Значи и со ова видео се потврдува дека поголема сличност има со Српскиот начин на масакар кој го паметиме. Значи начинот во таа крвава војна беше со редење како сардини и пукање од близу.
Извини што така ќе се изразам, но ова е тешка глупост... "Само Србите така убивале, со редење на жртвите..." Опасни се овие Србите, мајку му. И оригинални, и никој не може така да реди. Ни Хитлеровите ССовци пред 70 години, ни на никој друг не му текнала таа толку "сложена" техника на убивање.
Без иронија: Секој народ има психопатски убијци кои убиваат луѓе на тој начин, така што тоа не кажува за етничката припадност ама баш ништо.
Ова видео за смртта на српските деца потсетува на она во Тетово со почетокот на војната 2001 со детето кое беше испукано во движење додека си играше кошарка. Пукаат и бегаат како пички, кој жив, кој усмртен.
Си ги помешала годините. Ванчо Јосифовски беше убиен 2002 и нема никаква врска со војната во 2001, бидејќи таа почна и заврши година и пол пред тоа.
Потсети се на Вејце, значи прво убиваат па се изживуваат врз телата. Тоа им е стилот.
Би забележал дека сегашниов масакр не е сличен на тој во Вејце. Во Вејце, беше нападната патрола на полицајци и војници, кои терористите ги сметаа за легитимна цел. А во Радишани беа убиени цивили. Ова е нешто досега невидено во Македонија и не може да се споредува со војната во 2001.