Во што веруваат атеистите?

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Не е точно дека сингуларитетот е точка, има свои димензии кои за наши гледишта се огромни. Во однос на она што е универзумот денес е многу мал (спореден со точка) но не е точка (нула), туку некоја си конечна димензија.
За биг бенг не постои никаква евиденција, никаков доказ
Хабл евидентирал дека универзумот се шири. Честа заблуда е тоа дека Биг Бенг е експлозија. Напротив, денес се почести се тврдењата дека станува збор за експанзија.
Друга евиденција има дојдено од Пензиас и Вилсон кои го откриле CMB зрачењето кое всушност е остаток од почетната огромна топлина на универзумот на која укажува Биг Бенг.
Објасни на која основа сингуларитетот има димензии. Доколку навистина има димензии, која е подлогата на истите?
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Од филозовски аспект сингуларитетот е добра идеја за настанок на универзмуот. Сингуларитето неможе да има причина за настанување бидејќи нема време пред Биг Бенг значи неможе да има причинско-последична врска. Нема простор значи нема субјект а нема ни објекст бидеќи сингуларитето е и се и ништо истовремено а треа истовремено бесконечно долго а и нетрае. Интересна работа е тоа. Нашата логика е базирана на овој концепт на време-простор. И дури и логиката не е применива за филозовско објаснување на сингуларитетот. Сингларитетот е логички парадох. Но тоа незначи дека непостои туку нашата логика не е соодветна да го објасни.
Тоа е еден магичен круг во кој нема влез и излез. За да веруваме дека сингуларитетот е возможен треба да ја исклучиме можноста за постоење на било каков субјект, а за да веруваме дека времето и просторот имаат почеток потребен ни е субјект. Со настанувањето на првиот субјект паралелно би настанал и просторот, а со движењето на истиот би настанало и времето, а од друга страна за да настане субјектот се потребни време и простор, кои логички не би можеле да постојат без субјект.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Супер одиме натаму. Едно потпрашање, дали со смрта на човек изумира и човештвото? Секако дека не.
Постоела во една точка велиш (такозвани сингуларитет). Колкава е таа точка? 2 мм во пречник, 100 км, 1000000000000000000000 км? Колку?
1. „Нашиот“ како што го нарекуваш универзум нема почеток, туку е во постојани контракции на собирање и експанзија, дали живо суштество при тие крајни процеси, при екстремни услови (експанзијата, високи температури, магнетни полиња, експлозии и тн.) ќе преживее е веќе друг муабет. ББ со почетна позиција од точка како таков ти што го прикажуваш не е можен. Значи има некој континуитет и временски и просторен (без оглед колкав е просторот и дали времето оди побрзо или поспоро). А да не завлегувам во тоа дека покрај „нашиот“ универзум најверојатно постојат и мноштво други, кои се во некоја си спрега меѓу себе.
Не е само времето што е искривено до бесконечност, туку и просторот. Во таа точка не постои ни време, ни простор. Бидејќи не постои простор, таа точка што ја викаме нема димензии.

1. Извини, ама за тоа нема докази, туку е една од многуте теории. Како се викаше....ммм.... судбината на универзумот?
Има сценарија дека универзумот ќе престане да се шири и дека ќе остане таков, деќа ќе продолжи да се шири, дека повторно ќе се собери во една точка итн.
Имаш слушнато за Планкова должина?

Зошто ББ, како што е опишана е невозможна, објасни? И да постоела друга временска рамка пред ББ, не е можен пренос на информација од таа временска рамка во нашата заради сингуларитетот, без разлика колку бавно течи времето (бавно до бесконечност), што значи дека една временска рамка престанува да постои и почнува нова.

Сите факти водат до заклучокот дека времето (и просторот) мора да има свој почеток. Барем оваа временска рамка во која живееме, а започнала пред 14тина билиони години (според наше сметање на времето) со Големата експлозија.

Да се надополнам само, ако не може да преживее ниедна информација меѓу двете временски рамки, тогаш и ништо друго не може да преживее. Ни атоми, ни протони, ништо, освен основната материја и енергија.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Хабл евидентирал дека универзумот се шири. Честа заблуда е тоа дека Биг Бенг е експлозија. Напротив, денес се почести се тврдењата дека станува збор за експанзија.
Друга евиденција има дојдено од Пензиас и Вилсон кои го откриле CMB зрачењето кое всушност е остаток од почетната огромна топлина на универзумот на која укажува Биг Бенг.
Објасни на која основа сингуларитетот има димензии. Доколку навистина има димензии, која е подлогата на истите?
Пошто излезе со тврдење ќе те замолам истото и да го докажеш. Прво и не ме читаш од предходните постови што напишав.
1. Да се разбереме. Не спорам дека универзумот се шири, тоа е факт. Не спорам ни дека СМВ зрачењето не постои. Но што тоа докажува во врска со биг бенгот? Ништо.
2. Никаде не спомнав експлозија, ако примети го употребував зборот експанзија, тоа на вернициве треба да им објаснуваме дека екплозија =/= ТNT :P .
Неспорно е дека некогаш пред сса 15 милјарди години (прашање е и бројката дали е точна, со оглед на искривувањето на временската оска во однос на гравитацијата и магнетните полиња) настанала експанзија, каква и што била не се знае. Тој сингуларитетот е згусната маса на целата материја и енергија од која е и денес составен универзумот. До тука сме ОК?

Идемо даље
Според некои теории сингуларитетот е составен од елементарни субатомски честици, во што не сум убеден. Еве и нека е така, земи калкулаторот издрачунај само нашиов сончев систем да го ставиш во таков сингуларитет ќе добиеш волумен со одредена димензија (еве за полесно земи го само бројот на протони). Колку и да е мала таа димензија па макар и да е 2 микрона (а ќе да богами бајѓи погоооооооооолема) е сепак мерлива величина не е нула. И времето и во колку и да е мала димензија ќе биде време, нема да исчезне.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Тоа е еден магичен круг во кој нема влез и излез. За да веруваме дека сингуларитетот е возможен треба да ја исклучиме можноста за постоење на било каков субјект, а за да веруваме дека времето и просторот имаат почеток потребен ни е субјект. Со настанувањето на првиот субјект паралелно би настанал и просторот, а со движењето на истиот би настанало и времето, а од друга страна за да настане субјектот се потребни време и простор, кои логички не би можеле да постојат без субјект.
Енергијата (материјата) постои независно од времето-просторот.
Енергијата (материјата) влијае врз време-просторот.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да се надополнам само, ако не може да преживее ниедна информација меѓу двете временски рамки, тогаш и ништо друго не може да преживее. Ни атоми, ни протони, ништо, освен основната материја и енергија.
Ќе те цитирам само во овој дел не сакам за другото да се повторувам, си имаш право на сопствено мислење. Тоа што сите факти, замисли сите два факти :P воделе до заклучок...не значи дека е така.
Да се вратам на цитираното, со потпрашање ако нема протони ако нема ништо, како што велиш тогаш од што се состои таа „основна“ материја и енергија?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Пошто излезе со тврдење ќе те замолам истото и да го докажеш. Прво и не ме читаш од предходните постови што напишав.
1. Да се разбереме. Не спорам дека универзумот се шири, тоа е факт. Не спорам ни дека СМВ зрачењето не постои. Но што тоа докажува во врска со биг бенгот? Ништо.
2. Никаде не спомнав експлозија, ако примети го употребував зборот експанзија, тоа на вернициве треба да им објаснуваме дека екплозија =/= ТNT :P .
Неспорно е дека некогаш пред сса 15 милјарди години (прашање е и бројката дали е точна, со оглед на искривувањето на временската оска во однос на гравитацијата и магнетните полиња) настанала експанзија, каква и што била не се знае. Тој сингуларитетот е згусната маса на целата материја и енергија од која е и денес составен универзумот. До тука сме ОК?

Идемо даље
Според некои теории сингуларитетот е составен од елементарни субатомски честици, во што не сум убеден. Еве и нека е така, земи калкулаторот издрачунај само нашиов сончев систем да го ставиш во таков сингуларитет ќе добиеш волумен со одредена димензија (еве за полесно земи го само бројот на протони). Колку и да е мала таа димензија па макар и да е 2 микрона (а ќе да богами бајѓи погоооооооооолема) е сепак мерлива величина не е нула. И времето и во колку и да е мала димензија ќе биде време, нема да исчезне.
Првенствено, забележав дека на форумов "Доказ" како поим е исцеден од користење. Јас зборувам за евиденција. Зборувам за тоа дека двата случаи кои ти ги набројав ја зголемуваат плаузибилноста на Биг Бенгот како настан, ја засилуваат теоријата.
Сингуларитетот нема димензии затоа што не постои простор-време континуум издвоен од него, како би постоеле воопшто тие димензии.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Идемо даље
Според некои теории сингуларитетот е составен од елементарни субатомски честици, во што не сум убеден. Еве и нека е така, земи калкулаторот издрачунај само нашиов сончев систем да го ставиш во таков сингуларитет ќе добиеш волумен со одредена димензија (еве за полесно земи го само бројот на протони). Колку и да е мала таа димензија па макар и да е 2 микрона (а ќе да богами бајѓи погоооооооооолема) е сепак мерлива величина не е нула. И времето и во колку и да е мала димензија ќе биде време, нема да исчезне.
Колку ти е погрешна логикава, само ќе ти спомнам дека 5 метри на нашава планета не се исти со 5 метри во близина на црна дупка.
Просторот е релативен, оттука, ако цела материја во универзумот се собери во една точка, престанува постоењето на просторот (станува бесконечно долго) и со тоа димензиите немаат смисла. Како и времето, временските димензии.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е еден магичен круг во кој нема влез и излез. За да веруваме дека сингуларитетот е возможен треба да ја исклучиме можноста за постоење на било каков субјект, а за да веруваме дека времето и просторот имаат почеток потребен ни е субјект. Со настанувањето на првиот субјект паралелно би настанал и просторот, а со движењето на истиот би настанало и времето, а од друга страна за да настане субјектот се потребни време и простор, кои логички не би можеле да постојат без субјект.
Освен ако сингуларитетот и самиот не е субјект.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Ќе те цитирам само во овој дел не сакам за другото да се повторувам, си имаш право на сопствено мислење. Тоа што сите факти, замисли сите два факти :P воделе до заклучок...не значи дека е така.
Да се вратам на цитираното, со потпрашање ако нема протони ако нема ништо, како што велиш тогаш од што се состои таа „основна“ материја и енергија?
Тоа е еден од проблемите што треба да се реши во ЦЕРН.
Стринговите (кои патем се еднодимензионални) се добар одговор. Но преставуваат само теорија.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Колку ти е погрешна логикава, само ќе ти спомнам дека 5 метри на нашава планета не се исти со 5 метри во близина на црна дупка.
Просторот е релативен, оттука, ако цела материја во универзумот се собери во една точка, престанува постоењето на просторот (станува бесконечно долго) и со тоа димензиите немаат смисла. Како и времето, временските димензии.
Аман со тие црни дупки, тоа вечер со женати че ги барате ко ќе си легнат децата :D и јас че барам вечер.

Нема црни дупки во сингуларитетот, не може физички да се собери во една точка, невозможно е.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Аман со тие црни дупки, тоа вечер со женати че ги барате ко ќе си легнат децата :D и јас че барам вечер.

Нема црни дупки во сингуларитетот, не може физички да се собери во една точка, невозможно е.
Немам жена бе... :) Мало сум уште. :) Ќе одам ќе барам кај комшивката...

Ова вторава реченица, тврдење е? Да те цитирам погоре што мислиш за тврдењата?
Јас викам дека е невозможно да постои Кина.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Немам жена бе... :) Мало сум уште. :) Ќе одам ќе барам кај комшивката...

Ова вторава реченица, тврдење е? Да те цитирам погоре што мислиш за тврдењата?
Јас викам дека е невозможно да постои Кина.
Какви кинези бе шо збориш, нема такво нешто
 

Kajgana Shop

На врв Bottom