Во што веруваат атеистите?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Најдобар начин за одбрана е нападот. Тапетарот кој го носи моето име ја одвлекува дискусијата во други насоки сакајќи да го избегне очигледното - вистината. Тапетару, темава е интелектуална борба меѓу атеистите и верниците, ти ја застапуваш верничката теорија па нашите реплики можеби не се однесуваат лично на тебе но на верничката маса која наметнува влијание и пропаганда. Имам другари кои се атеисти и верници и единствени кои се обиделе да ме одвлечат од моите негативни ставови за религијата биле верниците. Во времето кога бев верник, атеистите никогаш не ми рекоа „прекини да веруваш и дојди на наша страна“.
Значи ти ја знаеш едната и конечна вистина? Па дај, просветли не да не се заебааме. И акни и` еден копирајт, да се знае дека нема друга вистина освена таа, твојата.

Ми се свиѓа муабетов. За интелектуална борба, треба интелект. Сигурен си дека го имаш за дискусијава?

Јас не ја застапувам верничката теорија -- нема таква теорија, освен можеби во твојот свет.
--- надополнето: 16 април 2012 во 14:49 ---
Петар, не навлегувам дирекно во твојата дискусија со членот, а немам намера да го понижам твоето верување.
Само кажи ми, како, како да ги натерам луѓето да сфатат дека е важно да бидат среќни? Јас лично сум атеист и никого не терам да биде како мене ниту да ме охрабрува во изборот што сум го направила, мојот проблем со верниците е од друг аспект.

Тие кои јас ги познавам - се залагаат за ,,така вика Господ,, а не за личната среќа. Дури и кога тоа што Господ им го наложил, нив ги прави крајно несреќни, се плашат. Зар Господ не е љубов?

Ти живееш на другата страна на светот, доста ти се јасни проповедите на одредени друштва/организации кои практично го учат човекот - да не биде човек.
Пасивното верување никому не пречи - агресивното наметнување - пречи.

На дете од 13 години ако му кажеш дека ќе гори во пеколот ако направи тоа и тоа - детето ќе си го врзе во крпче.

Ти си како моите родители, као веруваат, ама поим реално немаат во што веруваат, а далеку се од ,вистински, верници. Си веруваат оти така им рекле како деца, башка верувањето им е изговор за се што ќе им кажеш. Пред некој ден се расправам со татко ми зошто не јадам месо, тој мене ми објаснува дека Господ ги дал животните за јадење. Колку и да го сакам како татко, тоа е глупост, и едноставно ја прекинав дискусијата.
Мацо, се знаеме. Немоеш никаков мој став да понижиш - моеш само да негираш. И тоа е во ред.

Болд бр 1 и 2: вриштат од контрадикција. И црвенко им стаив да не ги утнеш. :) А сеа озбилно. Мој став е дека никој не треба да се тера со сила на ништо. Никогаш.

Муабетите за Господ не ги праам на форум. Долги се и не се едноставни.

Агресивното наметнување на било што, како што веќе посочив, е сосема во спротивност на се` во кое што верувам и за кое се залагам.

Со татко ти ќе си ги решиш проблемите. Со мене немаш никакви.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Значи ти ја знаеш едната и конечна вистина? Па дај, просветли не да не се заебааме. И акни и` еден копирајт, да се знае дека нема друга вистина освена таа, твојата.

Ми се свиѓа муабетов. За интелектуална борба, треба интелект. Сигурен си дека го имаш за дискусијава?

Јас не ја застапувам верничката теорија -- нема таква теорија, освен можеби во твојот свет.
Повторно одвлекуваш во друга насока, изгледа не сфати што сакав да кажам. Можеби нема универзална вистина но пропагандата не е начин да се стаса до неа. Но религијата во никој случај не може да дојде до вистината поради немањето на научни поткрепи. Доколку некогаш се дојде до апсолутната вистина, тоа ќе биде преку науката, не религијата.
За последната реченица, потценувањето и самобендисаноста не се одлики на еден интелектуалец брате Петар.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Повторно одвлекуваш во друга насока, изгледа не сфати што сакав да кажам. Можеби нема универзална вистина но пропагандата не е начин да се стаса до неа. Но религијата во никој случај не може да дојде до вистината поради немањето на научни поткрепи. Доколку некогаш се дојде до апсолутната вистина, тоа ќе биде преку науката, не религијата.
За последната реченица, потценувањето и самобендисаноста не се одлики на еден интелектуалец брате Петар.
Така е. Апсолутната вистина е around the corner. Не ми држи лекции за наука, те молам. Немој да ми дрвиш за нешта со кои ни оддалеку немаш допирни точки и директно искуство.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Така е. Апсолутната вистина е around the corner. Не ми држи лекции за наука, те молам. Немој да ми дрвиш за нешта со кои ни оддалеку немаш допирни точки и директно искуство.
Се извинувам сезнајко. Ваша сезнаечка екселенцијо..
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Треба да се остават луѓето да веруваат во тоа што сакаат без ралика дали тоа е точно или не. А бидејки времето работи за нас у случајот ни треба само трпение.
И ако некој теист сака да го шири неговото верување како точно треба да му се дозволи тоа да го прави бидејки на тој начин самиот себе си ја одредува изолацијата. Тој може да каже вака или онака но кога слушателот ке се врати дома ке уклучи ТВ или ПЦ и ке види вест од типот се открило ова или она во универзумот претходните тврдења на теистот почнуваат да се приспитуваат и се зимаат за неточни.
Ова го викам бидејки само земи колку атеисти имало пред индустриската револуција а колку денес.
Не се согласувам со тебе, од причина што религиите се засноваат на догми, и се со тенденции да се наметнат врз целото човештво. Индоктринацијата е религискиот метод а не преиспитувањето.
Иако навидум секоја религија се расфрла со пораки за љубов и мир, под таа "површина" од мед и млеко, се крие нешто многу труло и опасно, посебно за младите умови, подложни на разни влијанија.
Пред некоја година имаше предлог во училиштата да се воведе веронаука како дел од образовниот систем. Замисли твоето дете да оди на еден таков час, и да слуша како му го проповедаат следново:

Матеј 10:37
Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене

Религиите се преполни со хомофобија, дискриминација кон жените и говор на омраза кон се што е поинакво од конкретната религија.
Ако секој има право да верува во било што, тогаш зошто да го забрануваме нацизмот? Нели секој има право да верува? И Хитлер во својата заблуда имал намера да направи подобар свет гледано од негова перспектива нели? Ако го прашаш него, тој само сакал да го направи човештвото посовршено.

--- надополнето: 16 април 2012 во 15:03 ---
потценувањето и самобендисаноста не се одлики на еден интелектуалец брате Петар.
Пробај да пропуштиш буква или запирка, па ќе видиш дали не се. ;)
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ти си како моите родители, као веруваат, ама поим реално немаат во што веруваат, а далеку се од ,вистински, верници. Си веруваат оти така им рекле како деца, башка верувањето им е изговор за се што ќе им кажеш. Пред некој ден се расправам со татко ми зошто не јадам месо, тој мене ми објаснува дека Господ ги дал животните за јадење. Колку и да го сакам како татко, тоа е глупост, и едноставно ја прекинав дискусијата.
Пума...јас сепак мислам дека нема потреба од вакви муабети. Реално, ти не го познаваш Петар и не можеш да знаеш зошто верува, дали има поим во што верува и дали е блиску или далеку од вистински верник. Не можеш да го сместиш во ист кош со некоја полуписмена баба што остава чорапи во црква за здравје и верува во еден куп религиозни суеверија, само затоа што така ја научиле на времето.
Со вакви етикети и генерализации стануваш иста како и оние верници кои ги сметаат атеистите за неморални и нечовечни само затоа што не веруваат во Бог.

Не сакам да заземам страна, ама сериозно мислам дека премногу го напнавте човекот. Ѕирнете му ги постовите - никаде не ја наметнуваше својата верзија на вистината како апсолутна и универзална, никаде не ги сместуваше атеистите во пеколот или на клада, никаде не трубеше дека моралот е привилегија само на верниците.
Јас мислам дека да беа сите верници толку либерални и толерантни, никој немаше да има проблем со религијата.

Проблем се оние другите верници - радикалните и
милитантните, кои тврдо инсистираат на својата вистина и кои се спремни да премлатат, па дури и да разнесат некој, само затоа што има поинакви ставови во однос на религијата. Критиките треба да се насочат кон нив, впрочем мислам дека и воглавно се насочени кон нив, барем од повеќето атеисти. Затоа, Петар, мислам дека ти воопшто и не треба да се пронаоѓаш во таквите критики.
 
Критиките не пречат, особено не на иституционализираната, корумпирана мафија која во име на религијата дере религиозни, добри луѓе. Реагирав на постови кои заговараат екстерминација на религија, религиозни луѓе и апсолутни вистини. Попатните провокации од телетабиси ги прескокнав.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А дај, за потребите на дискусијава утврди ги критериумите за пропаганда и посочи примери каде јас сум ја бранел таа пропаганда.
Религијата, ете конкретно христијанството, се базира на своја “програма“, пишани книги (свети за верниците) во која се даваат објаснувања, насоки, упатства.... со чие почитување верникот си го заснива својот поглед на живот и светот. Тоа е вид на пропаганда . Во тие свети книги имаме ненаучни, погрешни, нетолерантни, дискриминаторски и агресивни текстови. Имаме повици да се убиваат и унуиштуваат оние и онаа што е спротивно на таа вера, имаме повици за убивање и уништување на припадници на други вери, народи. Имаме омаловажување на категории на луѓе (хомосексуалци, неверници, прељубници, болни) Тоа слободно се дистрибуира продава и нуди на јавноста на деца, млади луѓе.

А оние мои неприатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене
Лука 19: 27

ова е само еден од бројните реченици во тоа учење кое директно повикува на убиства на други луѓе базирано на нивната слободна воља да веруваат или не. Овие зборови стојат 2000 години. Слободно можат да се кажат и сега,денес во 21 век исто како што може слободно да се каже да се каменуваат до смрт хомосексуалци, да се убијат прељубници, погрешно да се третираат болни и болести. Према библијата, жената е грешна, треба да се држи во покора и да не и се дозволува да подучува, слободно е насилно земање на жени на поразени неприатели, лепрата се лекува со крв од заклана птица, босилок и кедар, менталните болести се лекуваат со истерување на духови...
Верување во ова програма јавно се нуди, имаме на ТВ имаме обиди да се воведи во школи како задолжителен предмет, имаме места (цркви) каде таа книга и таа програма се чита и шири меѓу народот.
Тоа е пропаганда.

Можеш да одиш во затвор ако излезеш и повикаш да се истребат или истераат или убиваат припадници на некое малцинство во Македонија, но можеш слободно да му читаш на деца дека секој кој не сака Исус да му царува треба да се исечи. Хомосексуалноста е тргната од законот како престап и поради тоа не се оди во затвор, нопрема христијанската вера која слободно се пропагира, хомосексуалците треба да се каменуваат до смрт затоа што се “одвратни“
Пропаганда и тоа мрачна пропаганда.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пума...јас сепак мислам дека нема потреба од вакви муабети. Реално, ти не го познаваш Петар и не можеш да знаеш зошто верува, дали има поим во што верува и дали е блиску или далеку од вистински верник. Не можеш да го сместиш во ист кош со некоја полуписмена баба што остава чорапи во црква за здравје и верува во еден куп религиозни суеверија, само затоа што така ја научиле на времето.
Со вакви етикети и генерализации стануваш иста како и оние верници кои ги сметаат атеистите за неморални и нечовечни само затоа што не веруваат во Бог.

Не сакам да заземам страна, ама сериозно мислам дека премногу го напнавте човекот. Ѕирнете му ги постовите - никаде не ја наметнуваше својата верзија на вистината како апсолутна и универзална, никаде не ги сместуваше атеистите во пеколот или на клада, никаде не трубеше дека моралот е привилегија само на верниците.
Јас мислам дека да беа сите верници толку либерални и толерантни, никој немаше да има проблем со религијата.
Уф...за прв пат да не се согласам со тебе. :)
Полуписмената баба која остава чорапи, нема можност да влијае до стотици или илјадници млади луѓе, додека некој членови на форумов имаат и се обидуваат токму преку етикетирање и генерализирање, да удрат по личноста на соговорникот, кога неможат по аргументите. Или можеби мислиш дека навистина има телетабиси на кајгана? :)
Да беа сите верници толку "либерални" или "толерантни" секој што не е христијанин ќе беше прогласен за неписмен идиот, телетабис, сателит....и ред други "етикети" од широкиот асортиман интелектуално - морално - религиски вредности.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Религијата, ете конкретно христијанството, се базира на своја “програма“, пишани книги (свети за верниците) во која се даваат објаснувања, насоки, упатства.... со чие почитување верникот си го заснива својот поглед на живот и светот. Тоа е вид на пропаганда . Во тие свети книги имаме ненаучни, погрешни, нетолерантни, дискриминаторски и агресивни текстови. Имаме повици да се убиваат и унуиштуваат оние и онаа што е спротивно на таа вера, имаме повици за убивање и уништување на припадници на други вери, народи. Имаме омаловажување на категории на луѓе (хомосексуалци, неверници, прељубници, болни) Тоа слободно се дистрибуира продава и нуди на јавноста на деца, млади луѓе.

А оние мои неприатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене
Лука 19: 27

ова е само еден од бројните реченици во тоа учење кое директно повикува на убиства на други луѓе базирано на нивната слободна воља да веруваат или не. Овие зборови стојат 2000 години. Слободно можат да се кажат и сега,денес во 21 век исто како што може слободно да се каже да се каменуваат до смрт хомосексуалци, да се убијат прељубници, погрешно да се третираат болни и болести. Према библијата, жената е грешна, треба да се држи во покора и да не и се дозволува да подучува, слободно е насилно земање на жени на поразени неприатели, лепрата се лекува со крв од заклана птица, босилок и кедар, менталните болести се лекуваат со истерување на духови...
Верување во ова програма јавно се нуди, имаме на ТВ имаме обиди да се воведи во школи како задолжителен предмет, имаме места (цркви) каде таа книга и таа програма се чита и шири меѓу народот.
Тоа е пропаганда.

Можеш да одиш во затвор ако излезеш и повикаш да се истребат или истераат или убиваат припадници на некое малцинство во Македонија, но можеш слободно да му читаш на деца дека секој кој не сака Исус да му царува треба да се исечи. Хомосексуалноста е тргната од законот како престап и поради тоа не се оди во затвор, нопрема христијанската вера која слободно се пропагира, хомосексуалците треба да се каменуваат до смрт затоа што се “одвратни“
Пропаганда и тоа мрачна пропаганда.
Лет тројка...твоето разбирање на Библијата и твојата интерпретација ми е одамна јасна. И терај си брат.

Глеам нешо ги спомињаш хомосексуалците. Ти како слободоумен, толерантен чоек кој се бави со наука и кој се бори против затупувачка пропаганда, мајка им расплака на хомосексуалците на форумов. Јас, како затупен религиозен чоек, од друга страна, ги разбирам и се бунтувам и против нетолеранцијата кон нив. Пропаганда, Лет...мрачна.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Лет тројка...твоето разбирање на Библијата ова и твојата интерпретација ми е одамна јасна. И терај си брат.

Глеам нешо ги спомињаш хомосексуалците. Ти како слободоумен, толерантен чоек кој се бави со наука и кој се бори против затупувачка пропаганда, мајка им расплака на хомосексуалците на форумов. Јас, како затупен религиозен чоек, од друга страна, ги разбирам и се бунтувам и против нетолеранцијата кон нив. Пропаганда, Лет...мрачна.
Ти не си верник
Ти сакаш да бидеш верник на она стара добра финта “ова од мојата вера ќе го прифатам - ова не“ Како баба без заби ко ќе бирка круши па ги зема само помеките.
Нема такво нешто во очите на Бог.
“Ти ли Перо и покрај моја наредба за каменување до смрт на хомосексуалци си ги бранел“?
Ама дедо боже, тој твој дел мене не ми се бендисва.....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ти не си верник
Ти сакаш да бидеш верник на она стара добра финта “ова од мојата вера ќе го прифатам - ова не“ Како баба без заби ко ќе бирка круши па ги зема само помеките.
Нема такво нешто во очите на Бог.
“Ти ли Перо и покрај моја наредба за каменување до смрт на хомосексуалци си ги бранел“?
Ама дедо боже, тој твој дел мене не ми се бендисва.....
Знам бе, ти си тука да го интерпретираш Бог и Библијата. Ти си оптичката леќа во очите на Бог и ти се` знаеш и разбираш. Терај си дечко.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Знам бе, ти си тука да го интерпретирташ Бог и Библијата. Ти си оптичката леќа во очите на Бог и ти се` знаеш и разбираш. Терај си дечко.
хаха интерпретирање на библија?
тоа е спорт кој го измислиле верниците.
“Не значи тоа што е напишано туку нешто сосема друго“

А оние мои неприатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене
Лука 19: 27

јас овде не интрепертирам ништо. Како е кажано и напишано. Јасни додадов ни одзедов ни објаснувам и појаснувам
Па ајде вернику, исечи ги сите оние кои не го сакаат Исуса за цар. (или и ова не е то што пиши туку е нешто друго)
 
Убо, де. Ако тој спорт го измислиле верниците шо мајка бараш да облекуваш нивни дрес? Знам, курташачењето е голем лезет. Неам гајле, Лет. Терај. Нит пак имам намера да сечам глави.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Убо, де. Ако тој спорт го измислиле верниците шо мајка бараш да облекуваш нивни дрес? Знам, курташачењето е голем лезет. Неам гајле, Лет. Терај. Нит пак имам намера да сечам глави.
Верата се нуди јавно. Присутна е и вомојот дом, му се нуди и на моите деца, ја има по телевизии, весници.... не е ова ко што велеше Исус Секој дома во затворена соба да си се моли. Се печати се нуди се пропагира, на собири на радио на ТВ по весници, сака и во школо да ја протнат. Значи ова не е курашење како што си нарекуваш, курташење е кога Исус вели дека молитвата е за секој посебна приватна интимна и дека секој треба да се моли сам тивко дома а одеднаш имаме преноси на ТВ на масовни собирачи на припадници на вера кои заговараат убиства на оние кои не гио сакаат Исус за цар
Да нема верници кои агресуивно ја нудат својата вера , нема да има ни оние кои таа вера ќе ја критизираат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom