Владата се задолжи 250 милиони евра кај “Дојче банк“

  • Креатор на темата Креатор на темата Zan zivotnoto
  • Време на започнување Време на започнување

Zan zivotnoto

Jean l`animal
Член од
30 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
24
Владата вечерва донесе одлука за задолжување кај “Дојче банк“ за 250 милиони евра за да се финансира Буџетот за 2012 и да се рефинансираат обврските по основ на еврообврзницата што доспева во јануари 2013 година. Министерот за финансии, Зоран Ставрески информираше дека понудата на “Дојче банк“, најголема европска комерцијална банка, била најдобра меѓу понудите на три банки.
Позајмицата е 250 милиони евра на петгодишен рок, со отплата на крајот на петтата година, со фиксна каматна стапка од 6,83 проценти во моментов. .. (останатото е бла бла бла, колку поволно е задолжувањето, нашето реноме, избезнат ПЛЛ аранжман, и стандардни празни муабети кои немаат врска со тоа чуму воопшто потребата од задолжување, домаќини луѓе не кинисуваат секој трет месец во банка за позајмици .. кој ќе го врати долгот и кој ќе го троши веќе си знаеме)

Нетпрес
 
Ништо чудно да има предвремени избори за брзо време , во кои што денешнава владеачка партија влезе со намера да ги загуби...
 
многу задолжувања имаме во последно време.. премногу! немаме ние некоја посебна индустрија или производство со што би се покриле волку пари. кај нас единствено пари се покриваат од даноци и казни ништо повеќе.
 
Јас само од лани што памтам задолжувања 450 милиони од Светска Банка 150 милиони од Дојче Банк сега ова да не е некоја шега 250 нови.
Ај да имаме некој развој во ред но ние сме умрена економија.
Во ред е на пример да се задолжуват за автопати,енергетика,инфраструктура.
А ние се задолжуваме за пензии и плати.
А од инфраструктура 90% вложуваме во споменици,административни згради во Скопје.

Кога некој домаќин зема кредит за да отплати стариот да знаете не ја бидува работата.

Само да знаете проблемот е што не се размислува долгорочно кој ќе ги плаќа кредитите по 5-6 години.
 
многу задолжувања имаме во последно време.. премногу! немаме ние некоја посебна индустрија или производство со што би се покриле волку пари. кај нас единствено пари се покриваат од даноци и казни ништо повеќе.
Зависи од тоа како ќе се одвива на економски план годинава и следната, може ни од таму веќе да не се прибираат, тек тогаш ќе биде држ недај...
 
Да биде потрагично и таа што ја имаме се распаѓа ... чао Охис ...
 
Идиоти неписмени, задолжувајте се оти не знаете нормална економска политика да направите, притиска од сите страни, да не се овие месечни задолжувања ни плата ни пензија ќе се виде, тоа сите го знаат, а во меѓувреме приватниот сектор е притиснат како никогаш до сега, се гуши во новокомпонираниот груевистички социјализам.
 
- Гејска работа.
 
Зависи од тоа како ќе се одвива на економски план годинава и следната, може ни од таму веќе да не се прибираат, тек тогаш ќе биде држ недај...
па искрено после толку напукани казни по народов веќе секој се плаши и на сред улица да помине - сите гледаат пешачки за да не ги опалат по џеб. једино од што ке продолжат да земаат пари е од приваните бизниси на луѓево. кај нив пукаат казни за се и свашта ако треба да се соберат пари за у буџет. гревота е и срамота е како ги „дупат“ у ребра но тоа е што да се прави. од една страна даваат кредити за почнување на соопствен мал бизнис од друга страна фрчат казни инспекции и слично.
 
Не може да кажеш дека не предупредија со слоганот: Осмели се....

А баш прееска накратко додека си идев накај дома размислував за сопствен бизнис, и коа си собрав некои трошоци што ми паднаа први на памет(покрај оние што не ми паднаа) си реков стварно треба да имаш м**а да се осмелиш...
 
Мислев дека задолжувањава ќе ги плаќаат моите правнуци, ама сум се излажала! Сигурно правнуците на моите правнуци ќе бидат "среќните плаќачи", како што тргнала работава:facepalm:
 
Мислев дека задолжувањава ќе ги плаќаат моите правнуци, ама сум се излажала! Сигурно правнуците на моите правнуци ќе бидат "среќните плаќачи", како што тргнала работава:facepalm:
- како што тргнала работава, се сложувам на твоето мослење
со додавка.......АКО ПОСТОИМЕ
 
Мислев дека задолжувањава ќе ги плаќаат моите правнуци, ама сум се излажала! Сигурно правнуците на моите правнуци ќе бидат "среќните плаќачи", како што тргнала работава:facepalm:
Позајмицата е 250 милиони евра на петгодишен рок, со отплата на крајот на петтата година

За 5 години нека му ја мислат тие што тогаш ќе водат.
Важно 10% покачување да не се секират пензионерите и администрацијата ќе добијат.
 
За 5 години нека му ја мислат тие што тогаш ќе водат.
Важно 10% покачување да не се секират пензионерите и администрацијата ќе добијат.
Па така де, ако бидат некои други тие ќе бидат виновни. На народот толку му сече кога се правени тие задолжувања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom