BJJ - Brazilian jiu jitsu

  • Креатор на темата Креатор на темата Banana Man
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Благодарение на ултимејт фајтот денес бразилската џиу џица е многу популарна низ целиот свет.
Денес BJJ е дел од секое натпреварување во мешаните боречки натпревари како УФЦ или М1.
Стилот на оваа вештина е главно борбата на под.
Слушнал ли некој за оваа вештина, ја има ли некој тренирано?
 
Има ли во македонија некаде каде што може да се тренира вештинава?
 
Јас тренирам традиционално џиу-џитсу,во клубот Дан-Кју кај 11 Октомври основното.Ако не владееш друга борбена вештина,нема фазон да тренираш бразилско џиу-џитсу,ќе ти биде непрактично во реал ситуација.Имаш BJJ во Кисела Вода во близина кај Шампионче,не знам како се вика клубот.Еве ти мобилен од BJJ клубот па јави се и распрашај се-
70242288.
 
и тоа како е практично во реал. ако паднеш ти на земја и ако не знаеш да се ослободиш, џабе ти е и бокс и се...
тебе аце те тренира така?
 
Тренирам Jeet Kune Do во Карпош. JKD е скоро исто со ММА, само нема многу правила. Целта е да се одбраниш во било која ситуација. За борби доле највеќе го тренираме БЏЏ, но БЏЏ борба непочнува од доле. Добро е и за борба од стоечка позиција... за соборување, гушење итн.

Пред 2 години почна да функционира и посебна група за БЏЏ во клубот во К.Вода. Тренинзите се многу напорни, но максимално си ги полниш батериите со стекнатото знаење и потези. Во овој спорт не се дозволени удари, а во борбите победник е оној кој ке освои повеке поени или пак победи со гушење, виткање рака (армбар) или нога.

Пред една недела гостин ни беше големиот мајстор за боречки вештини, а особено за БЏЏ и Вале Тудо - Џорџ Переира. Човекот е како лексикон, нема што не знае. Држеше неколку приватни тренинзи и еден целодневен семинар. Ова негово доаѓање се должи на тоа што сме дел од неговата Roots школа и со големо задоволство би дошол и наредната година. За сега имаме доволно материјалл за повторување :)

Еве и неколку линкчиња за клубот, спортот и Џорџ Переира...
Линк нумеро уно
Линк нумеро дуе
Линк нумеро тре
 
и тоа како е практично во реал. ако паднеш ти на земја и ако не знаеш да се ослободиш, џабе ти е и бокс и се...
тебе аце те тренира така?
Да,Аце ме тренира.Поентата ми е дека ако не поседуваш друга техника комбинирана со БЈЈ,кој и те како е ефикасен на земја,во реална ситуација како мислиш да поминеш?Зар ќе го повикаш противникот на земја да се борите?Инаку да,на земја е многу ефикасна техника и брзо можеш да го неутрализираш противникот,дури и да е двојно поголем и посилен од тебе.
 
Во Скопје функционираат 2 клуба за бразилско џиу џицу:

Carlos Maia BJJ Macedonia (близу Млечен ресторан во Тафталиџе)
и
Roots Macedonia (во Кисела Вода кај Партениј Зографски)

Јас сум бил и на двете места. Клубовите имаат сосема различен пристап кон БЏЏ и сосема различни тренинзи, дури и тешко споредливи. Кој и да започнува со оваа вештина би му препорачал да ги ѕирне и двете места за да види што повеќе одговара на неговиот профил.

Пред да дознаам за овие клубови вежбав џиу џицу кај Аце. Ама не е тоа-тоа, најмалку ми се допадна.
 
Може малку поконкретно за разликите во тренингот ама онака постручно ме интересира ;).

Си тренирал џудо или директ на БЈЈ отиде?
 
Џудо сум тренирал прилично одамна, таму некаде околу 4-то, 5-то одделение. Мислам дека не се ни брои :)
Инаку...

Во Carlos Maia тренингот (скоро) секогаш е со иста структура. 10 минути загревање, 30-40 минути работа на само една техника и преостанатото време е спаринг. Еднаш-двапати месечно целиот тренинг е спаринг.
Тренингот трае саат и 30 минути, но салата е многу често отворена порано, па кој сака може да дојде да си вежба.

Во Roots тренингот е малку пошарен и варира од тренинг до тренинг. Загревањето е понекогаш пократко, понекогаш подолго. Се работат 3-4 техники на тренинг од различни позции. Спарингот некогаш е долг, некогаш краток. Често на крај се работат физички вежби.
Тренингот трае саат и 15 минути, скоро секогаш си завршува стриктно на време.

Информациите за Roots ми се од пред неколку месеци. Возможно е сега да има некои промени. Ако добро разбрав MashUP оди таму па може попрезицно да опише како е во моментот.
 
јас тренирам во Roots. Тренинзите се саат и 30 минути 3 пати во неделата. На почеток се загреваме 5-10 минути, па после вежбаме 5-6 техники за на земја или во стоечка позиција. останатото време е спаринг, околу 7 спаринзи по 5 минути секој. на крај може физички вежби на вратило,склекови.....многу напорно. има некој тренинзи каде се вежба повеќе технички дел, некој повеќе спаринг, некој повеќе физички вежби.
 
Ете Kaiser, троа подетален опис од Pece.

Како што реков: различен пристап кон БЏЏ и различни тренинзи. Мене ми се допаѓа и ми одговара едниот, на Pece му се допаѓа и одговара другиот. За секого по нешто.

Барем има избор :)

На некој нов секако би му препорачал да ги ѕирне двете места да види каде ќе се пронајде себе си.
 
Фала ви на двајцата за информациите, јас почнувам со џудо па ќе разменуваме искуства како ни оди тренингот ;).
 
Овој викенд во Загреб, Хрватска ќе се оддржи најголемото такмичење во бразилско џиу џицу во Југоисточна Европа.

Македонија ќе ја претставуваат 12 натпреварувачи:
- 7 од Carlos Maia BJJ
- 5 од Roots BJJ

Бар пола да се вратат со медали :)
 
Резултати од Croatian BJJ Open 2012:

- Carlos Maia BJJ, еден златен и два бронзени медала.
Ова е прво злато за Македонија во овој спорт, EVER.
http://www.facebook.com/graciebarramk

- Roots BJJ, еден сребрен и еден бронзен медал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom