Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Не, туку сфатив дека можеш да дискутираш со луѓе кои имаат барем основно ниво на почит, а не се служат со навреди и омаловажувања секојпат кога немаат што да кажат...
Не ме засега твојата почит. Сакам да го турнеш мојот аргумент ако можеш. Ако не, како добар рисјанин, да побараш прошка за возгордеаноста.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Првин дефиниција што е гностицизам:
Gnosticism (from gnostikos, "learned", from Greek: γνῶσις gnōsis, knowledge) is a modern scholarly term for a set of religious beliefs and spiritual practices found among some of the early Christian groups called "gnostic" ("learned") by Irenaeus and other early Christian heresiologists. The term also has reference to parallels and possible pre-Christian influences of the Christian gnostics.

A common characteristic of some of these groups was the teaching that the realisation of Gnosis (esoteric or intuitive knowledge), is the way to salvation of the soul from the material world. They saw the material world as created through an intermediary being (demiurge) rather than directly by God. In most of the systems, this demiurge was seen as imperfect, in others even as evil. Different gnostic schools sometimes identified the demiurge as Adam Kadmon, Ahriman, El, Saklas, Samael, Satan, Choronzon, Yaldabaoth, or Yahweh.
И пример за гностицизмот денес, како сеуште опстојува и е далеку од изумирање:
Ecclesia Gnostica Catholica (E.G.C.), or the Gnostic Catholic Church, is the ecclesiastical arm of Ordo Templi Orientis (O.T.O.), an international fraternal initiatory organization devoted to promulgating the Law of Thelema. Thelema is a philosophical, mystical and religious system elaborated by Aleister Crowley, and based on The Book of the Law. The word Catholic denotes the universality of doctrine and not a Christian or Roman Catholic belief set.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кој е тој потенцијал и од кого е даден, јас мислам дека човек нема потенцијал за севкуипното знаење, всушност не знаеме ништо и нема ни да знаеме. Ни за 5 ни за 100 ни за 100.000 години.
Па, пример еве како Јас и Ти што разговараме,
Бог ја дава таа можност и со Него да се разговара.;)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Првин дефиниција што е гностицизам:

И пример за гностицизмот денес, како сеуште опстојува и е далеку од изумирање:
Дефинициите се ОК. Обрна внимание на ова „Christian groups called "gnostic"“?
За второто види во горната реченица.
Но ај да видиме суштински што тоа значи. Може ли да се спознае природата на бог (како општ термин, не од религиозно гледиште, ако воопшто постои) и кои се неговите методи и начини на делување? Се достапни за човекот?
--- надополнето: 19 април 2012 во 01:04 ---
Па, пример еве како Јас и Ти што разговараме,
Бог ја дава таа можност и со Него да се разговара.;)
„Имаш можност“ е само оправдување за неможноста, познаваш некој што разговарал со него?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дефинициите се ОК. Обрна внимание на ова „Christian groups called "gnostic"“?
За второто види во горната реченица.
Но ај да видиме суштински што тоа значи. Може ли да се спознае природата на бог (како општ термин, не од религиозно гледиште, ако воопшто постои) и кои се неговите методи и начини на делување? Се достапни за човекот?
--- надополнето: 19 април 2012 во 01:04 ---

„Имаш можност“ е само оправдување за неможноста, познаваш некој што разговарал со него?
Мојсеј, Апостолите, Јас, Ти ...... Сите што Му се обраќаат.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дефинициите се ОК. Обрна внимание на ова „Christian groups called "gnostic"“?
„Christian groups called "gnostic"“ е дел од објаснувањето за потеклото на поимот, што незначи и суштинска поврзаност со христијанските учења.
Но ај да видиме суштински што тоа значи. Може ли да се спознае природата на бог (како општ термин, не од религиозно гледиште, ако воопшто постои) и кои се неговите методи и начини на делување? Се достапни за човекот?
Природата на бог може да се спознае, само ако човекот и бог имаат иста - идентична основа или суштина. На тој начин, спознавајќи ја сопствената суштина, човекот може да ја согледа божјата природа, бидејќи е нејзин составен дел.
Методите се од интуитивна и езотериска природа.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
„Christian groups called "gnostic"“ е дел од објаснувањето за потеклото на поимот, што незначи и суштинска поврзаност со христијанските учења.

Природата на бог може да се спознае, само ако човекот и бог имаат иста - идентична основа или суштина. На тој начин, спознавајќи ја сопствената суштина, човекот може да ја согледа божјата природа, бидејќи е нејзин составен дел.
Методите се од интуитивна и езотериска природа.
Многу интересно, по пат, фала за предавањето за кое немав време со Празниците да го дослушам- се надевам ќе биде, но со муабетов има контекст, и гностички му се приближува на Христијанскиот концепт.:)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мојсеј, Апостолите, Јас, Ти ...... Сите што Му се обраќаат.
Го познаваш Мојсеј или некој од апостолите? Од кај знаеш дека разговарале?
Јас пак ич не сум разговарал.
А ти дали си разговарал со него (бог) не знам, кажи ми, си или не си разговарал?
„Christian groups called "gnostic"“ е дел од објаснувањето за потеклото на поимот, што незначи и суштинска поврзаност со христијанските учења.

Природата на бог може да се спознае, само ако човекот и бог имаат иста - идентична основа или суштина. На тој начин, спознавајќи ја сопствената суштина, човекот може да ја согледа божјата природа, бидејќи е нејзин составен дел.
Методите се од интуитивна и езотериска природа.
Не обрна внимание на тоа што го болдирав called "gnostic" (наречени гностици и тоа во наводници). Но нејсе дефиницијата е таа. Во суштина не можат да постојат.
за Вториот дел од постот не се сложувам, тоа е само твое мислење со кое не морам да се сложам. Кога ќе успее некој тоа и да ми докаже ни тогаш нема да верувам (малце игра на зборови, не замерувај) тогаш ќе знам. А успут и ти тоа не го знаеш, бар не сеуште.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Го познаваш Мојсеј или некој од апостолите? Од кај знаеш дека разговарале?
Јас пак ич не сум разговарал.
А ти дали си разговарал со него (бог) не знам, кажи ми, си или не си разговарал?

.
Па еве и со Тебе разговарам виртуелно, и Те познавам(непознавам), т.е. и верувам на направава, компјутеров, така и за оние разговори(Мојсеј, Апостолите...) и верувам на Црквата(Христос, Кој е отсутно Присутен).:)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ти си знаеш, голем си, јас друго те прашував но нема везе, тоа е тоа кога се нема одговори.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не беа двајца беше еден

И кога излезе Он од коработ, веднаш Го сретна еден човек од гробиштата со нечист дух.
Тој живееше во гробовите, дури со вериги никој не можеше да го врзе;
оти многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше веригите и ги раскинуваше оковите, и никој не можеше да го скроти;
и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони.
Па, како извика со висок глас, рече: “Што имаш, Ти со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнуам во Бога, не мачи ме!”
Зашто му беше рекол: “Дух нечисти, излези од човекот!”
И го праша: “Како те викаат?” А тој одговори и рече: “Легион ми е името, оти сме многу.”
И Го молеа многу да не ги пади од тој крај.
А таму, по ридот, пасеше голем број свињи.
И сите бесови Го молеа и велеа: “Прати не во свињине, да влеземе во нив.”
И Исус веднаш им позволи. Па, како излегоа, нечистите духови - влегоа во свињите; и се гргнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
Марко 5: 2-13
Многу често Евангелистите опишуваат иста случка на различен начин за да укажат на различните страни на истиот. Така и во конкретниот случај, иако биле двајца демонизирани, Марко (и Лука) даваат акцент на едниот демонизиран за кого имале повеќе информации. Истото се повторува и во случката за двајцата слепи кои се спомнати кај Матеј, за кои кај Лука е наведено како еден за да го потенцира зборот на Христос упатен кон него дека верата го спасила. И секако, тоа што се прикажани на тој начин не се во никаква контрадикторнст со настанот. Поентата на сите им е јасна (освен на скептиците, нели... но тоа си е нивно право).
Туку главниот муабет беше друг, колку што се сеќавам, а ти вешто го избегна. Одговорот што ти го дадов во врска со тоа колку биле спасени демоните и како тие по автоматизам станувале добри, те задоволи? Не гледам да продочжуваш да инсистираш на погрешниот заклучок.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

Нема шо да инсистирам, лошиот дух го познал Исуса како светец Божји и аутоматски станал добар дух - Божји. така стои во Библијата (пред да го смениш со “толкување“
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Дали Исус имал душа како луѓето со оглед дека бил Божји син и бил поблизок во таа смисла до ангелите отколку до лугето кои колку што знам не поседуваат душа.
Христос имал човечка душа која по неговата смрт била во Адот. Тоа дека бил Божји син не значи дека е некаква "Божја творевина" туку се однесува на егзистенционалната поставеност на второто лице од Света Троица за која говоревме доста постови наназад. Христос е Бог колку што е Бог и Отецот, а и Светиот Дух. Никој не е помал или поголем од другите личности на Света Троица и за тоа говоревме доста постови наназад. Христос бил потполно човек и потполно Бог.
--- надополнето: 19 април 2012 во 02:03 ---
Нема шо да инсистирам, лошиот дух го познал Исуса како светец Божји и аутоматски станал добар дух - Божји. така стои во Библијата (пред да го смениш со “толкување“
Кај го пишува тоа?
--- надополнето: 19 април 2012 во 02:04 ---
Хм....што мислиш дали следнава поставеност на работиве не е бинарна:
Добро и зло, Ангели и Демони. Пекол и рај. Грешник и верник.....?:)
Дуализамот е ваше толкување, не наше. ;)
--- надополнето: 19 април 2012 во 02:07 ---
„Christian groups called "gnostic"“ е дел од објаснувањето за потеклото на поимот, што незначи и суштинска поврзаност со христијанските учења.

Природата на бог може да се спознае, само ако човекот и бог имаат иста - идентична основа или суштина. На тој начин, спознавајќи ја сопствената суштина, човекот може да ја согледа божјата природа, бидејќи е нејзин составен дел.
Методите се од интуитивна и езотериска природа.
Затоа човек неможе да ја спознае Божјата природа, бидејќи ја нема во себе. И телото и духот му се створени, душата не е дел од Бога. Таа е створена заедно со телото и има почеток, а нема крај. Телото ке си го добие своето бесмртно на второто Христово Доаѓање.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ти си знаеш, голем си, јас друго те прашував но нема везе, тоа е тоа кога се нема одговори.
Верата како израз на Слободата на човекот, воедно и како знаење, познавање. Мислев дека се следиме во муабетот, не сум несериозен.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Првин дефиниција што е гностицизам:

И пример за гностицизмот денес, како сеуште опстојува и е далеку од изумирање:
Гностицизмот живее преку кабалата и останатите окултистички секти. Да не се праиме луди...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Кај го пишува тоа?
По ова препознајте го Божјиот Дух: секој дух кој исповедува дека Исус Христос дојде во тело, е од Бог;
а секој дух кој не Го признава Исуса, не е од Бог; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека ќе дојде, и сега е веќе во светот.

Прво Јованово 4: 2-3
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom