Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

P

Princ

Гостин
Не е ова малце понижувачки, сеа ние да донираме пари како божем кажав и еднаш им изгорела куќата па ајде да помогнеме... Ако е веќе до парите, државата нека им даде по 5 000 евра како што им дадоа и на семејствата на двата убиени албанци! Е тоа е веќе нешто друго...
1. Не си принуден и не е понижувачки. И да умреш е трошок.
2. Државата не им даде ништо на семејствата на двајцата убиени албанци. Општината им даде. Општината има свој буџет, кој го полни од свои општински приходи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Не барав логика, беше чиста претпотавка. И каква врска има тоа со ова? Викам дека е глупаво поддржување на идеја која е контрапродуктивна на истрагата затоа што се трга внимание/ресурси од таму каде што треба да биде. И се прави услуга на кој и да го направил ова, да му се даде „дупка“ да побегне, затоа што повеќе ќе се потроши енергија/внимание на убедување на напалени дечишта да не се испокољат со албанците, него ли на истрагата.
Луѓето се огорчени, никој официјален не вика да не се собираат. А не ни сака да земе одговорност за собирот, а се пуштаат миротворци кои иритираат уште повеќе и ја радикализираат ситуацијата уште повеќе. И јас не сум за протест(пошто мислам дека може да излезе од контрола), ама што повеќе се збори протестот, макар и во негативен контекст, повеќе ќе биде масовен.
 
?

..........

Гостин
Револтот треба да биде насочен кон МВР, тоа е министерство одговорно за безбедноста и владеење на правото во државата, гневот не треба да се насочува кон одредена етничка група и генерално истата да се прати во логор...
Народот сака безбедна и сигурна држава која очигледно овие не можат да ја овозможат и револтот е против нив а не против некој етникум. Очигледно некој сака да се мисли поинаку. Баш сега треба сите да сме заедно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Говорот на Трајковски од 46:30 и особено завршната реченица
А јас верувам, тие денеска што најмногу викаат, тие ако сега бидат повикани ќе бегаат веднаш во своите домови.
Одлична поента, што сеуште важи. :cuc:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Нели нешто паметно побарав да напишеш. Е мајката, не сме се разбрале.:)
Туку, ти глеј си го твојот живот, наместо да се мачиш да го реализираш мојов. А за соживотот... кој како си ја наредил и како се потрудил. Јас со факти зборам, не на памет. Кај мене имало, има и секогаш ќе има соживот. Не дека не познавам и не гледам насилници и гадови секој ден, но тоа се луѓе од двете или трите страни, како сакаш. Тие од сите се критикувани и се третираат само како насилници или проблематични луѓе, а не како каури или Албанци. Живеам во мешана средина од кога знам за себе и никогаш не ми паднало на памет да ги мразам моите сограѓани и другари/ки од другите вери и националности поради било какви проблеми. Тоа не значи дека игнорираме се` што се случува. Напротив, разговараме постојано и се трудиме да не се случуваат истите работи со нас, затоа што некој така ни посакува. За проблемите секогаш исто се нервираме, за трагичните настани исто жалиме, а за веселите работи исто се радуваме. И тоа е некаква помош општо гледано, но верувам дека ти не би можел да го сфатиш тоа. Поради таквата ситуација кај нас, јас не се плашам да си одам дома во 4 сабајле сама и да поминам низ темна уличка. Всушност се плашам да, но само од наркомани и духови:pos:
Добро шо се зазборивме вака, па се сетив да спакувам вапцани јајца да поделам утре, на тие кои за секој Бајрам обавезно ми носат баклавче убаво мх, мх, мх:vozbud:
Дивајн во право си,соживот имало и ќе има,но со постарите албанци,т.е со староседелците.
Тие знаат што значи соживот во вистинска смисла на зборот.
Имам староседелци албанци на моја улица и верувајте ми многу убаво живееме,дури и го поддржуваат протестот што ќе биде утре и сакаат да присуствуваат на истиот.
Додека за тие што дојдоа од Косово кога почнаа да ги чистат Србите,е за нив не можам да кажам ништо добро.
Во голем број ги има во Кондово,Сарај и тие села натаму,доаѓаат во Ѓорче само да провоцираат и бараат тепачки со нас македонците,а некогаш дури и со староседелците албанци.
Ама затоа и секогаш го јадат ќотекот.
Тие се само да им дадеш пушка и да одат да војуваат,макар било и со духови,важно да се “работи“ нешто.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Логика на напалени “патриотски“ дечиња од Кајгана кои не размислуваат на последици: Ај да одиме на протест и да протестираме за нешто што ионака е во тек (истрага за која е СОСЕМА НОРМАЛНО да бара многу време и непуштање на информации во јавност), и наместо да оставиме полиција да си врши работа и што повеќе полицајци да се на терен, ај малце да им скратиме ресурси па еден дел од тие да мора да дремат пред влада/собрание/центар за да не пазат.

Што ќе добиете со протестот? Магично ќе се убрза истрагата ради вас? Ќе пуштат осетливи информации во јавност за да се лупате у груди и да речете „ете, јас истото го реков на Кајгана“? Ништо. Само ќе го направите токму тоа што му одговара на кој и да го направил ова: помалку полицајци/внимание кај што треба, поголеми можности сторителите да се скријат/побегнат, ако досега не го направиле тоа. Не ми се верува колку сте глупави. Уствари, после сите прочитани постови, ми се верува.
Ај ја да те прашам ти шо ќе добиеш ако не протестираш?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.479
1. Не си принуден и не е понижувачки. И да умреш е трошок.
2. Државата не им даде ништо на семејствата на двајцата убиени албанци. Општината им даде. Општината има свој буџет, кој го полни од свои општински приходи.
ОК тогаш по пример на таа добронамерна општина и нашава нека им даде на овие семејства!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Зошто ми е избришан постот за тоа дека треба семејствата на убиените македонци да се третираат потполно исто како и семејствата на убиените албанци во Гостивар??? Или да им се даде и нив по 5 000 е како што им беше дадено и на тие семејства тогаш!?
Зошто истото го пиша 3 поста погоре. Ок е, те сфативме.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
61
значи во право бев кога ги поврзав викањето од кола во радишани дека ке има крвопролевање и тоа дека децата се баш од радишани и дека голема е можноста да се од љубоен или пак танушевци и околните села :)
Voziloto sto e najdeno vo Ljuboten spored lokalnite ziteli , predizvikalo golem revolt. Vecerva e blokiran patot za Ljuboten a policijata edvaj spasila eden Albanec zitel na ljuboten koj se obiduval da odi nakaj Skopje. Negovoto vozilo e iskrseno.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Инаку се слушаат муабети дека во Вторник, Радишанци ќе се соберат во Моша Пијаде и ќе се пресметуваат со Албанци, ова е само муабет, само незнам колку е точно ама се ми се чини дека е чаршиски муабет. Едно од убиените деца учеше во Моша.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Време е грујо ако има муда да го седни амети и да му кажи два три збора да си ги среди нинџите малце.Ова не се трпи веќе
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.924
Поени од реакции
44.982
А бе оваа за нас пишува?
Удобно легнати во топлите фотељи, папочно поврзани со својот монитор, „тастатура – револуционерите“ истураат отровни стрели кон Албанците без никакви материјални докази. За жал, сето тоа премиерот Никола Груевски го гледаше три дена во молк, се до денеска кога изрази сочувство до семејствата, но не даде никакви насоки за спречување на ескалација на тензиите.
Да биде пострашно, нашите „тастатура – револуционери“ си земаат за право да користат една крајно манипулативна алатка креирана во диктаторските режими: Имено, тие зборуваат од името на целиот македонски народ! Ја користат конструкцијата „македонскиот народ вака...“, „македонскиот народ онака...“. Небаре нам ни требаат портпароли за да го изразиме сопствениот став.

Тие „тастатура – револуционери“ ги стопија копчињата штракајќи на нив шпекулации, обвинувајќи ги медиумите за сокривање на вистината затоа што овој пат медиумите решија да го положат тестот на професионалноста без да изнесуваат непроверени податоци. Тие „тастатура – револуционери“ во името на целата македонска јавност повикуваат на насилство, на линч на меѓуетничка база и на немири. При тоа немаат никакви факти, никакви докази, туку само ја манифестираат некритичноста на својот ум и си ги газат дипломите, магистратурите и докторатите.

Еден „тастатура револуционер“ е „спремен да гине за својата Македонија“, но спремноста му ја снемува кога ќе го зезне конекцијата и кога ќе му снема интернет како „муниција“. Тој само потпалува, а ги обвинува останатите зашто не можат да постигнат да ги изгаснат неговите жарчиња.

Тој одбива да сфати дека тормозењето што секојдневно овде го прават ѕверови, рекетари, убијци, насилници – не познава етничка припадност. Дека дури и да се докаже дека сторителите се Албанци, тоа нема никогаш да им ги врати на семејствата загубените луѓе, со кои биле роднини, пријатели, браќа, сестри, братучеди, соседи...

http://www.plusinfo.mk/mislenje/495/Tastatura--revolucioneri
Па до некаде Е во право, тастатура патриотизмот е една од најгнасните работи кои функционираат на интернетот, колку пати сме биле сведоци на оваа појава знаеш ? 10000 кликнати на going на некој рандом протест, реалноста вели 200, така беше и со Кале, и со Нешковски и со ред други протести каде навистина требаше излезеноста да е голема, да не речам огромна бидејќи во нормални земји тоа под дифолт се подразбира.
Ама ние сме питом народ, интернетот е слика и прилика, седиш дома, куцаш на тастатура, скриен си зад ник и ти можеш буквално да бидеш Се што во реалноста не си, а една од тие работи е и оваа, патриотизмот или што ти ја знам на крај краева, мене најмногу ме иритираат оние кои повикуваат на војна али врв на све беше неколку дечки кога се согласија за размена на територии ... :pos:
Дај бе, олабавено малку.

Ја кога влагам на темава очекувам да најдам некое здраво инфо, поткрепено со факти, не рекла казала муабети, претпоставки и ред други работи кои наеднаш гледам потоа ги цитира и некој портал колку да се залепат читатели.

300 страни се испишани а се на се да собереш од корисните работи кои ги содржи целава тема, дал 2 страни ќе се фатат.

Наместо да се направеа иницијативи по нетов за ден на жалост во целава земја, за помош на семејствата и слично, упорно се трола еден ист фантазерски муабет за војни за курци за палци, абе седнете 5 мин со човек што учествувал во воениот конфликт у 2001, никад нема ни да помислите на уште едно такво сценарио, поготово што после истото ќе ве шиканираат ко тотално небитна особа, ќе ве баталат ко куче скитник, нит ќе ги интересира што немате пари за леб, нит ќе ги интересира што сте психички осакатен или дали сеуште во вашите тела имате остатоци од куршуми и сте инвалидизиран до крај на животот, умреа деновите кога вредеше да се даде живот за државата, погледете денес околу вас на што сме, сетете се на она што се случуваше во 2001 и како заврши тој конфликт и поставете си го прашањето дали вредеа сите оние загубени животи, осакатени лица, деца оставени без татковци, фамилии завиени у црнила кои денес тонат во заборав ... за што ? За ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom