100% сигурно дека нема да го изпорачат.
Както е наведено погоре тоj оспорува дали да биде екстрадиран и само судот може да прецени дали да го екстрадира или не кога нема договор.
Формално-правно да, судот одлучува. Реално, одлуката ќе биде политичка. Ама нема врска, доколку ги сакате би ви ги пратиле сите криминалци. Еве и Србија со Даравелски покажува знаци дека сака да ви помогне. Поделите ги и чувајте ги таму, нам не ни требаат. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom