Владата скрои ребаланс на буџетот, се кратат 122 милиони евра

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ребаланс, но и ново задолжување од 250 милиони евра

вторник, 17 април 2012, 21:27

Буџетот е покус за 120 милиони евра, но за да се финансира дефицитот Владата се задолжи за 250 милиони евра кај Дојче банк. Министерот за финансии, Ставрески објави дека овие пари ќе биле доволни за финансирање на буџетот, ќе ги враќаме по пет години. Од ММФ немало потреба да се бара заем.

,,Со оваа финансиска понуда, целосно се заокружува конструкцијата на буџетот за 2012 и почетокот на 2013. Средствата се со каматна стапка од 6,8%. Овие пари заедно со ребалансот ќе помогнат за подобрување на ликвидноста на буџетот и на вкупната економија,, изјави министерот Зоран Ставрески.

Во меѓувреме, сите министерства ќе штеделе. Ќе се крати на ставките стоки и услуги, трансфери и капитални расходи. Од планираните 426 милиони евра, ќе се скрати кај проектите кои побавно се реализирале.

,,Се настојуваше да не се оштети реализацијата на проектите, нема проект каде нема корекција, нема проект каде таа корекција е толку голема за да не може проектот да продолжи понатаму,, уверува Ставрески.

Иако првично Владата очекуваше економијата да порасне за 4,5%, сега ја ревидираше проекцијата на 2,5%. Ваквата надолна корекција според првиот финансиер се должи на кризата. Инфлацијата се очекува да биде 2,8%, поради растот на цената на нафтата на светските берзи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ем ребаланс ем задолжување. Им фалат 120 милиони + 250 милионки (со 6,8% камата) = машала малку се во дупка. Ставре да ти јадам проекциите ретардирани. Сме влегле во минус првите месеци, индустирското производство е во минус.
Плус еврообврзницата треба да се плати, ах бе популизмот ве отепа.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Клин со клин избиваат, најсуан...

Од кога се задолжува во април за подмирување на обврска во јануари? Кога прават будали....
 
I

Iblis

Гостин
6.8% добро се исценкале и како тоа ќе ги враќаме за 5 години? 5 годишен кредит е или има грејс период од 5 години?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
6.8% добро се исценкале и како тоа ќе ги враќаме за 5 години? 5 годишен кредит е или има грејс период од 5 години?
Тешко да има грејс период...Инаку тој ни е рејтингот тапа ББ на еврообврзницата мораа 10% да плаќаат камата. Направија огромен лошо планиран буџет сега мораат ребаланси задолжувања и чуда. Толку му сече на Кум Ставре...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ребаланс, но и ново задолжување од 250 милиони евра


вторник, 17 април 2012, 21:27

Буџетот е покус за 120 милиони евра, но за да се финансира дефицитот Владата се задолжи за 250 милиони евра кај Дојче банк. Министерот за финансии, Ставрески објави дека овие пари ќе биле доволни за финансирање на буџетот, ќе ги враќаме по пет години. Од ММФ немало потреба да се бара заем.
,,Со оваа финансиска понуда, целосно се заокружува конструкцијата на буџетот за 2012 и почетокот на 2013. Средствата се со каматна стапка од 6,8%. Овие пари заедно со ребалансот ќе помогнат за подобрување на ликвидноста на буџетот и на вкупната економија,, изјави министерот Зоран Ставрески.
Во меѓувреме, сите министерства ќе штеделе. Ќе се крати на ставките стоки и услуги, трансфери и капитални расходи. Од планираните 426 милиони евра, ќе се скрати кај проектите кои побавно се реализирале.
,,Се настојуваше да не се оштети реализацијата на проектите, нема проект каде нема корекција, нема проект каде таа корекција е толку голема за да не може проектот да продолжи понатаму,, уверува Ставрески.
Иако првично Владата очекуваше економијата да порасне за 4,5%, сега ја ревидираше проекцијата на 2,5%. Ваквата надолна корекција според првиот финансиер се должи на кризата. Инфлацијата се очекува да биде 2,8%, поради растот на цената на нафтата на светските берзи.
Па таа камата за 5 годишна обврзница е малце многу бре луге.
--- надополнето: 17 април 2012 во 23:47 ---
Ем ребаланс ем задолжување. Им фалат 120 милиони + 250 милионки (со 6,8% камата) = машала малку се во дупка. Ставре да ти јадам проекциите ретардирани. Сме влегле во минус првите месеци, индустирското производство е во минус.
Плус еврообврзницата треба да се плати, ах бе популизмот ве отепа.
Ако правилно сум информиран, тоа са около 15-17% от вкупниот буджет. Леандра, знае се каква е била старата камата на обврзницата,коja ке се плати во 2013?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Па таа камата за 5 годишна обврзница е малце многу бре луге.
--- надополнето: 17 април 2012 во 23:47 ---

Ако правилно сум информиран, тоа са около 15-17% от вкупниот буджет. Леандра, знае се каква е била старата камата на обврзницата,коja ке се плати во 2013?
9,875%
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Мислам, следниот пат доколку одите да заокружувате бројка на ливче, земете ги овие работи во обзир. Меѓу останатите глупости, се разбира.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако навистина тиja пари се користат за изплата на обврзницата и старата камата е била 9,875, а новата е 6,8 тогава е добро, но се уште ми се чини,дека за 5 годишна обврзница е малце висока таа камата.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Тешко да има грејс период...Инаку тој ни е рејтингот тапа ББ на еврообврзницата мораа 10% да плаќаат камата. Направија огромен лошо планиран буџет сега мораат ребаланси задолжувања и чуда. Толку му сече на Кум Ставре...
Има грејс период цитирам - Позајмицата е 250 милиони евра на петгодишен рок, со отплата на крајот на петтата година, со фиксна каматна стапка од 6,83 проценти во моментов.
--- надополнето: 18 април 2012 во 00:50 ---
Ако навистина тиja пари се користат за изплата на обврзницата и старата камата е била 9,875, а новата е 6,8 тогава е добро, но се уште ми се чини,дека за 5 годишна обврзница е малце висока таа камата.
Владата пред 6 или 7 години зема еврообрзница со рок што доспева 2013 и наеднаш затоа земаат нова евробрзница а околу тоа дали мора да земе евробрзница мора затоа што не може од буџет да 250 милиони евра затоа што тоа преставува 10% од буџетот на Македонија.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако навистина тиja пари се користат за изплата на обврзницата и старата камата е била 9,875, а новата е 6,8 тогава е добро, но се уште ми се чини,дека за 5 годишна обврзница е малце висока таа камата.
Висока беше оти ја издадоа во време на Светската рецесија кога никој жив на никој пари не му даваше. Плус и ние сме со бб рејтинг каматата е да не дотепа.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
ќутете да не направат ребаланс и на ДДВто од 18% на 25 % за брзо време :facepalm:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ќутете да не направат ребаланс и на ДДВто од 18% на 25 % за брзо време :facepalm:
Тоа се случи во Хрватска 25% е сега ддв засега непостои таква можност тоа да се случи во Македонија но владата планира да покачува следните 3 години пензии и плати на администрацијата што ќе биде дополнително оптоварен буџетот. А тоа значи дека ако во иднина не се зголемат домашните и странските инвестиции и економскиот раст на годишно ниво не биде минимум 5% на среден и долг ќе се соочи со сериозни предизвици централниот буџет плус да не заборавиме многу важна работа разликата меѓу придонесите што ги плаќаат компаниите и пензиите што се даваат имаат се поголема дупка што се покрива од централниот буџет а во иднина се повеќе ке се даваат пари ако добро се сеќавам лани 120 милиони евра даде централниот буџет да се пополни таа дупка но со најавените покачени пензии таа дупка во иднина ќе расте исто така ова се случи во хрватска и беше една од неколкуте причини зошто Хрватите го зголемуваат ддв во економијата нема бесплатен ручек. Но за жал тој ручек највеќе домашните компании во иднина ќе го платат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom