На кратко ќе ти ја кажам мојата приказна ..
Јас долго време бев зацепан по медицина, уште од основно се гледав себеси во белиот мантил. Но во средно (прва и втора год.) мака мачев со биологија и хемија, доста време ми одземаа за учење и материјалот тешко или делумно го совладував. Од 4ка нагоре биологија не мрднав, а хемија имав дури и 3ки некои тромесечија. Полека почна да ми станува јасно дека на сила убавина не бидува.
Тоа имаше силно влијание, па во трета се запишав на општествено-хума. смер (искрено, со одредена резерва) каде акцентот е ставен на општествените предмети, кои иронично ми беа боза и што најважно - ГИ РАЗБИРАВ и лесно ми влегуваа во глава. Се запознав со Право, Социологија, Економија, Бизнис, Менаџмент .. И денес (скоро 4 години подоцна) со сигурност можам да кажам дека не погрешив при тогашниот избор и дека рационалноста моја се исплатила. По матурата, упишав економски, втора година сум сега и полесно студирање од ова, здравје. Ме влече и интересира економијата, а и дефинитивно во таа област си ја препознавам сопствената иднина.
Значи едно запомни. Желба и Разбирање. Ако ти се поклоаат двете, благословена си. Разумен компромис секогаш постои доколку дојде до судир на интереси, секоја личност може да се прилагоди и да засака нешто, само ако му даде шанса.
There are always new paths to take.