Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што вели Лука (во кој стух...) и што велат „Делата... (во кој стих...)?
 
Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско
Јован 5: 31

Исус им одговори и рече: “Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам
Јован 8: 14

Чаре?
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:41 ---

А кога настана ден,ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет,кои ги нарече и апостоли: Симона кому што му даде и име Петар, и брат му Андреја, јакова и Јована,Филипа и Вартоломеја, Матеја, Тома, Јакова Алфеев и Симона наречен Зилот, Јуда Јаковов и Јуда Искариот,кој и Го предаде
Лука 6: 13-16

(Кај Матеј има некој си Левиј Тадеј а го нема Јуда Јаковлев)

И кога влегоја во куќата, се искачија во горната одаја каде живееја: Петар и Јован, јаков и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зелот, и јакововиот брат Јуда
Дела 1: 13

И овде го немаме Левиј Тадеј а го има Јуда Јаковлеев)

Што се случи со Левиј??
 
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:42 ---
Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско
Јован 5: 31

Исус им одговори и рече: “Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам
Јован 8: 14

Чаре?

Чек, полека...

Колку разбрав, дилемата беше околу точната/различната листа со имиња од Апостоли кај Лука и во „Делата...„ па затоа и ги барав тие стихови.

Што е дилематично во погорните стихови?
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:48 ---
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:41 ---

А кога настана ден,ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет,кои ги нарече и апостоли: Симона кому што му даде и име Петар, и брат му Андреја, јакова и Јована,Филипа и Вартоломеја, Матеја, Тома, Јакова Алфеев и Симона наречен Зилот, Јуда Јаковов и Јуда Искариот,кој и Го предаде
Лука 6: 13-16

(Кај Матеј има некој си Левиј Тадеј а го нема Јуда Јаковлев)

И кога влегоја во куќата, се искачија во горната одаја каде живееја: Петар и Јован, јаков и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зелот, и јакововиот брат Јуда
Дела 1: 13

И овде го немаме Левиј Тадеј а го има Јуда Јаковлеев)

Што се случи со Левиј??
Да, недостасува Левиј.

Не ми е познато што се случило со Левиј, пошто од некоја причина, не е наведен.
 
Чек, полека...

Колку разбрав, дилемата беше околу точната/различната листа со имиња од Апостоли кај Лука и во „Делата...„ па затоа и ги барав тие стихови.

Што е дилематично во погорните стихови?

контрадикторноста на Исус

Да, недостасува Левиј.

Не ми е познато што се случило со Левиј, пошто од некоја причина, не е наведен.

Не само што фали Левиј кај Лука туку кај Матеј фали и Јуда јаковлеев
Двајца апостоли се во прашање.
 
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:58 ---
к
Не само што фали Левиј кај Лука туку кај Матеј фали и Јуда јаковлеев
Двајца апостоли се во прашање.

Ќе се распрашаме..
--- надополнето: 17 април 2012 во 15:59 ---
контрадикторноста на Исус

Во што се состои конрадикторноста?
 
Во што се состои конрадикторноста?

Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско
Јован 5: 31

Исус им одговори и рече: “Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам
Јован 8: 14

Исус вели дека ако сведочи сам за себе сведоштвото нема да биде вистиното
Исус вели дека ако сведочи сам за себе сведоштвото е вистинито
 
Стиховите, вака извадени од контекст, звучат контрадикторно, на прв поглед.
Прочитани со континуитет, збирно, со претходните и последователните, звучат „комплетно„,

Во првиот сих, Христос јасно укажува дека, доколку Он сведочи самостојно, како единка, не би имале причина да веруваме во Неговите зборови. Но, Он отсекогаш Е во светотроична заедница, со Отецот и Духот, така да другите ипостаси/личности, сведочат за вистиноста од Христовите зборови. Тоа е читливо и во Јован, 5.30. и во 8.16, каде Е споменат и Отецот, и во Јован, 8.14, каде се наведени „местата„ од каде Христос доаѓа и оди: а тоа се Небесата, т.е. духовниот Свет, во кој обитуваат Бог и ангелите. После вознесението, Христос Е оддесно на Отецот, што значи дека Он точно знаел при кого ќе отиде. А на Педестница, Христос Ги испрати Духот Свет, третиот Божји ипостас.
 
Стиховите, вака извадени од контекст, звучат контрадикторно, на прв поглед.
Прочитани со континуитет, збирно, со претходните и последователните, звучат „комплетно„,

Во првиот сих, Христос јасно укажува дека, доколку Он сведочи самостојно, како единка, не би имал причина да веруваме во Неговите зборови. Но, Он отсекогаш Е во светотроична заедница, со Отецот и Духот, така да другите ипостаси/личности, сведочат за вистиноста од Христовите зборови. Тоа е читлливо и во Јован, 5.30. каде Е споменат и Отецот, и во Јован, 8.14, каде се наведени „местата„ од каде Христос доаѓа и оди: а тоа се Небесата, т.е. духовниот Свет, во кој обитуваат Бог и ангелите. После вознесението, Христос Е оддесно на Отецот, што значи дека Он точно знаел при кого ќе отиде.
Заклучок?
која изјава на Исус е вистинита? Дали е вистинско сведоштво ако сам сведочи за себе или не е?
 
Прашањево ми наликува на она кое често го поставува еден од моите колеги на работа па вели: „...Дали ќе има плата и зашто ќе нема?„. :icon_lol:

Веќе одговорив: Христос секогаш бил, Е и ќе биде во неразделна заедница со Отецот и Духот. Христос секогаш (ќе) има поткрепа во она кое го говори и од Отецот и од Духот.

Сомнежот, дека Христово сведоштво е лажно, оти доаѓа од Него самиот, дојде од фарисеите (Јован, 8.13), од истите оние кои Христос редовно ги обезличуиваше.
 
Исус дава самиот себе контрадикторна изјава. На страна фарисеји садукеји римјани свештеници. Едноставен исказ
“Ако сведочам сам за себе тоа нема да е вистина“ потаму вели “Сведочам сам за себе и затоа е вистина“ Една со друга тие изјави се поништуваат. Се спротивставени. Не можат и двете да опстојуваат во реалниот свет полноправни. Една мора да се отфрли како неточна
Која?
 
Хмммм, одбери по својот кеиф и кажи ми зашто токму „таа„ си ја одбрал а не „другата„.

За мене, нема овде никаков проблем, со оглед на тоа кому Христос му се обраќа-на фарисеите, на оние кои имаа доверба само во самите себе и кои себе си се смета за безгрешни и ревносни исполнители на Стариот Завет.
 
Хмммм, одбери по својот кеиф и кажи ми зашто токму „таа„ си ја одбрал а не „другата„.
ќефлиско христијанство? одбери шо ти чини а за другото - лесно прајме...
Ок идемо даље

Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја, зошто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.
Дела 16: 6

Не знам шо толку пизма има Духот на Азијати али према ова Азијатите се ослободени од сите гревови пошто кај нив словото не е проповедано ( и ако е проповедано е проповедано против наредбата на Духот - то јест аутоматски е невалидно.) Значи сите нинџи, самураји, монголи, кинези... рает дерат убиваат колат и бесат и го отфрлаат Исуса пошто нив словото не им е по пропис проповедано
Имаат Хабеас Корпус

Ова не е одговор на моето прашање.

Јас му верувам на овој Исус:
Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско
Јован 5: 31

На овој Исус не му верувам:
Исус им одговори и рече: “Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам
Јован 8: 14
 
Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја, зошто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.
Дела 16: 6

Не знам шо толку пизма има Духот на Азијати али према ова Азијатите се ослободени од сите гревови пошто кај нив словото не е проповедано ( и ако е проповедано е проповедано против наредбата на Духот - то јест аутоматски е невалидно.) Значи сите нинџи, самураји, монголи, кинези... рает дерат убиваат колат и бесат и го отфрлаат Исуса пошто нив словото не им е по пропис проповедано
Имаат Хабеас Корпус

Тука се мисли на Мала Азија, полуоствровот (денешна Турција) а не на цела Азија, како континент. Ако Духот Свет нешто им забранил, тоа била забрана во даден момент, од одредена причина, а не постојана забрана. Имено, Св. Ап. Тома проповедал се‘ до Индија, што значи и Азија, како континент, не била заобиколена од проповед. Колку знам, дури и кај индијците постои Црква, која има Апостолско потекло од Тома.
--- надополнето: 17 април 2012 во 16:45 ---
Јас му верувам на овој Исус:
Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско
Јован 5: 31

На овој Исус не му верувам:
Исус им одговори и рече: “Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам
Јован 8: 14

Кој овде зборуваше за некакви кеифови?...:rolleyes:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom