Супер, одиме понатаму.
Почнало да се шири од една точка, времето, просторот, материјата и енергијата. Настанот е попознат како Биг Бенг.
Не е нула, бидејќи постоела материја-енергија концентрирана во една точка, што просто течењето на времето го сведува на нула.
Понатаму, знаеш.
Зборот пространство не можеш да го спомнеш ако не постои простор.
Не знам колку пати имаме дискутирано, ама постоењето на материјата "одсекогаш" (кога не постои време-простор континиум зборот одсекогаш нема смисла) јас не го негирам.
Како и да е, еволуцијата на денешниот Универзум, има почеток.
И повторно, независно колку ББ имало, времето е релативна категорија, зборот почеток важи после настанот на ББ, од кога еден Универзум би престанал да постои, да зборуваш за време нема смисла.
И ова ти што го напиша, сам потврдуваш дека нашиот Универзум има свој почеток.