Моите родители се големи верници, посебно татко ми. Дома се славеа сите празници, се почитуваа сите обичаи, се фрлаа огромни суми на пари за секоја слава. Кога бев мала им се радував на празниците, ама кога дојдов до тој момент да не се пронаоѓам себеси како христијака ми беше многу мачно. Морав да седам на бадник со сите на маса и да превртувам очи, едвај да чекам да помине вечерата, барав изговори за да не одам во црква и сл.
Сега живеам сама и го немам тој проблем, ама многу ме иритира тоа што татко ми ми се јавува за секој празник за да ме праша дали славам. Кога ке му кажам дека не славам, а најчесто и немам појма дека тој ден е празник, веднаш почнува со коментари од типот "грев е така да збориш"...
Најчесто се обидувам да се извадам со работа, нешто у стил како "работам и немам време за славење празници" и одма на тоа имам коментар "на празник не се работи, не се занесувај, господ ова, господ она"
Тешко ми е да се расправам со семејството на тема религија, затоа што секогаш кога ке кажам што мислам прават некои гримаси кои ми наметнуваат грижа на совест, затоа најчесто се трудам да се воздржувам од коментари.