Фан Клуб: Реал Мадрид

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Абе момци оладете и вие малце,гледам на Мурињо планирате и отказ да му дадете.

Јебига се случи тоа што се случи,незнам зашто толкаво големо разочарување,играта и не беше баш така лоша,ќе си ги пронајдат грешките,ќе се поправи тоа што треба и влагаме во РЕВАНШОТ.
 
A

apidrone

Гостин
Па Алонсо сеа паузираше со Апоел првата :(
--- надополнето: 18 април 2012 во 01:24 ---
Абе момци оладете и вие малце,гледам на Мурињо планирате и отказ да му дадете.

Јебига се случи тоа што се случи,незнам зашто толкаво големо разочарување,играта и не беше баш така лоша,ќе си ги пронајдат грешките,ќе се поправи тоа што треба и влагаме во РЕВАНШОТ.
Ако треба и прскалки од Каталонија ќе набавиме :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
The S-Man, најголема грешка ќе биде ако го отпуштат Мурињо. Овој проект не смее да запре.
Каков проект ?

Нема сомневање дека човекот внесе убави работи во клубот, али:
- Не е тоа ни Челзи, ни Интер, ние сме подобри мораме да играме офанзивно.
- За разлика од претходните два клуба - конкуренцијата е посилна, трпението е се помало и помало, а некои од играчите и не му се баш по мерка.

Најголемиот аргумент на оние што го бранат Мурињо е, каде бевме пред него а каде сме сега. Па да разјасниме, со волку киксеви на Барселона, и Пелегрини би ја освоил Примера, и тоа со уверлива предност. Напротив, со ваков тим секој би ја освоил Примера затоа што циганите малку се опуштија на гостувањата.

Пред Мурињо го имавме проклетсвото во ЛШ, а он тоа го реши. Па дали тој го бираше вака лесниот пат до полуфинале во ЛШ ? Кажете ми дали Пелегрини не би стигнал до тука каде што сме во ЛШ ? А пред да ми кажете дека Пелегрини имаше своја шанса во ЛШ, размислете добро колку услови му беа исполнети на Мурињо а колку на Пелегрини. Исто и минатата сезона, ги поминавме Лион и Тотенхем, отпаднавме од Барса. Да ти се плукнам на успехот, Тотенхем и Лион, исто како да сме ги победиле Хихон и Гранада во Примера.

Го освои купот во тежок натпревар против Барса. Пак ништо посебно, игравме под притисок, Пепе беше разигран во средина, Роналдо сам во нападот, ни се посреќи. Али затоа што Барса не тепаше каде стигне последните неколку години тоа ни изгледаше како да сме освоиле кој знае што.

Доби само еден натпревар со Барселона од ваљда десет од кога е он тренер. Не гледам како би го променил тоа во наредните 2 години ако остане.

Така да, изгледа дека сите сме заведени од Мурињо, али не е тој толку добар како што мислиме.

За крај, да кажам само едно: Капело во 2007 ја освои лигата, али беше избркан затоа што стилот на игра не им се допаѓал на публиката. Епа мене а гледам и на повеќето ова сега не им се свиѓа...

Само победа против Барселона среде Каталонија или пласман во финале на ЛШ го вади од овие гомна. Ако успее да ни донесе двојна круна, тогаш ќе биде запаметен како еден од најголемите тренери во историјата на Реал, затоа што успеал невозможното да го направи возможно, затоа што за противник и во Примера и во ЛШ го има еден од најдобрите тимови во историјата, и ретко кој тим успеал да направи такво нешто. Во спротивно не гледам што тој би имал направено многу повеќе од своите претходници па да остане и натаму на клупата.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Иначе треба да искулираме да не избрзуваме со ставови како оставка на Мурињо. Пред утакмицава игравме исцрпувачка утакмица против бункер екипа за да си ја задржиме предноста од 4 бода пред класико. Добро е што имаме добар резултат ...и со 1-1 ќе моравме да постигнеме гол дома ..не ни гарантираше ништо тоа. Ништо не менува поразов според мене...сега само да не се падне психички и со голема мотивација да се влезе во следната утакмица. Ако извадиме позитивен резултат од класикото јас сум убеден дека Баерн ќе зажали што ќе дојдат на Бернабе.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.730
Глејте, факт е дека периодов играме слабо, и у ЛаЛига победуваме воглавно заради дечкото со мускулестата нога. Ја нема таа тимска игра со која се одликуваше екипата во претходниот дел од сезоната.

Слаба форма на Бензема и Игуаин, не слаба во давање голови, туку во придонес кон стилот на играта.

Друго интересно што имам забележано, последниов месец, е во однос Кака/Озил. Секогаш тој што влага како резерва игра 100 пати подобро од тој што го почнал натпреварот. Тој што почнал секогаш има слаб натпревар. Затоа и сакав Кака да влезе денеска, убеден сум дека ќе беше екстра џокер.

Трето, муабетот за Касиљас. Крив е за голот, најкрив од сите у одбраната. Погледнете како трга па се враќа, недозволиво е тоа. Катастрофален е капитенот при нафрлени топки сезонава. За споредба, видовте како Ноер доминираше при центаршутите вечерва. ЕДНА топка не испушти! :cuc:

Али сите овие работи се поправливи, и баш овој период е оној во кој и тие што се у лоша форма, МОРА да проработаат!
 
M

MrzaRules

Гостин
колку е крив Касиљас за голот толку крив е и Коентрао....
 
A

apidrone

Гостин
И шо сеа ќе мењаме тренери све додека не ја победиме Барселона? Не заебаај. Оваа Барселона (барем за овие 12 години колку што пратам), е нивниот најсилен состав. Не е непобедлива, далеку од тоа, но Ел Класико е поинаква утакмица од останатите. Тоа е повеќе од фудбал.
Друго, како си сигурен дека Пелегрини ќе ја освоеше лигата и тоа убедливо? Ајде настрана киксовите на конкурентот, а неговите игри и резултати? Како тој би се справил со ѕвездите во тимот? Никаков авторитет нема. Тој ти е тренер за помали екипи еве како Малага, и си фура типот. У контекст на ова, Мурињо ги бараше Ди Мариа, Озил, Кедира, Коентрао.. Пелегрини којзнае што ќе донесеше, или што ќе му се тутнеше, пошо уште еднаш ќе кажам, нема авторитет.
Велиш, сме ги прошле Лион и Тотенхем, а тоа не било успех. Епа друже, претходно ни Лион, ни Рома, ни Баерн, ни Ливерпул што ни начука 4 гола на Енфилд, не можевме да ги пројдеме. Претходно веднаш по ждрепката за 1/8 финале веќе се мислеше на противникот за 1/4 финале, кога овие противници не трескаа од земја и тоа поштено. Сега гледам дека не е така, и дури и со Апоел и ЦСКА се влезе сериозно. Значи има напредок.
Велите против послаби противници мрежата се пуни до врв, а тимот затајува кога играме со појак тим. Епа вие пак докажувајте се со останатите фанови дали Ла Лига е посилна од ПЛ и слично. Ќе речете епа како Барса може. Епа може, затоа што не го менува тренерот после секоја неуспешна сезона.
И ајде сте запнале да го мењате, кој да дојде?
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Наредна утакмица ако не го стави Марсело прва постава, Мурињо не е човек. Пушти си ги стандардните најдобри 11, без никаков експеримент.

Икер, Арбелоа, Рамос, Пепе, Марсело, Чаби, Кедира, Роналдо, Озил, Кака и кој било од овие двајцава напаѓачи. Јас сум повеке за ваква формација, па освежувањето од клупа(Маријa/Бензема)ке дојде како кец на десетка. Мора крајно офанзивно и внимателно да се одигра. Нека стигнат до финале па после ке ја крпиме работата за тоа кој ке игра. Целта е да се стигне.

Наредни се комшиите. Кога би можел да бирам еден дуел да заврши во наша полза, би го одбрал оној од ЛШ, пошо и вака и онака ке си иаме предност во лига.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Неможе да му се замери на Мур за ова што го прилагодува тимот на противникот. Човекот претходно водел клубови кои се пред се медиумски послабо експонирани од Реал. Првин дали е Порто,Челси или некој друг нему не му беше замерувана играта се додека има резултат кој му носи бодови или пласман понатаму. Беше и нарекуван дефанзивен тренер поради неговата филозофија. Лесно е во помал клуб да си поставиш дефанзивна тактика и да чекаш некаков си гол од пенал,слободен или корнер. Првенствена цел е да не се прими гол па ако се даде даде :icon_lol:

Од Реал се очекува доминација низ целиот натпревар...мн погодоци и возбудливи ситуации. Да водеше друг тим сега Мурињо ќе си беше во финале и ќе си размислуваше како до крај титулата во лигата. Неможе кога имаш офанзивни играчи во вредност од пола милијарда евра ти да играш со сите дефанзивни играчи и да се прилагодуваш на противникот.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Друго, како си сигурен дека Пелегрини ќе ја освоеше лигата и тоа убедливо? Ајде настрана киксовите на конкурентот, а неговите игри и резултати? Како тој би се справил со ѕвездите во тимот? Никаков авторитет нема. Тој ти е тренер за помали екипи еве како Малага, и си фура типот. У контекст на ова, Мурињо ги бараше Ди Мариа, Озил, Кедира, Коентрао.. Пелегрини којзнае што ќе донесеше, или што ќе му се тутнеше, пошо уште еднаш ќе кажам, нема авторитет.
Велиш, сме ги прошле Лион и Тотенхем, а тоа не било успех. Епа друже, претходно ни Лион, ни Рома, ни Баерн, ни Ливерпул што ни начука 4 гола на Енфилд, не можевме да ги пројдеме. Претходно веднаш по ждрепката за 1/8 финале веќе се мислеше на противникот за 1/4 финале, кога овие противници не трескаа од земја и тоа поштено. Сега гледам дека не е така, и дури и со Апоел и ЦСКА се влезе сериозно. Значи има напредок.
Велите против послаби противници мрежата се пуни до врв, а тимот затајува кога играме со појак тим. Епа вие пак докажувајте се со останатите фанови дали Ла Лига е посилна од ПЛ и слично. Ќе речете епа како Барса може. Епа може, затоа што не го менува тренерот после секоја неуспешна сезона.
И ајде сте запнале да го мењате, кој да дојде?
Доволно е да ја видиш табелата во Примера кога беше Пелегрини тренер и ќе видиш некои работи. Да беше таа сезона Барса толку лоша на гостувањата како што е оваа, титулата ќе ја земевме на 5 кола до крајот.

Не сакам да бидам како каталонците, да го оспорувам она што е постигнато до сега, да викам дека Реал ќе ја освои титулата оваа сезона само поради тоа што Барса се опуштале на гостувањата, а не затоа што Реал е многу силен. Најпрво титулата Реал ако ја освои ќе биде по заслуга на одличната игра во оној дел кога најмногу требаше, а потоа заслужна ќе биде и Барселона која неочекувано киксаше на гостувањата. Али сега тука имаме едно големо АКО.. Ќе видиме што ќе се деси на крајот.

Не сакам повеќе да пишувам на таа тема, си го кажав своето, само пак ќе кажам не е ова ни Челзи ни Интер ни Порто. Ова е Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот. Навивачите на Реал немаат трпение, желни се за трофеј, и уште една година помината без значаен трофеј ќе значи уште една голема брука. А откога Барселона почна да доминира, оваа година ја имаат најголемата шанса за освојување на трофејот во Примера, и Мурињо ако е толку добар како што сите ние го правиме, мора тоа да го докаже баш кога највеќе треба !!!

Ќе дојде и крајот на сезоната, не дај боже да ја испуштиме оваа предност во Примера, тогаш цел Мадрид ќе се сврти кон Мурињо и сите ќе го сметаат него за главен кривец, и речиси е сигурно дека уште една сезона без трофеј ќе значи и негово отпуштање, посебно после оние +10. Секакво дека не посакувам вакво сценарио, посакувам да не израдува барем со еден трофеј оваа сезона, и другата сезона да продолжи со нас таму каде што застана.

А кога сме за тоа кој ќе дојде, 60 милиони за Биелса во пакет со Хави Мартинез и ќе бидеме спремни да се надигруваме со Барса за врвот на светскиот фудбал. :rolleyes:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Кога сме кај црното сценарио несакам да јадам гомна после да викате Миле ова Миле она. Ама баш одиме во тој правец...недај боже. Првин во супер купот бевме поразени од Барса. Потоа во купот не елиминираа. Ете им се укажува шанса во ЛаЛига да ни ги замрсат сметките и евентуално ако стигнеме и ние и тие во Минхен. Ако се движат работите во таква насока тогаш отказот е неизбежен.
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Вака ќе ви се одвива сезоната до крај:
Шпанско ќе освоите со +3 во одност на Барса (во Сабота нерешено), следната Среда 3-1 точен резултат, а во финалето ќе тепате со гол во екстра тајм, е сеа незнам кој ќе го даде! :icon_lol:
Tака да рилекс момци! :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Вака ќе ви се одвива сезоната до крај:
Шпанско ќе освоите со +3 во одност на Барса (во Сабота нерешено), следната Среда 3-1 точен резултат, а во финалето ќе тепате со гол во екстра тајм, е сеа незнам кој ќе го даде! :icon_lol:
Tака да рилекс момци! :)
Да си ибеш век ме расположи. Ама ај образложи ми како до тие +3? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom