Jaс знам дека братот на Исус (кој застана на челото на ерусалемската заедница по смртта на Исус) , учениците и следбениците негови не отстапија од стариот завет итн...
Ова све што изнесе погоре нема ама баш никава врска ниту со историја, ниту со географија, или со било каква сериозна наука туку само со шпекулација и прикаски.
Најсетне, Евангелијата се пишани Матеј (првото евангелие кое е пишано на еврејски е околу 40та а грчката верзија околу 60та) Марко (околу 65та до 70та), Лука (околу 55-60) и Јован (околу 80 до 90та). Тоа што некои создаваат празен историски простор во почетокот на Христијанството е само лага за да пласираат нивна теорија во врска со тоа што е христијанството. Ќе помисли човек дека самите Христијани не знаат а јудејците знаат Nonsense.
Апостолите секогаш биле со Христа и знаеле што проповедал Исус. Тоа и го пренеле на епископите кои потоа го пренеле на свештенството и на наследниците нивни па така тоа учење е задржано во автентична смисла до ден денешен. Јудејците уште од самиот почеток се борат против Христос (плаќаат стражари да лашат дека Христос не вослреснал туку го украле, и покрај огромната стража која го чувала гробот по нивно свештеничко-јудејско барање. Таа лага до ден денешен ја шират и се обидуваат да ја пласираат не само кај нивните туку по целиот свет.
Тие лаги дека Јаков, Петар, Павле и др. верувале во различни работи и наводно имале различни погледи не дршат вода бидејќи еден е Духот и Вистината, за во тој Дух и Вистина тие да делуваат онака ко што е опишано во Делата на Светите Апостоли каде Синодално одлучувале за се.Расправале за тоа дали е потребно да се обреќуваат неевреите а не расправале за тоа кој бил Христос!
Христос јасно ја објавувал својата цел за која што се Воплотил, објавувајќи го тоа насекаде и е запишано во Евангелијата па така не држи вода тоа дека Христос бил некој кој што незнаел што е и зошто е. Тоа било ереста на Гностицизмот како и на Несторијанизмот и др. (монофизити). Што вели на Филипа кога овој му бара да му го покаже Отецот: Толку време сум со вас и не Ме позна?
Тво е е да прифатиш или отфрлиш, ама да базираш теорија на неосновани шпекулации е навистина бесмислено.
--- надополнето: 19 април 2012 во 17:30 ---
На кој начин е твоја вистина? Кога постои со илјадници години? Дали ти освен што донесе одлука да веруваш во неа, на било кој начин ја потврди, ја спозна таа вистина?
Имаш ли одговор на сите оние контрадикции од типот Дрвен брод од 150 метри кој собрал 5 милиони видови копнени животни во парови (или десет милиони единки)?
За да кажеш дека имаш сопствена "Вистина" или разбирање, потребно е да имаш личен удел или да го искусиш осознавањето на таа вистина. Во спротивно, ќе тврдиш дека знаеш што е Кариби само затоа што си читал за него.
Кој рече дека вистина е поради тоа што постои илјадници години, твој заклучок? Јас свесно, логички - со здрав разум и со цело битие верувам во Живиот Бог. Туку за тебе се грижам. Алистер Кроули, под дроги, разни перверзи и сето тоа точно, а другото погрешно? У реду, твое право. Тука се гледа здравиот разум и разумната одлука. Патувај мој Ипси. Среќен ти пат... Невски те љуби!