- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 12.012
- Поени од реакции
- 18.830
Која црна геостратешка политика, кои црни странски агентури? Се изначитав се и сешто, проработела вертикалата север - југ (Србија - Грција), ова било нивно масло. Мотивот на Србите им бил да ги прикажат Албанците како дивјаци кои креираат терор каде и да стапнат (иако рака на срце Србите ја искористија оваа ситуација за за да си ја докажат својата поента во врска со Албанците, што не значи дека се креатори на таа ситуација), а целта на Грците би им била да ја прикажат Македонија како нестабилна земја пред самитот во Чикаго. И ако е така зошто жртвите би биле деца да речеме, а не припадници на безбедносните сили? Така пораката би била многу посилна. Зошто не би се појавиле веднаш снимки од вооружени терористи на АНА - ОВК за да вистински се креира паника кај населението и се подгреат тензиите, а со тоа да се привлече и вниманието на западниот свет? Се слагам дека убиството е планирано, особено во изборот на жртвите. Биле редовни посетители на езерото, што значи познати им биле и делувале на лесен плен кој нема да им прави многу проблеми. Што се однесува на протестот, да, може да се случат некои инциденти пред Влада, Парламент или било каде што тој ќе се одржува, па и тепачки кои сепак ќе бидат контролирани од полицијата, ама дека Македонците цивили самоиницијативно ќе земат пушка во рака и ќе се впуштат во војна е најдобриот виц некогаш кажан.Прв болд. Поим немаме. И тоа ни е најголемиот проблем. Читајте малку геостратешка политика мајке му, мислите дека проблемов е етнички конфликт? Бог знае што е, ова се многу поголеми игри од мене, македонци и албанци. Ама на маса народ ќе му сервираш бес и бол и не размислува со главата. Свесен ли си ти колку добро е испланирано сето ова? Нели некако предобро се вклопуваат коцкиве. Злосторство пред Велигден, таман за неколку дена народ да зоврие и да се крене на нозе. А сторителот пази НЕПОЗНАТ! Ни мотив, ни ништо. Чукнете си ја главата дека нечии структури играчки си играат на овој терен, кој се гледа дека е ранлив до немајкаде. А утре тек, ако протестите бидат масовни, е тек тогаш може да дознаете на дело како се иницираат конфликти во светот без да бидете свесни за тоа. Доволно е во таа гужва да ви се бутне одредена личност икс и да направи зелена, која работите ќе ги однесе по ѓаволите. Ќе дознаеме ние што била намерата, ама многу доцна и се надевам пред да настане општ хаос.
Искрено не ми е јасно зошто утре ќе се одржуваат протести. Истрагата се води и засега МВР си ја работи работата. Јас не гледам индикации дека случајот ќе се забошоти, нема основ за такво нешто, преголем е притисокот од јавноста. За Мартин пробаа да забошотат, се кренавме на нозе и имаше резултат. Овде немате ама баш никаков основ за протест засега. Утре кога новинари ќе ги прашаат луѓето кои ќе одат на протест зошто се таму, тек тогаш ќе се чешате. Пола нема да имаат ни поим зошто се таму.
Втор болд. Не лупај глупости. Србите ќе доаѓале овде на протест да се одмаздувале за Косово. Аман од лупање зелени. Они својот двор дома не си го решиле, овде ќе се решаваат. Не се секирај, си имаат агенда која види како пријателски е сервирана. Ви го пишав тоа уште во почетокот, ама не читате, лупате во празно.
Во суштина гледам дека немате поим во што се плеткате, а баш такви луѓе се потребни за остварување туѓи агенди. Неверојатно ми е дури фантомот икс колку лесно ви всади во глава сценарио.