Тато и мама православни, јас атеист

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
ирониа е да си атеист, а на гробот да ти стават крст, иронија е да си крстен а да си атеиста. Сакаш нејќеш си некој халфатеист. Атеистиве цел живот се караат со мајака им, мамо маа зоѓшо си ме крстила у црква. А овие шо викаат тато е атеист прашајте го ако е атеиста дали е венчан у црква и зошто дозволил детето да му е крстено. Незнаете ни вие шо сте туку ај мрџете боље тука него стратегии да ми играте. И јас минев пубертет знам како е.
Можам некако да се одкрстам? Шо избор сум имал на 10 месеци жити мене? Од сите овие иронији шо ги спомнуваш ништо не праам јас, праат моите, не идам у црква, не се крстам пред тој ручекот што кој го јадам пошо од мал се навикнав да ручам(јебига), у црква ќе се венчам ако жена ми инсистира и е верник, исто и за крштевка на детето.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Dedo ateist, tato ateist i jas ateist, a mama monoteist si veruva samo vo nejziniot bog - mojot tatko:))
 
С

сашенко

Гостин
Постојат многу ритуали за дедо Мраз, и утре на моето дете ќе му ги правам. Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.
Да? И еден ден ако престане да верува во тоа (Дедо Мраз/ Свети Никола), мислиш дека ке му биде проблем тоа што ти некогаш си му ги кажувал сите овие работи? Не, ке го боли ташакот.Исто како што и мене ме боли за приказните шо ми ги кажувале и тоа што некој ме крстил кога сум се родил.Тоа не било мој избор, нема што да се замарам за тоа.А и богот не постои, исто како со обична вода да ме бањале и песна да ми пееле.

Дали тебе би ти било проблем како христијанин, ако твоите биле пагани и верувале во боговите од грчката митологија и како мал си бил дел од некои ритуали кои те поврзувале со нивните богови? Ако ти си сигурен во постоењето на твојот бог, и сигурен си дека Зевс и бандата не постојат, и тебе ке те боли ташакот за тоа што ти го правеле како мал.Едноставно ке си го тераш по Џизс животот и нема да им даваш значење на тие работи.Исто како и многу атеисти што не му даваат никакво значење на тоа што биле крстени..
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
ирониа е да си атеист, а на гробот да ти стават крст, иронија е да си крстен а да си атеиста. Сакаш нејќеш си некој халфатеист. Атеистиве цел живот се караат со мајака им, мамо маа зоѓшо си ме крстила у црква. А овие шо викаат тато е атеист прашајте го ако е атеиста дали е венчан у црква и зошто дозволил детето да му е крстено. Незнаете ни вие шо сте туку ај мрџете боље тука него стратегии да ми играте. И јас минев пубертет знам како е.
Почнувам да ја губам желбата да ти ги читам постовите.
Водиш некој слеп инает, не сакаш да разбереш основни дефиниции и се обидуваш да импозираш некој портрет на изграден интелектуалец и сето тоа е премногу лабилно.
Ако умреш, кој те прашува што сакаш да имаш на гробот?
Кога се раѓаш, те прашуваат дали сакаш да те крстат?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Можеш да си оставиш тестамент, дека не сакаш да те погребат според старите христијански обичаи. Јас планирам на моето потомство да оставам „аманет“ дека сакам да ме кремираат откако ќе умрам. Се е до изборот, барем на денешно време можеш да бираш.

И друго, не е крштевањето само да те полијат со вода, под крштевање се подразбира да го примиш бог во срцето и да веруваш. Така да тоа што го прават нашите родители со крштевање е да си го заситат сопственото его, и да се заштитат од божемната казна на бог. Тоа крштевање нема врска со нашите души...
 
Ако, хипотетички зборувам, те прегази Scania додека одиш да го завериш тестаментот на нотар? :)
И дали вториов пасус значи дека поповите не крштеваат навистина и всушност парите за крштевката се џабе дадени? Тоест, малку ли му е на Бог тоа што сме платиле? :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И дали вториов пасус значи дека поповите не крштеваат навистина и всушност парите за крштевката се џабе дадени? Тоест, малку ли му е на Бог тоа што сме платиле? :)
Матеј 10:8
Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако, хипотетички зборувам, те прегази Scania додека одиш да го завериш тестаментот на нотар? :)
И дали вториов пасус значи дека поповите не крштеваат навистина и всушност парите за крштевката се џабе дадени? Тоест, малку ли му е на Бог тоа што сме платиле? :)
За аманет да оставиш не ти треба нотар... А ти мислеше дека крштеваат од што сакаат бебето да се спаси??? :pos:
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Моите родители се големи верници, посебно татко ми. Дома се славеа сите празници, се почитуваа сите обичаи, се фрлаа огромни суми на пари за секоја слава. Кога бев мала им се радував на празниците, ама кога дојдов до тој момент да не се пронаоѓам себеси како христијака ми беше многу мачно. Морав да седам на бадник со сите на маса и да превртувам очи, едвај да чекам да помине вечерата, барав изговори за да не одам во црква и сл.
Сега живеам сама и го немам тој проблем, ама многу ме иритира тоа што татко ми ми се јавува за секој празник за да ме праша дали славам. Кога ке му кажам дека не славам, а најчесто и немам појма дека тој ден е празник, веднаш почнува со коментари од типот "грев е така да збориш"...
Најчесто се обидувам да се извадам со работа, нешто у стил како "работам и немам време за славење празници" и одма на тоа имам коментар "на празник не се работи, не се занесувај, господ ова, господ она"
Тешко ми е да се расправам со семејството на тема религија, затоа што секогаш кога ке кажам што мислам прават некои гримаси кои ми наметнуваат грижа на совест, затоа најчесто се трудам да се воздржувам од коментари.
Нема потреба од грижа на совест, треба они да се замислат малце и да се усрамат бидејки те замараат со глупости и на тој начин не те почитуваат како возрасен и интелигентен човек, најубао ке ти биде да си го кажеш своето и да се заврши таа прича.(y) Само мое мислење ништо лично:D
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Матеј 10:8
Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.
Навистина, христовите зборови во целост се исполнуваат во очите на јавноста. (y):D
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
ЛП бој, нема сите да се венчаме во црква, за брак важно ти е само матично. Ако ти твоето дете го крстиш само за да може да се венча во црква, а не го воспитуваш морално како што ти налага религијата, тогаш ништо не си направил.

Тато и мама се православни христијани, до пред неколку години јас бев католик, сега сум пантеист :confused: и друид.
еј ме интересира во која смисла си друид?
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
Значи насловот гласи "Тато Мама православни јас атеист" на местото на православни и атеист ставете било кои други но ставете различни една во однос со друга вера и одговорете ми: како е можно во едно семејство таткото и мајката да имаат една вера а детето да има сосема трета, дали е тоа резултат не неинформираност, неваспитаност или...?, дали тука грешката е на родителите?, или е виновно друштвото на тоа дете? или пак самото дете забегува со паметот?
:)Па кај мене едниот е муслиман, другиот православен, а јас будист, и никогаш не ми текнало на оваа твоја теорија, дека тоа е резултат на неинформираност, или пак невоспитаност.
Секој е посебна индивидуа, и секој е ....никој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom