Videte go sega pak ovaa. Protestite ja usporuvale istragata za ubistvata. -.-
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денес информираше за билансот од вчерашните протести.
Околу 1000 лица излегоа на јавни протести кои не беа најавени во МВР. Протестираа главно пред Влада, но дивееа и низ улиците.
-Предизвикана е материјална штета, искршени се неколку прозорци од зградата на Владата, билборди и полициско возило.Потешко се повредени двајца полицајци и тројца граѓани, истакна Јанкулоска.
Приведени се 14 лица, а се работи на откривање на идентитетот на лицата кои напаѓаа луѓе. Еден од нападнатите граѓани е снимател на работна должност.
Од МВР информираат дека до крајот на денов ќе се оформат прекршочни или кривични пријави за сите кои насилно се однесуваа.
-За жал, некои лица револтот го манифестираа на насилен начин. Тоа беше непотребно насилство, што доведе до непотребен дополнителен ангажман на полицијата, наместо целиот капацитет да го насочиме на решавање на петкратното убиство, рече министерката.
Протестите договорени преку социјалните мрежи, најавени како мирни, излегоа од контрола. На нив настрадаа невини граѓани кои навистина излегоа да искажат сочувство за загинатите. Без причина и повод дел од оние кои протестираа пристигнаа подготвени за насилство, со маски на лицата и камења во рацете.