Бувљак - најдобар улов

  • Креатор на темата Креатор на темата викацот
  • Време на започнување Време на започнување
На сите ви е јасно дека со купување од тој пазар ја помагате црната економија нели? Не сте свесни дека всушност таму се продаваат крадени работи?
После кога некој ќе ви го „дигне“ радиото од кола, не треба да кукате во полиција дека сте го платиле 300 евра, а полицијата неможе да го пронајде....
Се додека има побарување на стока на тој пазар, ќе има и кражби..
Овој пазар е 0 во споредба со тетовскиот.... за криминал.
 
Овој пазар е 0 во споредба со тетовскиот.... за криминал.
Без разлика.. Дали тоа треба да не направи по спокојни дека има нешто што принудува поголем криминал?
После полицијата ни била крива зошто не ги фаќа злосторниците, а не сме свесни дека ние самите го одржуваме тој пазар во живот...
Доколку нема побарувачка, ќе нема ни потрошувачка.
 
Тоа на пазарот кај калето, најчесто е од пренатрупани со години собирано ствари по подруми на кои сопственикот решил да го исчисти викајки цигани без пари да исчистат.... Нема никаков криминал. Бојлери за во кујна, купатило и т.н.....
 
Не е се крадено, јас како што знам , продаваат работи на кои неможат да им најдат употреба па пробуваат да земат некој денар за тоа.Не викам дека нема крадени работи, но од каде да знаеме дали се крадени или чесно си продава човекот :icon_lol:
 
Да де не е крадено... Затоа тетка ми мораше да си го купува нејзиниот фрижидер од таму 3 пати :)
 
Да де не е крадено... Затоа тетка ми мораше да си го купува нејзиниот фрижидер од таму 3 пати :)
Го чувала надвор фржидерот помалце струја да троши - нормално го сметале за фрлен.
 
Не е се крадено таму или од ѓубре... Пример, кога има генералка, доаѓаат роми и се согласуваат дека нема да му земат пари на газдата, ама се што има во гаража (што не му треба) или подрум да им го даде... Така се наоѓаат често и исправни работи. Има цели колекции книги (посебно за Тито, на долго и широко).
 
Чекај сеа ова со лап топот за 500ки ме замисли ? :D ми треба мене 1 така за трте мрте :icon_lol:
 
значи на бувљак може да се најде СЕ И СЕШТО но не и секогаш... ај да не се збуните - има крадени работи има нови работи стари половни скршени вакви такви СЕКАКВИ - пазарот е во вторник и петок и стварно може да се начека се и сешто. еве на пример јас земав ролери роцес од таму за 1000ка и тоа пред 5 години - роцес половни неможев да најдам испод 4-5 000 денара. имам гледано НОВИ климатизери акомуалтори двд плеари телевизори и што ти не но има еден проблем тука * убавата роба обично се продава одма односно до кај 8 најкасно 9 - после сето тоа што го гледате е шкарт или нечини или крадено е. така да совет од мене - ако мислите да одите и да купувате или да „уловите“ нешто од бувљак одете што порано ( дечките веќе од 6 саат се на позиција и чекаат само муштерии )
 
еј а има ли таму телефони за продавање како на пример iPhone 4S(оргинал немора да кажувам оти сите знете дека цела роба таму е брендирана)за 1000 денари на пример ?
 
еј а има ли таму телефони за продавање како на пример iPhone 4S(оргинал немора да кажувам оти сите знете дека цела роба таму е брендирана)за 1000 денари на пример ?
Види може и за 500 да најдиш .. чекај па сега излезе ваков ајфон.. им треба време да поработет за да донесат :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom