Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Se si mislam deka ke nalupaat nekoj bezdomnici otfrleni od opstetvoto vo zatvor i ke zaboshotat :mad:
 
Зашто немаат два аудио-канала со синхронизиран превод на Аљсати?
 
не мора да ја пријавиш само кога и ти би имал такво возило сигурно не би се рашетавал туку така по улици и автопати освен ако не си сигурен дека никој нема да те сопре
А кој според тебе им гарантирал дека никој нема да ги сопре? Баш ме интресира.
--- надополнето: 19 април 2012 во 21:04 ---
На Алфа има многу подобра дебата од таа на Алсат.
 
Пуштете Алфа, интересна дебата (сеа за сеа)
 
Јас сепак мислам дека Омегата била "ЛЕГАЛНА И ЧИСТА"
Значи убиците се веќе приведени...или омегата не ни била на местото на убиствата*


*мразам теории на заговор, дали со тоа само се заташкува истрагата е правото прашање..
 
Институциите се катастрофа тука спаѓа и МВР, мене воопшто нема да ме изненади ако од грчка влезе тенк и незабележано ја премине цела држава и се упати кон србија........за каква полиција дискутирате, за оние дебелковци и дудулиња вработени со врски и два реда школо? или оние поискусните кои се наменети за да ги чуваат задниците на владетелите?
 
Ете ги, како што претпоставував, забегаа експертите гости (по однос на темата за која требаше да дебатираат) во АлсатМ, во политика, Голема Албанија, Србија..., Скопје 2014 и меѓуетнички односи.

:sick:
 
Ете ги, како што претпоставував, забегаа експертите гости во АлсатМ во политика, Голема Албанија, Србија..., Скопје 2014 и меѓуетнички односи.

:sick:

Koи се гости ? А нормално на алсат што друго очекуваш.
 
На Алсат - М дебатата беше "два пати округло па на ќоше"

Според мене детонатор да е поврзан со овие убиства е дефинтивно смешно и тоа отпаѓа.

Ова е терористички акт и тука се поставува прашањето што имало за цел. Зашто нели терористи излегуваат со некакви барања, овде нема ништо и затоа буни, а читам разни коментари деновиве и се согласувам со некои мислења дека ако сакале војна тогаш повеќе би пламнало ако убиените биле албанци. Така да мене моментално од она што го имаме како инфо ми изгледа дека е одмазда.
 
ГРУВЕСКИ : СПЕЦИЈАЛЦИ САМИ СЕ ПРИЈАВУВААТ ЗА АПСЕЊЕ НА УБИЈЦИТЕ

http://www.bezpardon.mk/gruevski-spetsijaltsite-sami-se-prijavuvaat-za-apsen-e-na-ubijtsite/

gruevski500.jpg

ВМРО-ДПМНЕ денес одржа трибина пред граѓаните на општина Карпош. Свое обраќање имаше и премиерот Никола Груевски. Тој покрај тоа што ги истакна сите реформи кои владата ги прави, откри дека специјалците на МВР сами се пријавувале да учествуваат во апсењето на убијците кои одземаа пет животи кај Железарското езеро доколку тие се пронајдат, пренесува Курир.
Груевски повторно изрази огромно сочувство кон семејствата на убиените, додавајќи дека сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат најстрого казнети.
 
Специјалци ќе апселе. Абе треба да се откријат преку агенти во кое дувло се кријат во Косово со инфилтрирање и после да им пуштат некој робијаш убиец да ги суреди со иста мера.
 
Специјалци ќе апселе. Абе треба да се откријат преку агенти во кое дувло се кријат во Косово со инфилтрирање и после да им пуштат некој робијаш убиец да ги суреди со иста мера.


Не не, мора живи да бидат фатени, да се испитува да се дознае се, кој ги финасира и тоа е многу битно. Ова што го најавува груевски не ми се допаѓа затоа што како ќе дознаме дека се навистина тие, зашто мртва уста не може да зборува нели. Така да поштувам само фаќање на живи барем еден или двајца од убијците.
 
Не не, мора живи да бидат фатени, да се испитува да се дознае се, кој ги финасира и тоа е многу битно. Ова што го најавува груевски не ми се допаѓа затоа што како ќе дознаме дека се навистина тие, зашто мртва уста не може да зборува нели. Така да поштувам само фаќање на живи барем еден или двајца од убијците.
Ова за жал нема никогаш да се случи. Овие кои ќе бидат фатени ќе бидат извршители, нарачателите никогаш нема да се дознаат. Ако одиме по оние теории на заговор и конспирации дека зад ова стои нешто од надвор.
 
Уште еден детаљ денес на алфа беше кажан и мислам дека тука не е спомнат, а тоа е дека околу 19.30 еден до момчињата се има слушната со негов другар на кој му кажал дека се спремаат да си одат дома, дека завршиле со рибарење и ги ставале трските во кола. Ова им го кажала некој од роднините на новинарите само не запамтив за кое момче се работи, и после 30 минути пак му вртел но немало одговор. Ова кажува дека у тие 30 минути веројатно се случиле тие убиства. А нели телата биле откриени дури во околу 22 часот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom