Еден за сите, сите за еден!

S

Sheldon Cooper

Гостин
Никој не го осудува цел албански народ. Замисли јас имам другар Албанец што смета дека УЧК се терористи, и не сите албанци ги поддржуваа/ат УЧК.
Човеку не ти се обратив на тебе лично. Има на форумов многу лица кои го осудуваат цел албански народ но не споменав експлицитно нечие име. Засегнатите нека си се пронајдат сами.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Све ОК, ама тоа дека ќе пуштам Лав Сонгс да слушам на Антена....:facepalm:
Цццц уште еден буквалиста .
Знаеш вообичаено пишувам во загради да не ме сваќаат за се буквално ама во последно време немам време за тоа.
http://en.wikipedia.org/wiki/Disclaimer
П.С Што им фали пуштаат добри песничиња.
 
O

Orion.

Гостин
Човеку не ти се обратив на тебе лично. Има на форумов многу лица кои го осудуваат цел албански народ но не споменав експлицитно нечие име. Засегнатите нека си се пронајдат сами.
Никој на форумов и во Македонија што е психички нормален не ги осудува СИТЕ
албанци тоа ти гарантирам!
Но сите албанци со сепаратистичко иредентистички идеи кои опфаќаат голем процент од вкупниот број на Албанци нормално дека ги осудуваме!!
Инаку за инфо, во 2001 година во АРМ иако малку имаше и војници Албанци
Sic vis pacem, para bellum - Vegetius
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Вие што се гнасите од убав збор, што к*р барате овде? Има милион други места за вас. Мора секаде да се пикнете и по илјадити пат да повторите што ве мачи? Знаеме, јасно ни е, ве имаме прочитано и не можеме да ви помогнеме. Бркајте работа на друго место бре,
истово ние го кажуваме на албанеците, ти ни го кажа нас.. воопшто не се раликуваме.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Цццц уште еден буквалиста .
Знаеш вообичаено пишувам во загради да не ме сваќаат за се буквално ама во последно време немам време за тоа.
http://en.wikipedia.org/wiki/Disclaimer
П.С Што им фали пуштаат добри песничиња.
Не си нормален што слушаш....
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Никој на форумов и во Македонија што е психички нормален не ги осудува СИТЕ
албанци тоа ти гарантирам!
Но сите албанци со сепаратистичко иредентистички идеи кои опфаќаат голем процент од вкупниот број на Албанци нормално дека ги осудуваме!!
Инаку за инфо, во 2001 година во АРМ иако малку имаше и војници Албанци
Така е, не голем, туку доминантен, останатите се незабележителни..сега кај и да е ќе рече некој „имам видено,да знаеш какви пријатели имам јас..„, па се разбира, можно е и верувам.
Но, како да зборуваме за духови.. исто толку има.
Незначителен број за големата слика. КАДЕ СЕ? На нив треба да им се упатат овие забелешки, срамота е на Македонците да се пишуваат вакви работи..
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дивајн срце изгледа кај тебе дома се ти е розево,па затоа така гледаш на некои работи.
Пробај гледај со други очи кон работите,гледај со очите на некое дете што го изгубило таткото во 2001 година на воениот фронт против љочките.
Пробај гледај со очи на некоја жена што изгубила маж во војната,што изгубила близок роднина да те видам дали така ќе размислуваш како во првиот пост.
Или ете барем остани кај некој таков на еден месец,па да видам кога ќе се вратиш на темава што ќе пишеш.

Македонците и македонскиот народ треба да биде -Еден за сите,сите за еден,ама штета не е така поради добро познати причини.
Кај нас е еден за сите,сите за никаде.

Живееме ние и они во многу различни светови,соживот тука со нив е рамно на утопија.
Мене ми е розево? Ако ми е и ако не ми е гајле за ништо, нема да се бламирам тука пред сите вас и вакви работи да пишувам. Можеш до толку да сфатиш, или не?:facepalm:
И твојов муабет, ај шо пак нема врска со темава, туку и прилично е прост. Само Македонци ли страдаа во војната? Само Македонци пропатија од неа? Зошто сте бе толку себични и затворени? Како може да помислите дека еден Македонец повеќе пати за смртта на својот близок од Албанецот? Абе вакви будалаштини само овде и никаде на друго место нема! Останавте во таа 2001-ва, како да не мрднал светот понапред од тоа. Или па како да ќе ги вратите починатите и убиените со било што. Ниту една одмазда ни омраза не ги враќа нив. Само кој да промисли за да сфати... тешко е знам, еве јас ве разбирам. Во ред е сега? Ќе олабавите барем тука?
--- надополнето: 20 април 2012 во 02:04 ---
Мислам дека вие сеете раздор меѓу Македонците со вашите тези. Но нема врска Дивајн ја/го отворил/а темата така да нека биде нејзината волја во овој случај ќе премолчам понатака.
Раздор? Повикувањето на мир и љубов во нашите срце пред се`, тебе ти изгледа на раздор? Абе шпански пишувам или некои луѓе навистина така ме разбираат?:facepalm:
Тргнете ги на страна сите луѓе кои ве повредиле и ви згрешиле, но со тие другите, зарем е тешко да се живее убаво? Само тоа прашувам. Не мора да пишувате и набројувате лоши примери. Сите сме запознати со се`. Но јас не спомнав да им појдеме на врата на убијците и насилниците и со нив да си живееме. Затоа не ве сфаќам, што само за нив се фаќате.:confused:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Дивајн ти не ги делиш луѓето само на добри и лоши, исто како што и сите ние не се делиме така.
Биди реална дека често пати си ги делела на македонци, Албанци, цигани, гејци, муслимани, христијани, кинези африканци.....
Всушност дури и во документите се потпишуваме дека сме нешто од овие погоре што ги наведов а уствари ние сме едно исто. Да да, го пишуваме ама колку сме свесни дали тоа е во ред или не, додуша и мораме да се пишеме затоа што човекот создал таква општествена организација во која има закони, и утврдени процедури кои човекот МОРА да ги почитува, или во превод е принуден со закана за физичка штета да поштпише и да се согласи на таа поделба. Избор има само да одбере на која страна ке биде, дали македонец или албанец, дали христијанин или муслиман, никој не не прашува дали воопшто сакаме да одбираме страна.
Можете ли за минута да замислите свет без поделби во секоја смисла на зборот освен на мажи и жени,бидејки тоа ни е природата нели, реалноста?
Што мислите би бил ли светот подобро место ако секоја поделба што ние си ја имаме во нашите глави за нашата припадност кон одредена група и за припадноста на другите кон некоја група, едноставно да испари све тоа, да го снема, да го заборавиме, што би било тогаш, си се подзамислил некој?
Се ставил ли некој некогаш во улога на оние прастари луѓе кои живееле по планините и во пештерите со кожни облеки, кои живееле без поделби и кои немале никаква религија, едноставно само си живееле во природата како и секое живо суштество што си живее, без лакомос, земале само онолку колку им било потребно да преживеат?
Да биле прости, немале компјутер ама барем биле природни, а во природата не постои злоба, постои само живот.
Ние се повеќе се оттргнуваме од таа природа, а тоа си го правиме самите себеси, со создавање на тие поделби, наместо да гледаме нешто заедно да направиме, како би го разубавеле животот, ние гледаме која група ке приграби поголем дел од некаков интерес и тука нормално постои вечната борба за освојување што повеќе, поседување што повеќе.
Албанциве сакаат да мењаат граници, и што што ке постигнат со тоа? Ке изумрат многу млади луѓе и на крај пак неколкумина ке уживаат во исходот од конфликтот. Знаете кои се тие луѓе, знаеме која е пирамидалната поставеност, све знаеме и пак сме слепци.
Ние па јаките македонци ке сме враќале изгубени територии на југ, многу сме горди со нашата историја....
Што се палите бе, тие луѓе се умрени со векови, коска не им се знае, а ние ко слепи за стап постојано нив ги величиме, ко да ке излезат од гроб за да им кажеме фала за нешто што тие направиле добро за нас?
Да ви кажам, тие не направиле ништо добро за нас, тие гледале да си направат добро за себе, пошто на нив им било мачно со турците да живеат секој ден, да ги пљачкаат силуваат и убиваат. Тие не мислеле на нас, на себе си мислеле, а тоа треба и ние да го правиме. Заебете историја, глејте сега што да направиме, да си ги подобриме работите за нас, не за нашите деца, нашите деца ке си мислат за себе и они ке ги оправаат проблемите во нивното време и така секоја следна генерација.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Мене ми е розево? Ако ми е и ако не ми е гајле за ништо, нема да се бламирам тука пред сите вас и вакви работи да пишувам. Можеш до толку да сфатиш, или не?:facepalm:
И твојов муабет, ај шо пак нема врска со темава, туку и прилично е прост. Само Македонци ли страдаа во војната? Само Македонци пропатија од неа? Зошто сте бе толку себични и затворени? Како може да помислите дека еден Македонец повеќе пати за смртта на својот близок од Албанецот? Абе вакви будалаштини само овде и никаде на друго место нема! Останавте во таа 2001-ва, како да не мрднал светот понапред од тоа. Или па како да ќе ги вратите починатите и убиените со било што. Ниту една одмазда ни омраза не ги враќа нив. Само кој да промисли за да сфати... тешко е знам, еве јас ве разбирам. Во ред е сега? Ќе олабавите барем тука?
--- надополнето: 20 април 2012 во 02:04 ---


Раздор? Повикувањето на мир и љубов во нашите срце пред се`, тебе ти изгледа на раздор? Абе шпански пишувам или некои луѓе навистина така ме разбираат?:facepalm:
Тргнете ги на страна сите луѓе кои ве повредиле и ви згрешиле, но со тие другите, зарем е тешко да се живее убаво? Само тоа прашувам. Не мора да пишувате и набројувате лоши примери. Сите сме запознати со се`. Но јас не спомнав да им појдеме на врата на убијците и насилниците и со нив да си живееме. Затоа не ве сфаќам, што само за нив се фаќате.:confused:
добро значи прифаќаш полемика? Јас сум по природа ненасилен човек, насилството го оправдувам само кога не постои друг излез односно да отфрлам насилство кое се применува врз мене. Проблемот е во тоа кој што подразбира под праг на толеранција. Не се работи овде за убијците тие имаат само мала епизода во целава ситуација. Проблемот е во концептот на државата односно кој како замислува да живее во истата. Јас не сакам утре моето дете со сила да учи албански, да живее во држава до две знамиња со два официјални јазици во држава во која се фаворизира некој само затоа што е припадник на малцинство (наместо обратното). Тоа е тоа. Тука е разликата. Може тебе не ти пречи но мене ми пречи многу и секогаш ќе реагирам и на интернет и на улица и секаде каде што можам.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Вагата на правдата никогаш нема да гравитира кон мир и разбирање. Не е возможно.
Ако кај нас тоа се случи, ќе бидеме први во светската историја. :rolleyes:

Плус, мир и мир со рок на траење - се нешто слично како црно и бело.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Заклучокот е донесен со самото тоа што има само околу 10 Албанци на форумов од кои само ти се мешаш во сите општи теми, Дарданиа се препуцава со политика, а на другите постовите им се Милан и Барса. Албанците нити на форум не сакаат да се мешаат и да такаречам живеат со македонците, па што да речам за во живо...
Не е двојазичен форумов, можда и ова е дел од причината.Јазикот е уште една причина за гетоизација од нивна страна.Чудно како Турци, Срби, Хрвати, Роми, Власи итн. не нашле проблем за говорење на македонскиот јазик и потреба за одбивање на истиот и наметнување на својот...чудно како со нив проблемите се минимални или блиску на нула и се во многу поголем процент социјализирани, друштвено и институционално.Претпоставувам пак сме ние криви и за ова по некој основ.

А што е финтата кој ја почнал? Битно е? или битно е да не се дојде до неа?

Па не знам со љо*ките ова, љо*ките она..... . Со палење на знамиња.... некако ќе почнат да те опсипуваат со бакнежи. Или пак не. Темата е сосема друго. Ама во ред, викам јас.
Не би имало војна ако некој не почнал.А дали е битно кој почнал... ако се степаш со некого и добиеш повреди, ако си нападнат без потреба од негова страна мислам дека е битно за после евентуално на суд да докажуваш дека си оштетен.Ако си вратил бранејќи се, си извршил самоодбрана најверојатно.
Во нашиот случај, некој со месеци претходно спремал таков акт на агресија самостојно и изманипулиран од трета страна.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Не е двојазичен форумов, можда и ова е дел од причината.Јазикот е уште една причина за гетоизација од нивна страна.Чудно како Турци, Срби, Хрвати, Роми, Власи итн. не нашле проблем за говорење на македонскиот јазик и потреба за одбивање на истиот и наметнување на својот...чудно како со нив проблемите се минимални или блиску на нула и се во многу поголем процент социјализирани, друштвено и институционално.Претпоставувам пак сме ние криви и за ова по некој основ.
Факт е дека доколку постојат поголеми малцински групи и особено ако истите живеат одвоено - гетоизирано во територијална смисла социјализирањето и интегрирањето е речиси невозможно. Тука паѓа мултикултурализмот како концепт, се разбира доколку сакаме културите слободно да се развиваат. Една култура еден начин на живот мора да е доминантен а тој начин на живот таа култура по секоја е логика е на мнозинството. Во спротивно настануваат конфликти. Сега што се случува Албанците не сакаат, повеќе и немаат потреба да се интегрираат (рамковното ср*ње го овозможува тоа), создадовме две паралелни општества кои во иднина ќе носат само конфликти.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
добро значи прифаќаш полемика? Јас сум по природа ненасилен човек, насилството го оправдувам само кога не постои друг излез односно да отфрлам насилство кое се применува врз мене. Проблемот е во тоа кој што подразбира под праг на толеранција. Не се работи овде за убијците тие имаат само мала епизода во целава ситуација. Проблемот е во концептот на државата односно кој како замислува да живее во истата. Јас не сакам утре моето дете со сила да учи албански, да живее во држава до две знамиња со два официјални јазици во држава во која се фаворизира некој само затоа што е припадник на малцинство (наместо обратното). Тоа е тоа. Тука е разликата. Може тебе не ти пречи но мене ми пречи многу и секогаш ќе реагирам и на интернет и на улица и секаде каде што можам.
Прифаќам воздржани и нормални полемики секогаш. Ниту се кријам, ниту се повлекувам.
Значи добро, и јас не го сакам истото. Не сакам никој ни мене ни моите деца да не тера на нешто што не сакаме. Но тоа не е на нас, а ми пречи што поради таквите проблеми и незадоволства секогаш на неточна адреса се истураме. Не е во ред јас да мрзам Албанци, ако некој глауч од врвот одлучи да ни наметне да учиме нивни јазик. Ова е Македонија, а тука освен Македонски јас не сакам да учам друг јазик. Не дека ми смета некој посебно, туку не сакам јазици. А да ме примора некој? Не сакам да мислам на тоа, добро што не учам повеќе.
Истото го мислам за сите работи кои ни ги наметнува власта. Но за сето тоа е крива таа или некој над неа, а не сум крива ни јас, ни ти, ни Принц, ни Дарданиа. Така да, добро што дојдовме до овој муабет. Јас не би сакала во никој случај да сме заспани простаци, на кои кој како сака и што сака ќе им прави. Сакам да сме сложни, да се покажеме во такво светло, па како такви заедно да реагираме на се` што не ни е во ред, не гуши или мачи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Заклучокот е донесен со самото тоа што има само околу 10 Албанци на форумов од кои само ти се мешаш во сите општи теми, Дарданиа се препуцава со политика, а на другите постовите им се Милан и Барса. Албанците нити на форум не сакаат да се мешаат и да такаречам живеат со македонците, па што да речам за во живо...
Aбе више...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Прифаќам воздржани и нормални полемики секогаш. Ниту се кријам, ниту се повлекувам.
Значи добро, и јас не го сакам истото. Не сакам никој ни мене ни моите деца да не тера на нешто што не сакаме. Но тоа не е на нас, а ми пречи што поради таквите проблеми и незадоволства секогаш на неточна адреса се истураме. Не е во ред јас да мрзам Албанци, ако некој глауч од врвот одлучи да ни наметне да учиме нивни јазик. Ова е Македонија, а тука освен Македонски јас не сакам да учам друг јазик. Не дека ми смета некој посебно, туку не сакам јазици. А да ме примора некој? Не сакам да мислам на тоа, добро што не учам повеќе.
Истото го мислам за сите работи кои ни ги наметнува власта. Но за сето тоа е крива таа или некој над неа, а не сум крива ни јас, ни ти, ни Принц, ни Дарданиа. Така да, добро што дојдовме до овој муабет. Јас не би сакала во никој случај да сме заспани простаци, на кои кој како сака и што сака ќе им прави. Сакам да сме сложни, да се покажеме во такво светло, па како такви заедно да реагираме на се` што не ни е во ред, не гуши или мачи.
Јазикот го земав само како пример. Што е со да речеме рамковните вработувања? А тоа што викаш главуч, тука е таа вечна дебата дали политичарите наметнуваат мислења и поттикнуваат конфликт или смируваат? Некогаш е едното некогаш е другото. На пример еве види го овој случај сега, да не се ангажираа политичарите да смируваат 10 пати поопасна ќе беше реакцијата од граѓаните. Не знам вие правете како сакате јас за себе си знам, природно ми е да се дружам со тој што сум израснал со некој што колку толку дели мои вредности и сега да не прејдам у поезија делиме "иста" крв. Што се однесува до другите нив сум спремен да ги толерирам (во границите на нормалата), тоа е тоа што ќе го добијат од мене, мислам дека сум фер ;-)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom