Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

I

Ilindenka

Гостин
Точно е дека масакрот не го направиле целиот албански етникум. Точно е дека за масакрот треба да одговараат пред законот единствено убијците . Но точно и дека, колку тебе не ти одговара или не, пошто се плашиш дека ќе ти се нарушела безбедноста, дека ако не сега, безбедноста ќе биде нарушена на твоите деца после 20 години или на твоите внуци после 40-50 години. Затоа јас не сакам да живеам во мултиетничка населба со Албанци, а живеев порано.
И што ќе направиш? Ќе се иселиш? Ќе ги истребиш? На Бајрам ќе им влезеш со калашников? Што ќе направиш?
Не ве разбирам. На мене да ми се нарушела безбедноста? Па нели за тоа ги презирате? За нарушување на безбедноста? Па значи и ти се плашиш од тоа.
Уствари што дебатирам бе, кога не сте свесни дека треба да ги испоубиете сите за да кога одиш од Охрид до Скопје не поминеш низ ниедно Албанско село. Е па извинете што не сакам да бидам дел од таков геноцид. И извинете што за вас по сите ваши националистички коментари немам ништо повисоко мислење од оние што го извршиле убиството.
Ми се гади од овој национализам

п.с. Пред некој да ме омажи со Албанец, да ме обвини дека ги бранам или да ме обвини за тоа што не сум пишувала за тоа кога они пукале ваков национализам по убиствата во Гостивар да го кажам ова - За нивниот национализам не ми е гајле, се срамам од гнасниот национализам на својот народ.

Чувај не Господе.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Македонци, не одете на протести, зошто да протестирате?????????? Па ние сме културни луѓе, а не како Албанците да протестираме. Вие што сакате да протестирате, вие ќе направите војна во Македонија! Мораме да истрпиме, мораме да ги истрпиме сите насилства, убиства врз нашите другари, пријатели, браќа, сестри, мајки, мораме да издржиме до крај...........................................................................+
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
За што е уствари протестот? против кого протестираат?
Против насилството врз Македонците и да се поттикнат институциите да не прават попусти за криминалци од одредена етничка заедница, веќе самите почнавме да мислиме дека одредена етничка заедница е недопирлива и може да прави што сака, епа не смее тоа веќе да проаѓа. Сите ќе одговараат.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не сакаме сите исти работи, тогаш, затоа го пишувам ова, да не зборуваш во име на сите, нели..
Јас сакам правдина. По СЕКОЈА ЦЕНА.
Ако треба, ќе одберам правдина пред мир.
По секоја цена, meaning без разлика уште колку животи треба да се загубат?
Лошо е тоа. Затоа вакви случки иаме уште.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
За нивниот национализам не ми е гајле, се срамам од гнасниот национализам на својот народ.
Чувај не Господе.
Со вакви размислувања, сите богови не те спасуваат.
Кој гнасен национализам го имаме ние? Дали ти знаеш што е национализам? Не е убаво да се употребуваат зборови ради ред..
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Против насилството врз Македонците и да се поттикнат институциите да не прават попусти за криминалци од одредена етничка заедница, веќе самите почнавме да мислиме дека одредена етничка заедница е недопирлива и може да прави што сака, епа не смее тоа веќе да проаѓа. Сите ќе одговараат.
Потпис....ептен втор ред сме бе.....едни протестираат кршат никој ништо....вчера ЕБР апси наши што протестираат.....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Дека МВР не е правосуден орган за да пресуди поради што е извршено одредено дело, тоа е должност на судот. Судот одлучува дали тој случај бил самоодбрана или не, а МВР-то во тој случај си ги испружи нозете повеќе од што им е долг ќилимот, односно се измеша во туѓи ингеренции. Тоа е непростлива грешка.
Дали убиените биле физички малтретирани пред да бидат убиени е токму должност на МВР, а уште повеќе на Судска Медицина. Затоа за ова ним им верувам.

Те заебав поштено :)))))
МВР сега е ОК и не лаже, али пред месец дена направи неопростлива грешка и се измеша во туѓи ингеренции....
А дали вистината на МВР беше на нивоу во случајот со Мартин Нешковски...

Не си ме заебал, него ме заебаваш.

Ако си ме заебал нема да го рекламираш у фуснота тоа, затоа што ваљда е очигледно и секој кој ќе го прочита постот ќе сфати дека си ме заебал.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
По секоја цена, meaning без разлика уште колку животи треба да се загубат?
Лошо е тоа. Затоа вакви случки иаме уште.
Ништо од ова не е убаво. Но, што е тука е, тоа е вистината.
А нема да се кријам од нејзе затоа што не е убава.
По секоја цена, мислам дека доволно си образован да знаеш што значи: СЕКОЈА ЦЕНА. А за твојот став, премногу грешиш, не дај боже да дадеш жртва од твојата фамилија, нема вака да зборуваш..
Епа сега земи пресметај колку жртви дадовме.
Разликата е што ние се браниме, тие напаѓаат. Македонија до сега не објавила војна.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Потпис....ептен втор ред сме бе.....едни протестираат кршат никој ништо....вчера ЕБР апси наши што протестираат.....
Последниве 11 години е така.
 
P

Princ

Гостин
А дали вистината на МВР беше на нивоу во случајот со Мартин Нешковски...
Пак не. Ги мешаш работите. Значи ако си искрен и размислуваш трезвено, ќе сватиш дека МВР не може и не смее да одлучи дали одредено дело било извршено во самоодбрана. Тоа е силен речник, речник што само и исклучиво на судот му се дозволува да го користи по сите правила и норми.
Од друга страна пак, да каже дали на телата на убиените е извршено физичко насилство пред да бидат убиени е токму работа на МВР, поточно Судска Медицина, патолозите. Тука нема потреба судот да реагира, тука оние што ја извршиле обдукцијата го имаат последниот збор.
Ти викам, мешаш работи и си ги местиш коцките онака како што ти би сакал да бидат наместени.
Не си ме заебал, него ме заебаваш.

Ако си ме заебал нема да го рекламираш у фуснота тоа, затоа што ваљда е очигледно и секој кој ќе го прочита постот ќе сфати дека си ме заебал.
Го ставив во фуснота дека Трендо пред десетина години пиша нешто што стана моја животна девиза. Цитатот одеше вака: За говнари - говнарска цевка.[/quote]
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ништо од ова не е убаво. Но, што е тука е, тоа е вистината.
А нема да се кријам од нејзе затоа што не е убава.
По секоја цена, мислам дека доволно си образован да знаеш што значи: СЕКОЈА ЦЕНА. А за твојот став, премногу грешиш, не дај боже да дадеш жртва од твојата фамилија, нема вака да зборуваш..
Епа сега земи пресметај колку жртви дадовме.
Разликата е што ние се браниме, тие напаѓаат. Македонија до сега не објавила војна.
Затоа што не сакам јас да изгубам а не сакам ниту некој друг да изгуби некој од фамилија, редно е да се престане со освета, а наместо тоа да се казнат САМО ВИНОВНИЦИТЕ.
Јас сум за да се најдат и казнат, ама не за да станеме како македонци против албанци и да се потепаме на улици, плоштади, шуми и останати локации низ земјава.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
На прва парола “Смрт за Албанци“ и “Доле Влада“ јас си заминувам од протестот, дополнително разочаран! Се надевам дека до тоа нема да дојде...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom