Каде да се запишам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Teenage girl
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака... Осум госини по ред сум најодличен ученик во моето училиште.Но еве остана уште малку време и треба да се запишам некаде во средно.Сакам електротехника но сум премногу одлична за во ПТТ,а во ЕМУЦ,АСУЦ немам намера да се запишам.Дајте некои предлози за средни училишта во Скопје каде барем малку посаглам ќе науќам математика.Некои ми викаат во Корчагин да идам но едноставно немам храброст.Сите викаат било претешко.Што мислите вие за Орце???

Девојче, ако сакаш на електро да се запишеш после за на факс, и јас ти го препорачувам строго ПТТ. Барем прва година ќе ти биде многу полесно.
 
Луѓе вака значи едноставно сум изгубена во просторот оваа година ќе завршам 4та,секоја година заминувам со многу добар 4 и ги слушам моиве другарки едната ќе одела на правен едната архитектура..... а мене окото не ми фаќа ама баш за ништо не ме интересира ни каде да одам а ете веќе се наближува времето па решив вечерва да погледам некои страни да видам како што па да ве прашам вие поголемите од искуство на каков факултет според вас може да се запишам некои совети ако може инаку да биде педагогија... јазици не ми оди многу а матемтика сум 0. Заинтерсирана сум за у Скопје може некои линкови нешто да ми помогнете...ви благодарам однапред
 
Наједноставно, што ти лежи на душа?Што те интересира во животот?
 
Не сакам погрешно да ме разберете не чекам од друг туку ете сакам некои искуства совети дали е подобро таму или ваму..воглавно во насоките социолија,педагошки...такво нешто и дали е добро таму
 
Што ти лежа на душа и кај имаш најголеми шанси да се вработиш/просперираш, двете во комбинација е најубаво, ако не само второто.
 
Fall in love. Get married. Have a baby. Not necessarily in that order;)
 
А ќе може некои линкови да погледнам како што отприлика за тие насоки ?
 
Не се запишувај на ништо, во оваа држава тие што се на најдобри места вработени и зимаат најголеми плати се само со основно.:D
 
Луѓе вака значи едноставно сум изгубена во просторот оваа година ќе завршам 4та,секоја година заминувам со многу добар 4 и ги слушам моиве другарки едната ќе одела на правен едната архитектура..... а мене окото не ми фаќа ама баш за ништо не ме интересира ни каде да одам а ете веќе се наближува времето па решив вечерва да погледам некои страни да видам како што па да ве прашам вие поголемите од искуство на каков факултет според вас може да се запишам некои совети ако може инаку да биде педагогија... јазици не ми оди многу а матемтика сум 0. Заинтерсирана сум за у Скопје може некои линкови нешто да ми помогнете...ви благодарам однапред

Немаш ни ориентационо сознанија за која област те занима да студираш, али сериозно си заинтересирана за во Скопје да биде тоа...Абе имате сега дисперзирани факултети по градовине...Имаш таму и природни и информатички и општествени науки и право, економија и све...Така да ќе си уштедиш и пари и све...Разгледај кои факултети ти се блиску до градот кајшто живееш и таму упиши се...:) (y)
Бај д веј, јас овој период кога бев четврта средно веќе се спремав за приемни испити за на факс и имав уште на почетокот на годината одредено кај ќе се запишувам...
А за на педагошки...- која мајка го изгубила детето со интелигенција на "завидно ниво" и невидена амбициозност, таму ќе го најде...Одделенски учители и воспитувачи има со лопати да ги ринеш, дури и за извоз...Слично на тебе, немајќи поим за понатаму и амбиција, омилена дестинација - педагошки...Ем лесно како боза, брзо се завршува, ем во урбан дел на градов, ем учителка после... (y) :facepalm:
 
незнам колку е добра страната ама провери ја www.fakulteti.mk гледам дека се е опфатено.
 
Само не се запишувај на УГД ако немаш врски бидејќи ќе ги изгубиш сите нерви гледајќи неправди цело време...
 
Штом јазици не ти оди ни математика поарно не се ни запишувај, без тоа не можеш на добар факултет со кој може да најдеш работа или сама да започнеш свој бизнис (Економски, Информатика, Електро, Туризам,Бизнис и Логистика, Медицина)
Социологија, Педагошки, Земјоделски е џабе губење време.
--- надополнето: 19 април 2012 во 22:34 ---
Само не се запишувај на УГД ако немаш врски бидејќи ќе ги изгубиш сите нерви гледајќи неправди цело време...
Неправди на УГД? Кој факултет мислеш дека има неправди? Јас завршив Информатика без да купам книга од професор без уценување.... и сл.
 
http://www.youtube.com/watch?v=n9VLKWX2sPg

Направи анализа за едно 5 до 6 години кој ќе биде на Илинденса и во комбинација со било кој факс ќе те биде, немај гајле.

Што средно заврши?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom