Во што веруваат атеистите?

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ајде јас одам со наука ајде ако ти држи шо бегаш
Според сите легитимни научни извори, земјата е стара околу 4.6 милијарда години.
Со развојот на технологијата и истражувањата се ‘штима‘ оваа бројка, но се штима за неколку милиони години, ти да стигнеш од 4.6 милијарди до 6000 е невозможно.

Патем, на форумов за дупли акаунт се казнува со перманентен бан, така да ако имаш сомневања дека некој користи дупли акаунти, немој да ‘клеветиш‘ напразно, туку пријави го членот, модераторите имаат начини како да откријат дали некој член е дупли или не.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Чекај од што зависи даали ќе си атеист, а интелигенцијата . Поглупо нешто не сум слушнал. Се надевам не си сериозен.
Читаш, ама не ти се дочитува.
Мнозинството религиозни се понеинтелегентни од мнозинството атеисти.
Тоа не значи дека ако споредиш атеиста и религиозен, атеистава ќе испадни попаметен. Само поголема е веројатноста за тоа.
Едукацијата игра голема улога во тоа.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
само според теорија ? тоа за тебе е веродостојно. Друже вака имам една коска дома од пред милион години мислев да ја продадам.Твојота цивилизација не може да и се одреди староста.Сееверува дека е толку стара. Слушна се верува
Не знаеш што е теорија, нели?
--- надополнето: 15 април 2012 во 18:12 ---
Обидот на религиозен човек да му објасниш што е тоа циркуларна логика, и дека тоа не е валиден начин за аргументирање, е комплетно залуден. Како беше анегдотата:

А) Мојот свештеник е многу свет човек, секоја вечер разговара со Бог.

Б) А од каде знаеш дека не те лаже?

А) Па како може да лаже човек кој секоја вечер разговара со Бог?

И оди ти после разбери се....
Само параконзистента логика делува во умот на религиозен човек. Само во нивниот свет контрадикциите се сосем реални и плаузибилни.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Само параконзистента логика делува во умот на религиозен човек. Само во нивниот свет контрадикциите се сосем реални и плаузибилни.

Сега, откако ти ја постави конечната невролошка дијагноза, прашањето е како да се елиминира религијата и религиозните? Еден слободољубив форумџија (кој често ламентира за масовни уништувања предизвикани од милитантни режими) употреби еколошка метафора во справувањето со религијата: да се исуши мочуриштето за да се уништат малариските комарци. За жал, истиот тој член не отиде подалеку од метафората, па не понуди конкретен акционен план за ерадикација на религијата – тоа зло кое го помрачува логичкото мислење и го кочи напредокот на човештвото. Што мислиш ти, како начитан и умен човек, дали би завршила работа една масовна лоботомија или пак се потребни порадикални мерки, како на пример принудна стерилизација на сите религиозни? Јас мислам дека и двата метода можат да кикснат, па да преживее некој религиозен паралогичар. Дали би било упатно да се направи селективна достапност на кислородот, со која религиозните би биле лишени од истиот и конечно екстерминирани како рецидиви на човештвото кои џабе го трошат споменатиот ресурс. Очигледно, секуларизмот и едукацијата не даваат посакувани резултати. Кое чаре да се бара?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Сега, откако ти ја постави конечната дијагноза за чумата која сéуште го коси човештвото, прашањето е како да се елиминира религијата и религиозните? Еден слободољубив форумџија (кој често ламентира за масовни уништувања предизвикани од милитантни режими) употреби еколошка метафора во справувањето со религијата: да се исуши мочуриштето за да се уништат малариските комарци. За жал, истиот тој член не отиде подалеку од метафората, па не понуди конкретен акционен план за ерадикација на религијата – тоа зло кое го помрачува логичкото мислење и го кочи напредокот на човештвото. Што мислиш ти, како начитан и умен човек, дали би завршила работа една масовна лоботомија или пак се потребни порадикални мерки, како на пример принудна стерилизација на сите религиозни? Јас мислам дека и двата метода можат да кикснат, па да преживее некој религиозен паралогичар. Дали би било упатно да се направи селективна достапност на кислородот, со која религиозните би биле лишени од истиот и конечно екстерминирани како рецидиви на човештвото кои џабе го трошат споменатиот ресурс. Очигледно, секуларизмот и едукацијата не даваат посакувани резултати. Кое чаре да се бара?
Едукацијата затоа што е неправилна. Секуларизмот затоа што е непостоечки.
Но кажи ми, освен човек кој има совладано доволно материјал од човечка генетика кој друг би можел аргументативно да го дебанкира митот за девица-родилка?
Кој друг, освен човек со барем основни познавања во електромагнетизам и неврологија би се справил со некој квази научник кој проповеда телепатија и телекинеза?
Таквите варварски методи за религиозен геноцид не се ништо поразлични од обидите на католичката црква во Темното Доба. Примитивни се и апропо изразито неупотребливи.
Според ова погоре, потребна е правилна едукација и креирање на метод на размислување кај популацијата на основа на скептицизам, наспроти моменталната лековерност.
Како би го поддржал ова тврдење само ќе напоменам дека луѓето прво ги формираат своите верувања (дали основата за тоа е емоционална, семејна религија или нешто друго е небитно) а дури потоа ги резонираат и рационализираат истите.
Всушност, сосем очекувано е интелигентните верници да си ги бранат ставовите подобро од просечните.
 
Го бранам своето право да бидам религиозен без никому да наметнувам ништо. Правото на практикување на религија. Правото на постоење. Малку сум подолго на форумот и сум одговорил на некои од твоите прашања и нема потреба да се повторувам. Секуларизмот и едукацијата не се твоја/ваша приватна своина. Активно учествувам и се залагам за хуманистички секуларизам кој толерира религија. Инаку, како паралогичар, директно сум учествувал и претпоставувам, за твоја огромна жал, се`уште учествувам во едукацијата на генерации студенти.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Очигледно, секуларизмот и едукацијата не даваат посакувани резултати. Кое чаре да се бара?
Чекај малку, дај им шанса, малку време помина.... пристапот до информации, благодарение на технологијата ќе си го направи своето. :)
Не можеш наеднаш да смениш нешто што го труело човекот со милениуми.

Го бранам своето право да бидам религиозен без никому да наметнувам ништо.
Пробај ова објасни им го на теистите на форумов...
И оттука доаѓа жестоката реакција на атеистите. Ако никој не пишува религиски пропаганди, атеистите ќе си седат мирни.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Чекај малку, дај им шанса, малку време помина.... пристапот до информации, благодарение на технологијата ќе си го направи своето. :)
Не можеш наеднаш да смениш нешто што го труело човекот со милениуми.
Така е. Јас само прашав за поефикасен метод поради вашето трпение и толерантноста кон религискиот светоглед.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Така е. Јас само прашав за поефикасен метод поради вашето трпение и толерантноста кон религискиот светоглед.
Пишав погоре, се додека има религиска пропаганда, трпението е тоа.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Чекај малку, дај им шанса, малку време помина.... пристапот до информации, благодарение на технологијата ќе си го направи своето. :)
Не можеш наеднаш да смениш нешто што го труело човекот со милениуми.

Пробај ова објасни им го на теистите на форумов...
И оттука доаѓа жестоката реакција на атеистите. Ако никој не пишува религиски пропаганди, атеистите ќе си седат мирни.
Не ми се допаѓаат генерализации. Има неколку теисти на форумов, кои ти можеби не ги забележуваш, а кои многу смирено дискутираат. А за пропаганди, спинувања и тракатанци, да не почињаме. Ги има толку многу на сите страни.
--- надополнето: 16 април 2012 во 12:54 ---
Пишав погоре, се додека има религиска пропаганда, трпението е тоа.
Пропагандата е лизгава работа. Исто како што се и надмени атеистички бладања кои имаат малку допирни точки со наука, и уште помалку со толеранција. А ти терај си, јас имам трпение за такви како тебе и за многу дабетар.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Пропагандата е лизгава работа. Исто како што се и надмени атеистички бладања кои имаат малку допирни точки со наука, и уште помалку со толеранција. А ти терај си, јас имам трпение за такви како тебе и за многу дабетар.
Сам пиша дека го браниш правото секој да верува во што сака без притоа некому да наметнува нешто.
Се додека шират лаги теистите, ќе има нетолеранција од страна на атеистите.
Впрочем, тоа е најдобриот одговор. Ако некој верува во нешто, слободно нека верува, но не да го шири истото на другите.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Сам пиша дека го браниш правото секој да верува во што сака без притоа некому да наметнува нешто.
Се додека шират лаги теистите, ќе има нетолеранција од страна на атеистите.
Впрочем, тоа е најдобриот одговор. Ако некој верува во нешто, слободно нека верува, но не да го шири истото на другите.
Не си ми јасен. Ако религијата е очебиен рецидив, компилација од глупи прикаски и тандара-мандара обичаи и ритуали, шо толку се потресе? Каде ја гледаш заканата кон твојот супериорен светоглед кој, како што и самиот тврдиш, неумоливо галопира кон конечен триумф? Го разбирам твојот милитантнен однос кон религијата но не го разбирам поривот да го ускратиш основното право на слободно мислење и експресија.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Не си ми јасен. Ако религијата е очебиен рецидив, компилација од глупи прикаски и тандара-мандара обичаи и ритуали, шо толку се потресе? Каде ја гледаш заканата кон твојот супериорен светоглед кој, како што и самиот тврдиш, неумоливо галопира кон конечен триумф? Го разбирам твојот милитантнен однос кон религијата но не го разбирам поривот да го ускратиш основното право на слободно мислење и експресија.
Па кој сака да го ускрати правото на слободно мислење и изразување? Иако ова второво е малку проблематично, но заради тоа е одговорот на атеистите.
Ти рече дека никој нема право да му наметнува мислење на друг. Тогаш што се буниш кога некој жестоко реагира на лаги?

Инаку, се потресив заради тоа што религијата го забранува токму тоа што ти го кажуваш - слободното мислење и изразување.
Примери историски има многу. Има и денес, кај исламот. Појди ти во Техеран или Ријад на плоштад, и изрази го своето мислење во врска со религиите слободно... па види како ќе си поминиш ако не си муслиман.
 
Она што за тебе е лага, за некого е реалност. Тоа што тебе таа реалност ти е глупа, безмислена, иритирачка, лажна, си е твоја перцепција и твое право. Но, неможеш истото да го ускратуваш некому прогласувајќи го за пропаганда. А муабетите за Ријад и Техеран ти се ептен депласирани -- ќе ги упатиш на друга адреса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom