Паднавме на првио тест. Следниве 2 се клучни. Со одбраната стандард проблеми, мислем Мурињо ќе ги реши ама тие уште се тука. Кога и да има мешаница во нашио 16ник 80% е гол.
Просечно слаба игра за цел тим, не сме навикнати вака и сега сите плукаме.. то е.Треба да сме среќни шо не изгубивме со повеќе оти реално кажано не напрајвме ништо цела утакмица. Ама имаме позитивен резултат.
Е сега со замениве ја заеба работата. Очекував место Озил, Кака да влези, тој го става Марсело. Мислам ВТФ? Бензема незнај на кај тера последно време, пак си игра прва постава. Роналдо без Марсело неможи тој му ја води пола игра, па зато Роналдо не се ни виде утакмицава. Незнам зошто го менува стило на игра, ко го постигнавме голо очекував да ја вртиме, да се разиграме а од тогаш скоро и да не напрајвме шанса.
Ама ајде тоа е, имаме време, сега со мислите кон Кампот, да си ја обезбедиме едната титула, и Среда така расположени да ги пречекаме Баварциве, и да им кажиме кој е кој !!
ХАЛА МАДРИД!