- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Тоа и беше грешката што ти зборам, нема асален план Б, да играш на нафрлени топки со тие играчи е рамно на тактички пораз, тактичко самоубиство. Сфаќам дека како навивачи вас ве задоволува Барселона бидејќи победува, но моментот е што секогаш мора да се има бекап план, кога не иде.Јасно е тоа, нормално дека огромна улога имаат играчите, моментално овој Интер ни Петко ни Станко не го оправаат, доколку нормално не се сменат многу работи.
1Болд, знаеш и сам дека тактиката беше друго, никако неможеа да го пробијат тој бедем со нивните кратки и карактеристични пасови па на крај се одлучија ете на нафрлени топки што за мене беше погрешно. Али секој греши де.
За 2 болд, незнам зашто ми тераш таков муабет, па зар Барса од стално била волку доминантна ? Не, имало периоди кога у Шпанско завршувале 4/5-ти, али играта не ја смениле, секогаш играле отворен напаѓачки фудбал.
3 Болд, Како дојде до овој заклучок живти се ?
Пак тапа муабет, ако се прилагодат они ќе се прилагодам и јас.
Ај од бодлот ќе почнам. Зашто мислиш дека ќе ти терам таков пацерски муабет со навреди ? Стварно не си ми јасен.
Е сега, викаш таа тактичка неприлагодливост не чинело финале. Зашто мислиш дека со друга тактика Барса на првиот натпревар немаше да прими 5 гола.
Незнам колку си ја глеал Барса, али тоа е тим каде што одбраната кога е под притисок знае доста да кикса.
Со нивната игра и нивниот голем посед, притисокот кај одбраната е многу помал, обично загрозени се од некој контра како вчера или од некоја набацена топа, ретко од позициона игра да им дадеш гол.
Со Интер 3-те гола ги примија од контра, али искрено не сум баш сигурен дека со друга тактика ќе беше нешто подобро.
Многу работи тогаш им се поклопија на Интер, и се деси тоа што се деси.
Чим Барса постигна само еден гол на реваншот, ондак јасно е дека тој ѕид кој беше формиран од Мурињо немаше никој да го пробие.
Второ, не смее да се оправдува нереализацијата на Барселона. Срамота е луѓе, најдобриот тим во светот, да дава еден гол од 5 стопроцентни шанси. Ова останува незабележано само бидејќи Барселона секогаш ја врти играта. Ако можат Милан и Челзи да ви брцнат гол од една шанса, можете и вие.
Трето, одбраната за мене секогаш била слаба кај Барселона, освен страната на Алвеш на вакви натпревари. Не може бе друже Дрогба да ги држи и Пујол и Маскерано ко мали деца позади него, да си ја смири на колено нафрлената топка и да продолжи напад. Не може Маскерано да доаѓа до пола терен и да дава епик фејл пасеви, кои резултираат со гол иако иницијативата ја има Барселона. Не може 4 играчи да го чуваат Калу, а овој да прати прилично сопирлив пас до Дрогба. Челзи ги изигра маестрално во таа акција и реално за мене тоа вредеше повеќе од сите акции на Барселона на натпреварот.
Барселона си беа оставени да ја играат својата игра и беа поразени. Да имаат и една друга игра, без разлика дали нафрлени или не-Меси напад, Челзи верувам дека ќе беа измрдани и нема да можеа толку добро тактички да се наместат. Ако примети, голот од контра беше со иста финта како Мурињо што направи со Интер - остави ја одбраната да дојде до пола терен, ќе згрешат кога тогаш, контра и шибни гол. Значи 2 години потоа, Ди Матео не мора ни да смислува тактика, инструкциите беа јасни.
Затоа не знам зашто некој би бил горд дека Барселона не се прилагодувала, баш напротив, јас ќе бидам горд ако мојот тим ги прочита противниците, ги неутрализира нивните јаки точки и максимално да ги искористи нивните слаби точки.
Вчера вас тоа ви го направи Челзи, затоа не знам што има да се гордеете со тоа што бевте прочитани и неутрализирани. Да не заборавиме, последната статива беше затоа што Меси беше прочитан во 50тиот 1-2 пас и беше исклизан перфектно, но имавте СРЕЌА да се најде топката кај ваш играч повторно. Затоа илузорно е да зборите дека сте немале среќа и дека сте биле горди.