Сега сериозно, значи дали сме или не сме крстени со самото тоа што не мијат со водата при крштевката?
Ако да, тогаш може да се дискутира аргументот на LP понатаму. Во спротивно, паѓа во вода.
--- надополнето: 18 април 2012 во 00:44 ---
Поентата на мојот пост беше да се потенцира благото угнетување на новите генерации од страна на општеството. Имено, на голем процент од населението религијата им е наметната со заплашување, лаги и повикување на непостоечки авторитети во кои субјектот не смее да се сомнева. Во овој акт, семејството има огромен удел.
Атеизмот не е повикување на бунт против авторитетот кој всушност и онака ни е наметнат, туку инквизиторен став во врска со кредибилитетот на истиот.
Па така, сосем неправилно е да го проектираш атеизмот како пубертетлиски гнев.