Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Здраво, веќе подолгу време си готвам шпагети но без никаков сос или зачини, само кечап ставам одзгора.
Па сакав да прашам како да си направам сос (од домати или било каков) и + мелено месо да зготвам со шпагетите. Ајде некој што има правено ваков рецепт нека ме упати.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Епа ако сакаш со мелено месо, земи прво една главица кромид исецкај ја ситно и стави ја да се пржи во тава на умерена температура, потоа додај еден морков ситно сецкан, пиперка една ако ти се најде, сецкан магдонос и све тоа пржи го неколку минути, а потоа додај едно 300 грама мелено месо (најубаво ти е чисто телешко во месарница да ти смелат...) и убаво мешај го месото со смесата во тавата да нема грутчиња големи и пржи го едно 10-тина мин. Потоа земи доматен сос од тетрапак една голема чаша стави внатре и плус ако имаш еден свеж домат сецкан на парчиња, а ако не не мора домат, доволно ти е само сосот измешај со месото и зеленчукот, поклопи ја тавата со капак, намали ја температурата на ринглата и остај да се динста едно 20 мин дури не се згусне убаво...Повремено промешувај и додади сол, вегета, бибер, сецкан магдонос по желба, босилек...
И однапред шпагетите свари си ги и прелиј ги со соост и на крај пармезан малку...Мњаамммм......:)
 
Фала ти МНОГУ, утре ги зимам продуктите и мора да си го зготвам, ќе видиме што ќе биде. :D
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Успеав да ги направам шпагетите со сосот :cool:

Но не сум ставил доволно зачин сигурно, значи следниот пат на памет да имам повеќе да го зачинам сосот. Воглавно успешно зготвено имав пофалба од брат ми и татко ми хахаха...

Благодарение на :cuc: Blondie
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
не пишува на кесичката? знам само дека треба да се размеша со 2-3 капки вода и после да се стави во вода што вари на шпорет. и мислам дека ептен малку треба да се вари. шеќер по вкус и оставаш да се олади
веројатно...?
прв пат слушам желатин да се приготвува исклучиво за јадење
разбирам да се додаде во нешто ( колачи, торти, вишњи......)- нооооооооооо да се размати со вода и шеќер и да се јаде како такво :eek: ?!!!!!!!!!!
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
прв пат слушам желатин да се приготвува исклучиво за јадење
разбирам да се додаде во нешто ( колачи, торти, вишњи......)- нооооооооооо да се размати со вода и шеќер и да се јаде како такво :eek: ?!!!!!!!!!!
о, изгледа не сум напишал убаво. текстот е како да го подготвиш желатинот за понатамошна доработка, со вишни врз чиз кејк, како заштита на овошјето во овошните торти итн... не за јадење... :cool:
 
A

AnFem

Гостин
Имам една идеја, само ми треба нечиј совет, а може и рецепт. Не знам колку се’ ова би одговарало, па затоа прашувам... Сакам да направам пилешко со авокадо, веројатно со тоа и зелена залата и можеби и ѕаѕики сос, сето тоа завиткано во тортиља. Мислења?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Ова се рецепти кои ги имам испробано и ви ги препорачувам. Иначе блогот со рецепти е супер и има јадења по сечиј вкус :cuc:

Tако, Фарфале со пилешко, Пилешко задушено во тесто, Ќофтиња од тиквици, Енчилада, итн итн.

Пробајте, згответе, и да се згреши нешто првиот пат, не се обесхрабрувајте, на втора сигурно ќе успее ;)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Од искуство, има едни кори, ги има во Тедико сигурно, проѕирна амбалажа, црвено жолто лого, од некаква кичевска фирма, кај мене се покажале како најдобри за домашен бурек и разни питички - едноставно имаат најоптимална влажност - од другите кои сум ги пробал - најчесто се пресуви и течко е да им го погодиш „подмачкувањето“...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Сакам да направам чипс од тиквички (и пиво :P) Знам дека треба да се тенко исечени и дека се пржат во загреано масло, но дали да ги валкам во брашно или не.
 
К

Кики.

Гостин
Сакам да направам чипс од тиквички (и пиво :P) Знам дека треба да се тенко исечени и дека се пржат во загреано масло, но дали да ги валкам во брашно или не.
Рецептов не сум го пробала, ама може ќе ти помогне. :) Имам правено без јајце, само со брашно и не излегува како чипс - не е крцкаво.
2 тиквички,
1 јајце (изматено)
1 шолја брашно
масло за пржење
Постапката ја знаеш - тенко сечкани тиквички, прво во јајце, па во брашно и на пржење 2-3 минути. Кога ќе ги вадиш од пржење, стави ги на салфети за да се упие непотребната маснотија. На крај ставаш сол и сок од лимон (ако сакаш).
 
Член од
21 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
58
Сакам да направам чипс од тиквички (и пиво :P) Знам дека треба да се тенко исечени и дека се пржат во загреано масло, но дали да ги валкам во брашно или не.

Vo brasno, i da prskas so voda dodeka se przat. Neblagodarna rabota e, cela kujna ke ti bide lom.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 16:24 ---
Napravi pohovani tikvicki so prezla. Gi seces tenko, okolu 3 mm, gi valkas vo brasno, vo izmateno jajce, pa vo prezla. Gi przis od dvete strani po dve minuti. So tartar sos se nesto neverojatno.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom