- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Значи ти ја знаеш едната и конечна вистина? Па дај, просветли не да не се заебааме. И акни и` еден копирајт, да се знае дека нема друга вистина освена таа, твојата.Најдобар начин за одбрана е нападот. Тапетарот кој го носи моето име ја одвлекува дискусијата во други насоки сакајќи да го избегне очигледното - вистината. Тапетару, темава е интелектуална борба меѓу атеистите и верниците, ти ја застапуваш верничката теорија па нашите реплики можеби не се однесуваат лично на тебе но на верничката маса која наметнува влијание и пропаганда. Имам другари кои се атеисти и верници и единствени кои се обиделе да ме одвлечат од моите негативни ставови за религијата биле верниците. Во времето кога бев верник, атеистите никогаш не ми рекоа „прекини да веруваш и дојди на наша страна“.
Ми се свиѓа муабетов. За интелектуална борба, треба интелект. Сигурен си дека го имаш за дискусијава?
Јас не ја застапувам верничката теорија -- нема таква теорија, освен можеби во твојот свет.
--- надополнето: 16 април 2012 во 14:49 ---
Мацо, се знаеме. Немоеш никаков мој став да понижиш - моеш само да негираш. И тоа е во ред.Петар, не навлегувам дирекно во твојата дискусија со членот, а немам намера да го понижам твоето верување.
Само кажи ми, како, како да ги натерам луѓето да сфатат дека е важно да бидат среќни? Јас лично сум атеист и никого не терам да биде како мене ниту да ме охрабрува во изборот што сум го направила, мојот проблем со верниците е од друг аспект.
Тие кои јас ги познавам - се залагаат за ,,така вика Господ,, а не за личната среќа. Дури и кога тоа што Господ им го наложил, нив ги прави крајно несреќни, се плашат. Зар Господ не е љубов?
Ти живееш на другата страна на светот, доста ти се јасни проповедите на одредени друштва/организации кои практично го учат човекот - да не биде човек.
Пасивното верување никому не пречи - агресивното наметнување - пречи.
На дете од 13 години ако му кажеш дека ќе гори во пеколот ако направи тоа и тоа - детето ќе си го врзе во крпче.
Ти си како моите родители, као веруваат, ама поим реално немаат во што веруваат, а далеку се од ,вистински, верници. Си веруваат оти така им рекле како деца, башка верувањето им е изговор за се што ќе им кажеш. Пред некој ден се расправам со татко ми зошто не јадам месо, тој мене ми објаснува дека Господ ги дал животните за јадење. Колку и да го сакам како татко, тоа е глупост, и едноставно ја прекинав дискусијата.
Болд бр 1 и 2: вриштат од контрадикција. И црвенко им стаив да не ги утнеш. А сеа озбилно. Мој став е дека никој не треба да се тера со сила на ништо. Никогаш.
Муабетите за Господ не ги праам на форум. Долги се и не се едноставни.
Агресивното наметнување на било што, како што веќе посочив, е сосема во спротивност на се` во кое што верувам и за кое се залагам.
Со татко ти ќе си ги решиш проблемите. Со мене немаш никакви.