Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

bungee

Jedi Master
Член од
2 декември 2005
Мислења
75
Поени од реакции
67
Изгледа ги знаеш дечките, дали беа случајно убиени или сепак биле следени некое време? Многу чудно делува ова.
Тоа прашање исто така треба да се постави. Ако се професионални убијци значи имале план, и точно знаеле кого да ликвидираат. Сигурно не шетале низ град со оружје до заби и да бараат „македонци“ да ги убијат. Значи точно ги знаеле жртвите и нивното движење(ако се професионалци), знаеле дека нема да има никого во близина, можеби постариот човек за жал се затекнал таму, и го извршиле убиството.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Гледате како се сплотени кога се работи за Македонците? Еве ви пример, директно тука, да не зборите многу после.
Овој му се заканува, човеков најкултурно објавува, другиве одма го подржуваат само затоа што е албанец.
А тука плачевте дека луѓето барале војна, што не е вистина, и теми затварате и се..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа прашање исто така треба да се постави. Ако се професионални убијци значи имале план, и точно знаеле кого да ликвидираат. Сигурно не шетале низ град со оружје до заби и да бараат „македонци“ да ги убијат. Значи точно ги знаеле жртвите и нивното движење(ако се професионалци), знаеле дека нема да има никого во близина, можеби постариот човек за жал се затекнал таму, и го извршиле убиството.
Ако веќе го планирале целиов чин значи не биле прв пат на местово, сигурно претходно се врткале и некој сигурно ги забележал.
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
52
Поени од реакции
50
во некоја по-нормална држава, прво нешто што ќе требаше да се разгледува е тоа кој од ваков настан најмногу би профитирал и зошто?
Ситуацијата каква што е, е трагедија, но е своевиден спин за - како што кажа погоре еден член отргнување или дефукусирање на вниманието на јавноста, а притоа исто така потпалување на меѓуетничките тензии, кои и така се на стаклени нозе.
За жал, Македонија е опколена од непријатели и можеме да погаѓаме до утре сабајле чиви биле (ако биле) платениците..едно ми е само мака ако се оствари, а тоа е дека убијците нема да ги најдат и народот ќе се крене на нозе, а со тоа и сценанариото на „спинерите“ е остварено
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Makedoncite ne site eden del pravat golema greska koja ako prodolzi vaka nema veke nazad
Како сме тргнале на одличен пат сме да ја оствариме целта. Многу од вас не ја доживеле 2001 па сега се силат на форум. Ако МВР изјави дека убијците се професионалци, тогаш тие не припаѓаат на ниту една нација, религија, раса. Да тргнеме се настрана и да размислуваме со ладни глави само протести и насилства не ни се потребни во овој момент. Ова се непријателски сценарија, сценарија кои ја враќаат Македонија кон минатото, ги влошуваат и онака разнианите меѓу етнички односи, ја туркаат кон потенцијален конфликт. Последиците ќе ги трпиме и на социјален и на економски план. Размислете убаво кон која насока сакате да се двжи ова општество, каква Македонија сакаме да имаме во иднина. Факт е ако не живееме заедно нема далеку да отидеме, ќе тапкаме во место, или уште полошо, ќе се уназадиме.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Јас мислам дека има 2 сценарија околу возилово(а и изгледа се само 2 :)) :

1. За да го спремат возилово за настанов,сигурно е потрошено време од 3 недели минимум(вклучувајќи го и планирањето на теренот),заклучно со денот на злосторството.

2. Професионалците кои извршуваат овакви вешто испланирани злосторства,изгледа имаат цела лепеза од увезени,склопени,крпени,со фалц таблици и сл. возила....и не би требало да имаат изгубено ниту еден ден во барање на возило.


Е сеа ќе биде заебано,дали ќе се тргне да се истражува според број 1....или според број 2.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Побарај му ја ИП адресата од админот на форумов и нека каже во полиција (ако има полиција за нив во државава? ) што мислел.

Батали ... ова не функционира кај нас.
Не е важно, муабетот ми беше зошто на ПП. Иначе не се осеќам загрозен.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Како сме тргнале на одличен пат сме да ја оствариме целта. Многу од вас не ја доживеле 2001 па сега се силат на форум. Ако МВР изјави дека убијците се професионалци, тогаш тие не припаѓаат на ниту една нација, религија, раса. Да тргнеме се настрана и да размислуваме со ладни глави само протести и насилства не ни се потребни во овој момент. Ова се непријателски сценарија, сценарија кои ја враќаат Македонија кон минатото, ги влошуваат и онака разнианите меѓу етнички односи, ја туркаат кон потенцијален конфликт. Последиците ќе ги трпиме и на социјален и на економски план. Размислете убаво кон која насока сакате да се двжи ова општество, каква Македонија сакаме да имаме во иднина. Факт е ако не живееме заедно нема далеку да отидеме, ќе тапкаме во место, или уште полошо, ќе се уназадиме.
Ај и ова веќе да се одговори, доста со тоа смирување и тој ваш разум. Спинерот или креаторот на кризата не му е јасно изгледа дека ваквиот дел од Македонскиот народ, нема да војува, по никоја цена, дури сметале дека подобро вака да ни ги убиваат децата, отколку војна да имало.. и цело време ги плашат со тој збор: војна, војна, војна, војна

НИКОЈ НЕ САКА ВОЈНА.
АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ЌЕ ЧЕКАМЕ СИТЕ ДА НЕ ИСПОУТЕПААТ, САМО ЗА ДА НЕМА ВОЈНА, НЕ СТЕ НОРМАЛНИ.

Креаторот на криза многу ќе се зезне, овој народ тука изгледа сака повеќе да трпи, отколку да се соочи со вистината. Требаше да проба да убие 5 грци во Атина, па да видиме после разум..
Или во било која држава, еве.. која ја сметате за „демократска„...Америка? Америка гази по цел свет и вака и така, не дај боже дома да им се случи нешто. Русија, видовме што прави..
Кина, да не спомнувам..Индија исто.
Тоа е светот.. на кого се угледуваме ние? Како треба да се однесуваме? Ајде, дајте пример како која држава
Затоа што никоја држава вака нема да остави да ни умираат деца по улици и само тоа педерското „смиреност, разум, смиреност, разум„
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Едно не ми е јасно, МВР потроши милиони на тие камери по цел град и уште набавуваат софтвер или незнам што, едноставно МВР се КАНТА НЕВИДЕНА, па и јас можам да бидам министер за внатрешни работи, само ќе излезам на камера и ќе кажам (Ако може некој да ни каже кои се убијците да ги фатиме ако за тоа даде дозвола ДУИ)
и уште ова, не сакам ни пари, ни економска благосостојба и инвестиции, ни разум, ни соживот, ни демократија, ни ЕУ, ни НАТО во замена за убивање на моите браќа Македонци и газење на Мајка Македонија!!!!!!!!!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Го кажав ова во некој мој претходен пост на оваа тема, а и потполно се слагам со ова мислење кое го најдов на фб за целава ситуација: „
Luge,dali go imate gledano dokumentarecot Zeitgeist, do sega se napraveni 4 filmovi vo koi se objasnuva amerikanskata kontrola vrz drzavite i nivnata taktika za destabilizacija! Ako ne ste go gledale mozete da go najdete na youtube,pred 4-5 god edvaj uspeav da go najdam a deneska e polesno..Edna od taktikite za destabilizacija e da se napravi haos, sistemot se vika "problem-reakcija- solucija (resenie)" i odi vaka : " Nevidliviot Dzin" saka da postigne odredena cel,konkretno da destabilizira edna drzava i za taa cel gi proucuva slabite tocki na taa drzava-konkretno, megjuetnickite tenzii. Istiot toj dzin znae deka ako javno ja iskaze svojata cel narodot ke se buni i se ke propadne taka da kroi plan- prvo go kreira problemot t.e. praka platenici da ubijat 5 mladi lica od makedonska nacionalnost i ete ti masakar. Spored planot ovoj provociran problem ke pottikne reakcija, t.e. megjuetnicki tenzii, ne treba da sme super intelegentni za da znaeme deka ako makedonec e ubien prv sto ke bide neoficijalno obvinet ke e albanec i obratno. I na kraj narodot sam bara solucija-resete go slucajot zosto ne mozeme poveke ( a po moe slucajov tesko deka ke se resi posto ubiecot e pameten i odavno izbegal ili si gi sokril tragite )..ete toa se ocekuva od ovoj brutalen cin i taa mu e edinstvenata cel-da se organiziraat makedoncite protiv albancite i obratno i togas so lesno srce site ke recat Makedonija i narodot sto zivee tamu ne treba se nezavisni i drugi ke si zemat za pravo da dojdat so tenkovi da ne naucat na sozivot..Vo sekoj slucaj od vakov cin treba sa se gleda koj dobiva najmnogu-toj e krivecot“
Е сега размислете кој може да е кривецот или кој најмногу добива од целава ситуација.

Во кратки црти, двајца се караат, третиот користи. Или раздели па владеј.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Еден член погоре имаше поента...

Ако некој од МВР го чита ова, а се' уште не им текнало да си ја пробаат среќата:
- Нема бензинска пумпа во Скопје која нема камери. Проверете добар дел од нив, кој знае, можеби не биле доволно професионални и ќе се појават некаде;
- Соработка со косовска полиција? Преглед и на нивните видео снимки во околина.
- Триангулација? Мобилните оператори може да извадат листа на телефони со IMEI/броеви кои биле закачени на базните станици во околина во периодот на убиството. Тоа може да вроди со плод...

Само се надевам дека ова со колава не е некоја диверзија...
Следењето на мобилната комуникација е едно од појаките орудија преку кои може да се откријат можните злосторници. Малку е веројатно при вакви „операции“ да не се користат средства за комуникација или во најмала рака да се чуваат при рака за недај боже. Да, малку е веројатно (безмалку нема шанси) и броевите кои биле активни да се регистрирани на вистинските сопственици, туку истите да се или претходно украдени или набавени без оставање на податоци за сопственикот.
Тука како негативна околност, треба да се земе во вид и намалената прецизност на триангулацијата, која, со оглед на тоа што е надвор од урбана средина, но сепак не верувам дека е поголема од 200-300 метри во тој реон.
Сепак, прецизноста е доволно голема за да се издвои листа на броеви кои во дадениот период биле во рамки на ќелиите кои ја покриваат дадената локација, таму се задржале, а потоа почнале да ги менуваат ќелиите. Бројката на СИМ-ови кои треба да се следат сигурно не е голема, па може „лесно“ да се воочи насоката на движење на сопствениците, дел да се елиминираат со брзи рутински проверки и разговори и да останат малку потенцијални кои се наоѓале во рацете на ѕверовите.
Без разлика што истите постои веројатност набрзо да се уништени или отфрлени, можат да се искористат како показател на движење, или доколку точно се лоцираат каде се уништени/фрлени да бидат дополнителен извор на информации за сопствениците (пред се отисоци).
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
ПА добро бе, автомобилот има уникатен број на шасија, уникатен број на мотор. Кога е внесено во државава е внесено сосе документи каде се наведени сите податоци, еднаш на царина, вторпат на машински факултет. Зарем толку им е тешко да прочешлаат низ документите и да го најдат човекот кој ја внел колата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom